Помош, софтверски проблеми и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Sase91
  • Време на започнување Време на започнување
Напраив disable на скоро сите програми што се подигаат, 2 остаив само. Антивирус не користам, никогаш не сум користел, иначе исчистив registry и напраив check на hard disk - от со Тune Up. Registy си избриша, а на hard disk - от не најде проблеми. По нет што чепкав спомнуваа нешто грешки во updates, ама не памтам дека сум апдејтирал нешто свежо е форматиран.

дискот провери го о алатка од производителот - оди на страната на производителот на дискот и од таму слези си дијагностика и утил прогррама и то за ДОС не за виндовс и пушти темелен тест (остави го преку ноќ) колку ти е старо напојувањето? и дали и РАМ от си го проверил
 
Ќе пробам со дискот, само треба да го отворам пц-то за да видам што марка е . :D Напојувањето е старо 4 години, рамот две плочки имам, ги извадив и ги стаив, исто така и CMOS батеријата.

Иначе нема некое универзално програмче се' да проверам наеднаш? :)
 
има Хиренс треба да побараш најновата верзија јас ја имам мислам 1,5 и таму има и од разни производители а и разни програми за дијагностика
 
Вака сега. Имам Windows 7 x64, Blue Screen ми се појавуваше подолго време, ама со рестарт се палеше компјутерот и немаше никаков проблем. Ама сега (изглеа не требаше да го игнорирам тоа), дава blue screen ама со рестарт пак стига до блу скринот. Секој пат дава различни бројки во еророт, пробав да го упалам со сејф моуд, блу скрин, пробав со тој repair шо го дава, пак блу скрин. Последен блу скрин ми е овој (коа пробав startup repair да му напраам)

PMIG6tQ.jpg

Чаре?

Имаш проблем со RAM. Пробај вака...Отвори куќиште и извади ги сите плочки. Стави една, вклучи и види што ќе направи. Ако подигне нормално, стави и втора и пак подигни. Се до моментот кога ќе појави плав екран. Така ќе знаеш која плочка е неисправна.
 
Некој?

Зашо ме зезаат филмовиве што ги симнувам со 1080п? Некои сецкања, каснење на слика, несинхронизираност на гласот со сликата, итн итн...
Дали има нешто врска тоа што ги симнувам директно на екстерен ХДД?

Гледам со БС плеер, досега на ниеден филм не ми барало кодеци, а симнувам од вообичаените страни, кат, исохунт, пирате бау, јифи и слични.
Исто така сум приметил дека и кога пуштам јутуб видеа со 1080п, сецка по малце и не е синхронизирано...
 
Значи ме заебаа во Setec купив 2.0 16гб бавно е у пм.

Не те заебале. Ако usb флеш меморијата ти е 3.0 а портот 2.0, ти нема да ги добиеш брзината и бенефициите на 3.0 :)

Знае некој што е ова?

Не, и јас имам слични срањца у c windows, ги имам приметено од поодамна и само си претпоставив дека се некои срањца од самиот windows или пак некој нубски направен софтвер.

ZHlnfhv.jpg

можи некој да објасни што работи овој програм ?Net framework (нормално ако не е многу зафатен и има добра воља).Кај мене ги има 2.0 ,3.0 и 3.5. Постарите вишок се или не?

не ги чепкај, нека ти седат. потребни се за игри и други видови на софтвер

Баш у игра бев, и на двапати у рок од 10тина минути ми се исклучува компјутерот т.е. ми се рестертира и кога го пуштам ова ми излегува ...

претпоставувам дека ти прегрева процесор/графичка... провери им температури

исчисти го куќиштето

и таќе.

Ај и тука да прашам

За да дознаеш дали има врска, пробај да симнеш еднаш на внатрешен хард диск :)
Не би требало тоа да е проблемот, ама можно е.
Дали претходно немало такви кочења?
Ако немало, исчисти го куќиштето од прашина.

Ако имало, ондак слаб ти е процесорот/графичката и редно време е за апгрејд.

Провери дали е 100% cpu usage кога гледаш 1080p.
 
Како да го сменам менито на Google Chrome на Англиски?

Да ми препорачате некоја програма за упдејт на драјвери?
 
Да прашам овде пошо едниот проблем го решив е сега веројатно имам проблем како овој зато шо неможам да видам шо графичка иам наидвам на ова а незнам шо да напрам пошо од шо гуглав сегде пишит да не се прајт uninstall на VGA save

Некој ?
 
Може некој да ми каже што е со ретардираниов превод на bs player .Нејќе да дава македонски превод излагаат чудни букви , пробав да го сменам на кирилично писмо во самиот плејер нејќе истото пак останува .:mad:
 
Кој Windows Имаш? Треба во контрол панелот во Region and Language да ти е инсталирана кодна страна 1251 (Кирилица).
 
Кој Windows Имаш? Треба во контрол панелот во Region and Language да ти е инсталирана кодна страна 1251.
Windows xp SP3.
--- надополнето: 2 декември 2013 во 17:40 ---
Кој Windows Имаш? Треба во контрол панелот во Region and Language да ти е инсталирана кодна страна 1251 (Кирилица).
И инсталирано е тоа еве сега гледам.
 
Windows xp SP3.
--- надополнето: 2 декември 2013 во 17:40 ---

И инсталирано е тоа еве сега гледам.
Дали ти е вака подесено?
Мора да стои FYRO Macedonian
cp.JPG
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom