Помош за избор на лаптоп

  • Креатор на темата Креатор на темата Jане
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, можe ли помош со конфигурацијата на лаптоп, што ќе биде нaмeнт за програмирање некаде до 25.000den, може да биде нов a може да биде нaстаро ако има некој што ќе понуди
Еве нешто од ХП......
Првава конфигурација е со 8ма генерација на Интел i5....сосема ОК, ти фали уште Storage (пр. екстерен диск)

Вториот ти е 10та генерација на Интел i5.....совет кога би го купувал да побараш да ти стават уште една плочка РАМ (да биде 2x4GB), ССД-то ти е 256GB ќе се снајдеш со ектерен диск за Storage

+

Или нешто добро а поефтино од Леново АМД Ryzen 5 3500U процесорче

Сите имаат FullHD anti-glare дисплеј....набројаниве конфигурации ти се за работа....не за гејминг....ги има на залиха.

Лично јас не можам да програмирам на лаптоп.....ептен ако нешто е зорт па тогаш, за работа користам исклучиво десктоп.

ПС Има други интересни лаптопчиња но ги нема на лагер......кажа дека ти е итно....
Прашај евентуално овој дали ќе го добијат....топ е за парите
 
Последно уредено:
Дали некој може да ми каже дали следниов зенбук е добар со р7 3700 во однос на перформанси бидејќи има огромен избор на зенбук со интел па можда сепак може да се најдел подобар "дил" со интел.

И дали воопшто некој користел зенбук да каже како е задоволен, вака ги имам видено во живо убаво изгледа овој од 14 инчи, мал, компактен би требало и добри перформанси да има со рајзенот сепак нека каже некој дали е добар дил за овие пари и дали има подобар предлог, најважно е да биде мал, лесен и компактен и солидни перформанси за работа на не многу захтевни програми.
 
Дали е добар во однос на цена/перформанси?
- НЕ
Ако сакаш фенси лаптопче....купи си Apple....јаболчето свети од позади :D lol so cute
 
Еве нешто од ХП......
Првава конфигурација е со 8ма генерација на Интел i5....сосема ОК, ти фали уште Storage (пр. екстерен диск)

Вториот ти е 10та генерација на Интел i5.....совет кога би го купувал да побараш да ти стават уште една плочка РАМ (да биде 2x4GB), ССД-то ти е 256GB ќе се снајдеш со ектерен диск за Storage

+

Или нешто добро а поефтино од Леново АМД Ryzen 5 3500U процесорче

Сите имаат FullHD anti-glare дисплеј....набројаниве конфигурации ти се за работа....не за гејминг....ги има на залиха.

Лично јас не можам да програмирам на лаптоп.....ептен ако нешто е зорт па тогаш, за работа користам исклучиво десктоп.

ПС Има други интересни лаптопчиња но ги нема на лагер......кажа дека ти е итно....
Прашај евентуално овој дали ќе го добијат....топ е за парите
Екстерни монитори :D

Јас користам 2 опции, за во канцеларија имам 2 екстерни монитори од по 24инчи + докинг стејшн, а кога си одам дома го врзувам преку хдми на мониторот од десктопот, инаку ќе оќориш на мало мониторче цел ден :D
 
Ми треба препорака за солидно лаптопче, работам графички/веб дизајн така да ми треба за работа, али да можам и да играм по некоја игра а да не крашнува. Макс цена до 40000 денари.

Придај пари да му наместат уште 8гб рам.
 
Направив некоја листа на лаптоп па би ми било добредојдено и ваше мислење околу конфигурациите за лаптоп која би била најдобра.

Дали е добар во однос на цена/перформанси?
- НЕ
Ако сакаш фенси лаптопче....купи си Apple....јаболчето свети од позади :D lol so cute

Од кога мал, лесен и компактен = фенси? Значи исклучително ми треба макс 14 инчи од Х причини. Да има пристојни перформанси е важно, знам дека малку полоши перформанси/цена имаат помаливе ама ете имам таква потреба моментално. Позз.
 
Направив некоја листа на лаптоп па би ми било добредојдено и ваше мислење околу конфигурациите за лаптоп која би била најдобра.

16gb си се 16gb, и за програмирање тоа е многу битно, земај го овај. Морам да се оградам само од фактот што немам користено Acer досега, па не знам каков квалитет се.

Еве и тест, па види дали ти е по кеиф.
 
А Процесорот според тебе како е, оти има и доста негативни коментари за тој тип процесор
 
Види, во моментов програмирам на Asus ROG лаптоп со 7700HQ. Во 2017 кога го купив беше врв на понудата на процесори за лаптопи. Овај 3500U е побрз oд него.

Немаш претстава колку е битно 16гб рам и брз SSD. Процесоров е тамн. На review-то што ти го пратив мене само екранот може да ме нервира.
 
https://www.neptun.mk/categories/pr...13-3--i7-8565U-16GB-512GB-SSD-MX250-2GB-WIN10

Мислење дали вреди овај за 1000 евра и дали е подобра опција од MacBook Air?
Абе ако бараш на изглед оди во дуќан и гледај ги еден до друг што ќе ти се бендиса.

За што планираш да го користиш? A тоа дали се исплати е веќе релативно гледање на работите и што од перформансите тебе ти е најбитно: графичка, процесор, меморија, хард диск, квалитет на екран, квалитет на изработка, дизајн, тастатура, број и тип на портови и тн.
 
За човек што работи research е, значи најчесто отвара ворд, ексел, пауер поинт, пдф документи и пребарување на интернет. Треба да биде компактен за да може да работи на многу разни локации и ќе треба да го пренесува многу во текот на денот. Да има пристојна батерија 5-6 часа во денот со нормална работа што ја спомнав погоре, и да може да служи барем 5-6 години.
 
Епа ако ти е за вакви работи тогаш немаш големи системски побарувања, барај лаптоп со акцент на батеријата и да ти се допадне на изглед и ергономијата на тастатурата. Дури и со и3 процесор, ссд и 8гб рам нема да имаш никакви проблеми при работа во мајкрософт офис.
 
За човек што работи research е, значи најчесто отвара ворд, ексел, пауер поинт, пдф документи и пребарување на интернет. Треба да биде компактен за да може да работи на многу разни локации и ќе треба да го пренесува многу во текот на денот. Да има пристојна батерија 5-6 часа во денот со нормална работа што ја спомнав погоре, и да може да служи барем 5-6 години.
Јас за таа работа нема да го земам тој лаптоп, туку најверојатно некој ваков:

Или овај ќе му брка добра работа
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom