Дечки ај малце помош... имам екстерен хард диск.. празен... и сакам него да го направам инсталацион хард диск ИСТОВРЕМЕНО и за Win7 и за Win8...
Значи да можам да го брцнам хард дискот у компјутер, да го изберам у биос, и да имам избор дали да инсталирам ОД него Win7 или Win8...
Пробав милион начини и ништо не функционира... има некој идеја?
ПС. за да не кажувате веќе пробани работи, ќе ви кажам што пробав:
1. Со third-party софтвер (оносно со 3-4 такви софтвери), аутоматски си ги бираш двете .iso фајлчиња и ти го прави (НЕ работи)
2.Направив 3 партиции на хдд-то една за Win7 една за Win8 и една што ми е за користење (тие за Win7 и Win8 ги правев и FAT32 и NTFS) ги направив bootable и се си е ок, ама си го бирам хдд-то у биос и најверојатно не ги познава и си продужува на следниот boot option.
3. Со официјалната апликација од windows секој од тие 2 партиции ги средив и пак нејќе...
мора да може, само незнам како... имав порано двд со WinXP, WinME, Win98 и Win95 така да чим можело со нив мора да може и со овие....
фала ви однапред!
РЕШЕНО!!!
Во следните неколку чекори се наоѓа решението на проблемот: (
линк од оригиналниот туторијал)
1. За потребите на овој зафат потребен е програмот EasyBCD (новата верзија не работи, следете го
линкот за верзија 2.0.2).
2. Во Disk Management (десен клик на My Computer --> Manage --> Disk Management) најдете го хард-дискот и направете онолку партиции, колку што ќе имате верзии на Windows. (доколку имате потреба од некои екстра алатки, направете си и уште една додатна партиција за нив).
3. Копирајте ги сите фајлови од оригиналните инсталациони цд-ња / двд-ња во соодветните горенаправени партиции.
4. По инсталација на EasyBCD
2.0.2 стартувајте го програмот и во алатките од лево кликнете на Bootloader setup. Потоа во опаѓачкото мени од десно најдете ја вашата партиција (доколку имате додатна партиција за екстра алатки, селектирајте ја таа, во спротивно, било која новосоздадена партиција ќе заврши работа) и кликнете Install BCD.
5. По успешното инсталирање ќе се отвори ново прозорче на кое треба да кликнете „YES“.
6. Сега во алатките од лево кликнете на Add New Entry.
7. Во долната половина на прозорот, треба да е селектиран табот WinPE. Во полето type треба да пишува
WIM Image (Ramdisk).
8. Во полето name внесете го името на оперативниот систем кој ќе биде инсталиран.
9. Десно од полето path има икона која треба да се кликне (browse), па по отварањето на новиот прозорец влезете во првата партиција, и во фолдерот sources селектирајте го фајлот
boot.wim. По селектирањето кликнете на Add Entry.
10. За секој следен оперативен систем повторете ги чекорите од 7 до 9 со тоа што во чекор 9 секој пат ќе ја менувате партицијата, односно ќе го користите соодветниот boot.wim фајл.
11. Доколку сакате да додадете екстра алатки искористете го ISO Boot табот.
се надевам дека помогнав
