Помош, софтверски проблеми и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Sase91
  • Време на започнување Време на започнување
Кој ве учи одма формат или нова графичка? Полека малку ќе се среди

3 графички до сега не се средиле со таков проблем што имам сретнато. Не помага чистењето, чистењето ќе му било одлично за превенција да не дојде до овој степен или му е од прегревање, откажување на кулерот или дотраеност...
 
Boot екран нормален. При подигање на windows нормално (така барем е напишано). Кога ќе се појави десктоп резолуцијата се намалува на 800x600. ова се случува само ако драјверот не е вистинскиот за таа картичка. Не мора да се трча по секој најнов драјвер или апдејт. Некогаш тоа може да биде меч со две острици. Или врати го некоја верзија назад или, ако се уште чуваш CD со драјвери нека го инсталира тој од таму. Толку е во поглед на драјвери. Ако при вклучување на компјутер (ама грозно изгледа зборов на мк) му дава чудни линии или дисторзија на слика, тогаш не работи ладењето на графичката (од прашина или од прегревање). Со правосмукалка некогаш чуда се прават. Имаше пред некој ден графичка што ни под разно windows 8 не ја препознавал. Кога ја видов, ја исчистивме со правосмукалка како нова да е, ја ставивме во слот и ете ја до ден - денес си врти весело и без проблем. А компјутерот работи 24/7....Не трчајте одма по најлесното и најскапо решение, не е тоа поентата
Да дополнам, видов дека има ново мислење. Ако знае како, нека даде слика од температура на картица додека стои на wallpaper, па ќе знаеме што понатаму. Вака само погодуваме
 
BilboBaggins и немој да си ставал некоја тешка тема. Инаку врати си резолуција колку мислиш дека треба. Намерно отидов на највисока за да пробам. Антивирус под итно!!!
 
Незнам кај да пишам,па ај тука...Пред некој месец земав лаптоп,на него Windows 7,ама неам ништо од Microsoft Office(ниту Word,ниту Excel,ниту PowerPoint). Чаре сеа од некаде да ги симнам или нешто?
 
Ајде малу помош :D

Пред недела дена зедов нов лап топ со инсталиран Windows 8 ... арно ама, забележав кај WiFi-то ми пишува Limited connection o_O и морам да се дисконектирам и повторно да се конектирам за да користам нет. На сред онлајн игра или сред спуштање торент си застанува што навистина е за нервирање.
Пробав да го решам проблемот преку гугл и таму читав, праев, пуздев на 300 места (исклучи ова, штиклирај она, рестартирај рутер итн итн) но безуспешно. :(

Ај ќе Ве молам кој знае нешто повеќе за ова... по шо гледам и на нет многу корисници го имаат истиот проблем, но не можат да најдат решение.

Вака изгледа...
Win8_Networks.png
 
Ти имаш проблем со рутер (ваљда)...штом ти дава Limited, тоа значи windows си работи ок и wifi-то на лаптоп, ама рутер те исфрла. Ресетирај рутер, не на кабел туку на копче позади или (ова ко на времето Телеком кога објаснуваше) имаш едно дупче, земи игла и боцни го рутерот таму :ROFLMAO: Пази ќе ти смени пасс и име на мрежа, ќе врати на фабрички подесувања
 
Ајде малу помош :D

Пред недела дена зедов нов лап топ со инсталиран Windows 8 ... арно ама, забележав кај WiFi-то ми пишува Limited connection o_O и морам да се дисконектирам и повторно да се конектирам за да користам нет. На сред онлајн игра или сред спуштање торент си застанува што навистина е за нервирање.
Пробав да го решам проблемот преку гугл и таму читав, праев, пуздев на 300 места (исклучи ова, штиклирај она, рестартирај рутер итн итн) но безуспешно. :(

Ај ќе Ве молам кој знае нешто повеќе за ова... по шо гледам и на нет многу корисници го имаат истиот проблем, но не можат да најдат решение.

Вака изгледа...
Win8_Networks.png

Десен клик на wifi-> Network and sharing center и ја наоѓаш конекцијата на која ти пишува limited и properties
Untitled.jpg

Пoтоа configure и штиклирај го ова.

pmanage.jpg
 
Десен клик на wifi-> Network and sharing center и ја наоѓаш конекцијата на која ти пишува limited и properties
Прегледај го приврзокот 73808

Пoтоа configure и штиклирај го ова.

Прегледај го приврзокот 73804

Го пробав и ова...го имаше на гугл (штиклирано/нештиклирано) и пак истото :unsure:
Нишо, ќе одам да го форматирам на Windows 7.

Фала ти сепак :)
 
Само што приметив нешто што ме изнервира така , викендашки.
Под десктоп беграундот ми се познава бледа сенка од оклучена страна на фејсбук . И ресетирав компјутер , џабе . Пак истото . Пробав да сменам позадини , нема никаков ефект , стои . :( Windows 7 користам .
 
немам тон на јутјуб на пример а на радиомк станциите имам? енибади хелп
 
Имам проблем со правење бутабилно ЦД со windows XP , значи фајлот си е ISO симнат од замунда, со неро го режам го ставам на лап топ и не го подига, нормално во Биосот му дадов приоритет на двд драјвот... потоа пробав и со УСБ, го направив бутабилно со програма за тоа, и него не го подига ми вика missing NTF ако не се лажам.... утре пак сакам да пробам да режам ново ЦД , да пробам одзипувани фајлови да ставам место Image ?
 
ISO фајлот отвори го директ со NERO преку open with... Ти на кој начин го правиш бутабилно?
Истово пробај го и со PowerISO, режај директ од таму.
 
Имам проблем со правење бутабилно ЦД со windows XP , значи фајлот си е ISO симнат од замунда, со неро го режам го ставам на лап топ и не го подига, нормално во Биосот му дадов приоритет на двд драјвот... потоа пробав и со УСБ, го направив бутабилно со програма за тоа, и него не го подига ми вика missing NTF ако не се лажам.... утре пак сакам да пробам да режам ново ЦД , да пробам одзипувани фајлови да ставам место Image ?

Burn image вака режи го и ќе биде. Ако си направил така, тогаш самото ISO не е бутабилно
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom