Помош - сакам да градам!

  • Креатор на темата Креатор на темата santo
  • Време на започнување Време на започнување
Фала ви.Инаку да објектот е легален,го има во имптен лист и за местото си има ДУП(неколку пати вадев за елаборат) .Само уште ако знаете како дома да си рачунам глупа математика ,габарит 90м2 со подрум приземје и поткровје.Пример за сите три нивоа пример клуч на рака 300 еур/м2 ,да множам по три или други се цените за подрум и поткровје. И уште нешто (знам замарам) дали плоча со монта греди е поевтино отколку класична бетонска ?

првиот болд... што моножиш објасни ми? цена за материјали? за мајстор? комуналии? фирма да ти гради по принцип клуч на рака? дај пообјасни ептен ти е нејасно ова.

а за монтата искача поевтина од масивната.
 
Луѓе има ли некој што архитект што изработува проекти на веќе изградени куќи? Конкретно сакам да правам реконструкција кај мојава во село па сето тоа да ми го нацрта и даде некој совет за детаљи.
Одрпилика имам замислено што како да ми биде но нормално ќе треба и некој совет и предлог и сето тоа на крај да се изведе. на цртеж.
Колку пари би било одприлика да се среди сето тоа во аутокад
 
Архитектот е професионално лице со лиценца ( која се стекнува со 5 годишна ебано макотрпна работа на еден од најтешките факултети во државава ), проект прави фирма со лиценца со вработени архитекти со лиценца а истиот проект за тебе да ти биде валиден и употреблив во општина треба да ти го потпише управител на фирма. Плус под реконструкција зависи што подразбираш, менување на конструктивен систем менување на инсталации ? Ако да тоа не е реконструкција и за сето тоа се потребни и дополнителни инженери ( градежен електроинженер етц ).
Инженерите не се продавачи на тезга на пазар, ниту цртачи на цртежи а тоа ти што го бараш и некој да ти го направи нема да ти биде употребливо. Доколку сакаш било што да правиш има проектантски бироа појди во некое од нив и ќе ти определат цена за комплет проект за реконструкција ( доколку тоа би го опфатило она што го сакаш ти ). Ги ополномочтуваш ги кешираш и бркаат цела работа и на крај ти даваат финален производ.
 
Последно уредено:
првиот болд... што моножиш објасни ми? цена за материјали? за мајстор? комуналии? фирма да ти гради по принцип клуч на рака? дај пообјасни ептен ти е нејасно ова.

а за монтата искача поевтина од масивната.
Тоа рачунам 300 евра /м2 за клуч на рака .
 
Луѓе има ли некој што архитект што изработува проекти на веќе изградени куќи? Конкретно сакам да правам реконструкција кај мојава во село па сето тоа да ми го нацрта и даде некој совет за детаљи.
Одрпилика имам замислено што како да ми биде но нормално ќе треба и некој совет и предлог и сето тоа на крај да се изведе. на цртеж.
Колку пари би било одприлика да се среди сето тоа во аутокад
В село кое не е урбанизирано не си обврзан да вадиш документации поднесуваш барања бараш дозволи и правиш планови така да и со искусни мајстори ќе завршиш работа без аутокад.
 
хаха, јесте да после промените кои ќе настанат на градбата ќе ги упише на тоалетна хартија, па ќе си чека некои подобри времиња каде што ќе може да го легализира објектот. да не заборавиме дека најверојатно ќе го пријави некој негов сосед :)
 
ако е куќата в село кое не е урбанизирано - сите градби треба да се легализираат, така да еден ден та постоечката да променетата куќа иста процедура го чека (а во зависност од селото - може и никогаш да не се легализира)
Значи ако селото или населбата не е урбанизирано, нема за него ДУП, може комотно и без страв да гради и преправа со мајстори.
 
Тоа рачунам 300 евра /м2 за клуч на рака .

Запамти едно,се додека се градит биди присутен 24 саат иначе готов си .ВО НИЕДЕН МАЈСТОР ДА НЕМАШ ПОВЕРЕЊЕ.КОШТАПЛЕРИ НЕВИДЕНИ СЕ.
 
Едно прашање според законот сега како е во места каде што нема ДУП се плаќаат ли комуналии ?
 
Според новиот закон можеш само надградба да вршиш до 10.20 метри само ако имаш имотни листови за објектот и дворот и тоа во границите на објектот без никакви отстапувања
.
И да се плаќаат комуналии како да има дуп
 
ццц сам си носиш струја вода канализација и пак да те обричат некако....
 
Ова е само за доградба? а што е за ново градба, доколку нема ДУП?
 
законот се однесува само за надградби ( се иде само во висна ), доградба ( се проширува објектот во основа), а за нов објект на местата кај што нема никаков план ќе чекаш да донесат план.
 
Последно уредено:
Како да проверам дали одредено земјиште е градежно? Сакам да купам плац во Стопански Двор конкретно.
 
мислам дека треба да прашаш во општина.. види под која општина спаѓа и ке ти кажат
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom