Помош, софтверски проблеми и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Sase91
  • Време на започнување Време на започнување
До вчера ако отворев линк на јутуб преку ФБ, ми го отвараше у new tab, ама ми се поремети нешо и сеа ми ги отвара у нов прозорец.

Мозила е у питање. Барав у тулс ама не можам да го најдам тоа што треба.

Tools - Options - Tab - штиклирај првото
 
Штиклирано е тоа. т.е. сите се. Така и ми беа и пред да ми се деси ова.

Само на фејсбук ли ти прави вака?
Да не си инсталирал некој add-on за Firefox?
На тастатурата испостискај ги (на празно) сите Shift, Alt, Ctrl копчиња па пробај пак.
 
И на onbux една страна со реклами, рекламите така ми ги отвара.

Ги стиснав и се направи. Фала
 
Поздрав дечки, имам еден многу и под многу мислам еден огромен проблем со мојот десктоп писи. Значи вчера го ујачив малце, земав +2 гига рам и све идеше добро. Го форматирав со чиста копија од Виндоус седмицата. Пуштив да се даунлоадираат некој игри, и се враќам по 20 минути гледам фејл пишува проверувам и на лаптопот и на компјутерот немам интернет е све е во ред со модемот. Се јавувам во кабелнет, им објаснувам се што како велат не е до нас. Ја изигравам паметњакович едно 10 минути подоцна и чачкам нешто во регистрито, гледам ИП адресата треба да ми е таа што е а не 192, и тој рече ако имам 192.иксикс.иксикс.иксикс тогаш бил проблемот кај мене. Можеби некој од вас се разбира да работи во регедитот, али овдека ги избришав сите интерфејси:
COMPUTER\HKEY_LOCAL_MACHINE\SYSTEM\CurrentControlSet\services\Tcpip\Parameters\Interfaces
Пошо мислев дека ќе се врати нешо во нормала. Сеа го реконектирав модемот со компјутерот и се е како што треба, само што имам над 500 лаг на кантерот а да не правам муабет за варкрафтот. Имам едно 5 до 10 секунди дилеј.

Можи некој да помогне?
Прво, :bravo:.
Второ, или System Restore или терај како што ти е.
Трето, сите измени за мрежен уред се прават од Центар за мрежа и споделување->Измени ги параметрите за адаптерот, па десен клик на адаптер и Својства, а не од регистарот.
 
Малку оф топик:

Другар, како успеваш да се снаоѓаш на македонски со компјутериве/оперативниве системи?

Мене некој да ме прашува за совет и да ми ги кажува опцииве на македонски, ќе го гледам наопаку :)
 
Една недела навика макимум. И ете му дадов слика на англиски.
 
Го преинсталирав ком и сега се појави проблем нема никаков звук..исто така инсталирав "Realtek High-Definition Audio Driver 2.23.exe" и сеуште нема звук.
Некоја солуција?
 
Тоа значи дека не е тој драјвер за твојата графичка. Од REALTEK има миљон драјвери за миљон различни верзии на звучни карти.
Провери си преку EVEREST кој ти е точниот модел и барај драјвери за тој модел.
 
ај помош у врска со ексел. ми треба конкретно за внесување на бројки. значи треба во одредена колона да пишам датум на фактура пример 1/11 односно фактура 1 од 11. коа ке го внесам вака ми искача датум - незнам како би го оправил ова? помош некој?
 
Десен клик на колоната и одбери Format cells од менито и селектирај потоа General или Number, по твоја потреба
 
Прво, :bravo:.
Второ, или System Restore или терај како што ти е.
Трето, сите измени за мрежен уред се прават од Центар за мрежа и споделување->Измени ги параметрите за адаптерот, па десен клик на адаптер и Својства, а не од регистарот.
Човек, пробував од таму. Сеа кантерот не лагира само варкрафтот, што е финтата?
 
ај помош у врска со ексел. ми треба конкретно за внесување на бројки. значи треба во одредена колона да пишам датум на фактура пример 1/11 односно фактура 1 од 11. коа ке го внесам вака ми искача датум - незнам како би го оправил ова? помош некој?

Не ти го разбирам баш прашањето, викаш ти треба да внесеш датум, и викаш ми искача датум. Ако сакаш да не ти искочи датум мислам дека се ставаше апостров пред првата бројка ('1/11) :)
 
Десен клик на колоната и одбери Format cells од менито и селектирај потоа General или Number, по твоја потреба
Фала на помош друже. не успеа ни со генерал ни со намбер туку Текст

--- надополнето ---

Не ти го разбирам баш прашањето, викаш ти треба да внесеш датум, и викаш ми искача датум. Ако сакаш да не ти искочи датум мислам дека се ставаше апостров пред првата бројка ('1/11) :)
грешка моја.. треба да се внесе БРОЈ на фактура како 1/11 сваќаш :)
 
Фала на помош друже. не успеа ни со генерал ни со намбер туку Текст

--- надополнето ---

грешка моја.. треба да се внесе БРОЈ на фактура како 1/11 сваќаш :)

Па препоставував, во секој случај пробај како што ти кажав со апостров (')
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom