Помош за избор на лаптоп

  • Креатор на темата Креатор на темата Jане
  • Време на започнување Време на започнување
Овој не е ни натаму ни наваму.
За гејминг нема графичка, за програмирање треба да земеш минимум уште една плочка од 8гб рам, за стендалоун пример за цртачи (градежници што работат 2д, машинисти, електраши во CAD софтвери ем има мал монитор ем пак фали рам, па и графичка).

ASUS -от е уба лесна машина, за да ја шеташ кај сакаш.

Само мене ми треба тоа Lenovo -то :)
 
ASUS -от е уба лесна машина, за да ја шеташ кај сакаш.

Само мене ми треба тоа Lenovo -то :)
Секому према намената :)
Малку чкља пазар сме, уште нудат лаптопи со рам колку мобилниот :) иако реално дури и за обичен корисник што користи само: офис, аутлок и броусер е малку 4гб рам, 8 мислам дека треба да го стават некој минимум.
 
https://www.neptun.mk/pocetna/categ...eri/ACER-A515-43-R013-R5-3500U-16GB-512GB-SSD

ако може некој да сподели искуство со овој тип на процесори.

Ако не го купи тој лаптоп еве сега еден со супер процесор.

Или ако сакаш сам да си приклаваш рам, уште појак
 
Чекајте 11та генерација на Интел, беше најавена вчера, многу големи перформанси спрема Рајзен 4000.
 
Чекајте 11та генерација на Интел, беше најавена вчера, многу големи перформанси спрема Рајзен 4000.

Чекај до кога, најрано што ќе ги видиме е декември. А друго прашање е колку од овие тестови направени од Интел се точни. Интел последно бајги манипулира со тестовите.
 
Мислење за Dell Inspirion 15-3593.
I-5,8GB ram,Nvidia mx230 2gb,265gb ssd
Сакам да го земам поклон за брат ми.Дали е добар за игри?
 
Добар е или има и подобар избор за париве во Neptun?
Кога нема избор ќе мораш да земеш тоа што има и ќе викаш амин :D

Мене не ми се допаѓа што едната меморија е залемена 4гб и може да ставиш уште една плочка само, т.е едната 4ка да ја смениш со 8ца.
Друго нема етернет порт, така да ќе треба да си земеш или докинг или поскап рутер за стабилно вифи.
[/URL]
 
Еве нешто добро.

Ми цркна матичната на старото Lenovo, по сила на законот морам да барам нов лаптоп.
Го меркам ова, но дали се наоѓа нешто подобро или приближно добро за иста или пониска цена?
 
Дечки ај ве молам некој предлог за лаптоп до 40000 денари, два дена гледам и искрено некако како да не можам да пронајдам нешто асално до таа сума. Лаптопот ќе го користам програмирање, и можеби некогаш ретко за некоја игра дококу дозволува конфигурацијата.
 
Ако не е дојден нож до коска почекај барем уште 2-3 месеци.
Јас се одлучив да му дадам малку душа со ссд и екстра рам на постар десктоп пц и ќе чекам барем уште 3 месеци за лаптоп. Цените им се напумпани упм, истиот лаптоп што крај на Август го зедовме дома за 22 000 на блек фрајдеј беше 28 000 со попуст, така да за 40 000 ќе земеш нешто што има реална вредност не повеќе од 35 000.
 
А и богами многу модели нема што ги имаше претходно.

Дечки ај ве молам некој предлог за лаптоп до 40000 денари, два дена гледам и искрено некако како да не можам да пронајдам нешто асално до таа сума. Лаптопот ќе го користам програмирање, и можеби некогаш ретко за некоја игра дококу дозволува конфигурацијата.

Хаос е сега друже оти многу испокупија за онлајн настава, плус и искочија нова серија графички на Nvidia, нова серија процесори и графички на AMD, па и тие кога се пуштија во производство, првата тура неможеа доволно да произведат и се испроаде за брзо, а и башка заради коронава им е намален работниот капацитет.

Ако не си за брзање почекај 2 - 3 месеци, да се оправи малце ситуацијава.

Од кога се деси ова со коронава и со онлајн часовите, они наместо да намалат цени, ги зголемија. Али тоа е, Македонија...
 
Дечки ај ве молам некој предлог за лаптоп до 40000 денари, два дена гледам и искрено некако како да не можам да пронајдам нешто асално до таа сума. Лаптопот ќе го користам програмирање, и можеби некогаш ретко за некоја игра дококу дозволува конфигурацијата.

Ако не си купил сеуште, еве ти лаптоп што ќе ти брка работа за програмирање.
 
Ако не си купил сеуште, еве ти лаптоп што ќе ти брка работа за програмирање.
[/QUO

Acer A515 и 315 се живо ѓубре, мизерија квалитет. Го имав постариот модел. Лаптоп со толку лоша изработка не сум имал до сега.
Во тек на гаранција ми се расипа еден усб порт, па морав да ги користам тие од позади, тач падот беше хаос, држеше на 2 пипци кои како да биле направени да те зафркаваат.
Се клатеше цел.

При отварање за промена на термална паста, се оправи некако усб-то, но цел лаптоп се испокрши.
Дефинитивно Acer веќе не би купил никогаш.
Вистина беше со карактеристики супер, ама бадијала, кога изработката му беше отпад (n)

Huawei matebook d14 и маcbook air се врвни во изработка со квалитет светлосни години понапред.
Или некој Lenovo, Dell.
Аcer па уште и овој модел никако.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom