Помош за и јас да верувам во Господ

  • Креатор на темата Креатор на темата Mogliyow
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 февруари 2009
Мислења
18
Поени од реакции
1
Македонев сум, христијанин... Сум бил и на веронаука. Идам во црква онака само радиреда на велигден да се кршам со јајца не од што верувам во господ. Ајде ако можете дајте ми некакви интересни податоци за да ми помогнете да почнам да верувам и јас
Благодарам:wink:
 
Ако пишуваново ти е сериозно, сметај дека патиштата Господови се многу-многу чудни...Не постои некој универзален рецепт за тоа како да се поверува во Бога.

Но, искуствата посочуваат неколку проверени методи:
1. Дружење со луѓе кои веќе поверувале и кои се навлезени во верата.
2. Читање на Светото Писмо, како збор Божји, кој ретко кого го остава рамнодушен, освен оние кои се студени по срце...Читањето на Писмото обично е последица од интерестот кој се пројавува заради дружењето со оние кои се веќе верници.

Но, најбитно е да почнеш да Го бараш Севишниот и Он ќе те најде...Он од секој поединец очекува намера, акција, па тогаш и Он се обраќа кон таквите поединци и тогаш се случува средбата меѓу човекот и Бога, во умот и во срцето човеково...

„...Барајте и ќе најдете...„, вели Христос.
 
Дискутабилно како Бог не го решава главниот проблем: смртта, злото, и тн
а помага по малце на оние кои веруваат
зошто да не направи како семоќен
да нема веќе смрт, зло се што денес има на светов
ама он не помага во главното
него помалку само на верници
тоа може да е автосугестија
второ, мноу битно, се постоењето на повеќето вери
кои бог ги допушта
Бог премногу допушта како да не е семоќен?
 
ццц не знам што да кажам можеби изгледам како идиот со детски памет, но зашто верувате во господ сеуште?? Порано луѓето верувале во многу богови така? кога изгревало сонцето тие му се поклонувале мислејки дека се богови мислејки дека е надприродна сила. што направил господ за вас? увото му пораснало повторно на тој човекот? Поише би верувал во Cris Angel од колку во него. Кажувате молитви пред јадење ЗАШТО?! неам време сеа друг пат ке продолжам :wink:
 
Ај продолижи, живо ме „занима„ тојата световна мудрост...

И што значи тоа зборчето „сеуште„? Зарем би требало да прекинам да верувам?
 
Mogliyow, не те разбирам баш, прво бараш помош за да веруваш во Господ (и ова е малтене бесмислено, никој не може да ти „помогне“ да веруваш, ако ти самиот не веруваш и не сакаш да веруваш), а после тоа ги исмеваш верниците. Биди појасен, те молам.
 
Ednostavno otvori go srceto i primi go Hrista a toj ke te vodi po patot Bozji....
 
Македонев сум, христијанин... Сум бил и на веронаука. Идам во црква онака само радиреда на велигден да се кршам со јајца не од што верувам во господ. Ајде ако можете дајте ми некакви интересни податоци за да ми помогнете да почнам да верувам и јас
Благодарам:wink:
Читај ја БИБЛИЈАТА оди по нејзините патишта,имај страв од БОГА т.с почитувај го неговиот збор//библијата,оди во црква, сакај го непријателот како сам себеси.Дај го твоето срце на ИСУС и се останото што пишува во БИБЛИЈАТА и ке имаш вечен живот//Ке бидеш во рајот вечно со БОГ!!
Ако ти треба уште помош,отворена е вратата.
 
Прочитај ја Библијата, оти таа не е ништо друго освен обична приказна и книга од која можеш да научиш многу добри работи, ако и посветиш доволно внимание.
Страв немај од Бог, туку од човек.
Не го сакај само непријателот... сакај ги СИТЕ.
Дека ќе одиш во црква и нема некоја посебна придобивка и како би му го предал на Исус срцето...? Единствено, треба да бидеш одлучен самиот да правиш добри дела, никого да не повредиш, навредиш, никому да не му наштетиш... помогни им на сите што бараат помош, на старите, болните, изнемоштените, блиските...... и нема да ти треба никаква религија.
И со сето ова нема да имаш вечен живот, нити било каков рај после смртта... Може само животот да ти го направи подобар и лично да ти прави задоволство, оти овој е животот, еден и единствен, неговата цел е да правиш добри дела и по добро да те паметат после смртта, оти после неа... ништо нема (ashes to ashes, dust to dust).
 
Mogliyow, не те разбирам баш, прво бараш помош за да веруваш во Господ (и ова е малтене бесмислено, никој не може да ти „помогне“ да веруваш, ако ти самиот не веруваш и не сакаш да веруваш), а после тоа ги исмеваш верниците. Биди појасен, те молам.

Па со темава, иронично ни се обраќа на нас , верниците.
 
Прочитај ја Библијата, оти таа не е ништо друго освен обична приказна и книга од која можеш да научиш многу добри работи, ако и посветиш доволно внимание.
Страв немај од Бог, туку од човек.
Не го сакај само непријателот... сакај ги СИТЕ.
Дека ќе одиш во црква и нема некоја посебна придобивка и како би му го предал на Исус срцето...? Единствено, треба да бидеш одлучен самиот да правиш добри дела, никого да не повредиш, навредиш, никому да не му наштетиш... помогни им на сите што бараат помош, на старите, болните, изнемоштените, блиските...... и нема да ти треба никаква религија.
И со сето ова нема да имаш вечен живот, нити било каков рај после смртта... Може само животот да ти го направи подобар и лично да ти прави задоволство, оти овој е животот, еден и единствен, неговата цел е да правиш добри дела и по добро да те паметат после смртта, оти после неа... ништо нема (ashes to ashes, dust to dust).

браво

ова е веќе ДЕФИНИЦИЈА И ТОА СЕОПФАТНА ЗА ЦЕЛА БИБЛИЈА

па и библијата има таква порака

ти немора да живееш у некакви психиози или за награди вечен живот

биди си ти и вака позитивна личност БЕЗ мотивации за награди од оној свет

па така и да е вистина тоа што го пишува во библијата ...........

ти го исполнуваш главниот услов :

Евангелие по Јован 20 - ред29 Исус му рече: „Поверува, зашто Ме виде. Блажени се кои не виделе, а поверувале.”

Елимелах= Бог е Човек -Личност - Људина - Човештина - Хуманост

Човештината не може да ти ја дадат ниту догми ниту ритуали или песнички или молитви

или ја имаш или ја немаш !

.. Може само животот да ти го направи подобар и лично да ти прави задоволство,

ова најмногу

за ова збори Новиот Завет

ако ти прави лично задоволство ...........ТИ ИМАШ ЉУБОВ ВО СЕБЕ
 
Македонев сум, христијанин... Сум бил и на веронаука. Идам во црква онака само радиреда на велигден да се кршам со јајца не од што верувам во господ. Ајде ако можете дајте ми некакви интересни податоци за да ми помогнете да почнам да верувам и јас
Благодарам:wink:
Зошто мислиш дека некој ќе те упати да веруваш во она што сам не можеш да го достигнеш... Ако сам не веруваш во нешто тешко дека некој ќе те убеди да поверуваш, дури и тогаш истото би било насилно и бесцелно.

Ај да те уверам дека вратата е црна иако е бела... ќе веруваш?
 
Македонев сум, христијанин... Сум бил и на веронаука. Идам во црква онака само радиреда на велигден да се кршам со јајца не од што верувам во господ. Ајде ако можете дајте ми некакви интересни податоци за да ми помогнете да почнам да верувам и јас
Благодарам:wink:

Тоа што си Македонец нема никаква врска!
Тоа што идеш на веронаука исто така.
Тоа што се кршиш со јајца е исто како да играш со џамлии пред зграда у тревник.

Податоци нема зошто некој да ти дава.

А по останатите твои постови изгледа дека се ти е џабе. Ама не се секирај. има место и за таквите ко тебе.

ска проблем. :smir:
 
Ќе кажев нешто сеа ама ај не е за во темава..ти сам ако не веруваш никој неможе да те натера,исто како што неможам да те натерам да навиваш за Интер,да ја сакаш музиката што јас ја сакам. Секој е своја личност и се води по својата свест. Е сеа некој ја има поише некој помалце
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom