Помош - сакам да градам!

  • Креатор на темата Креатор на темата santo
  • Време на започнување Време на започнување
Jas imam plac vo s.dvor od fabrikata desno, vo imotniot list pisuva niva. Nemozam da gradam veke 3 god. Ne bil gotov dup-ot.
И јас сакам кај Галафарм да купам плац, може комшии ќе бидеме :) Искрено веќе година ипол гледаме и станови, и куќи и плацеви, и од се' што видов СД највеќе е по мој вкус (поизолирано, блиску до работа) и навистина сакаме таму да градиме. Од сите општини само ЃП нема ДУП објавено. Ми се допаѓа и Радишани, но цените на м2 им се малку претерани, 50-60е м2 е премногу!
Плац бараме 400-600м2.
Па и ако имате идеа за плац со понормална цена кој спаѓа во градежен реон, Ѓорче, СД, Волково, Радишани (Драчево, Пинтија, Илинден, Гази Баба не) пишете :)

Инаку - како успеале да легализираат куќи во СД, кои сега се продаваат? Чудесии.
 
Jas imam plac vo s.dvor od fabrikata desno, vo imotniot list pisuva niva. Nemozam da gradam veke 3 god. Ne bil gotov dup-ot.
Ne mozes da napravis prenamena od zemjodelsko vo gradezno[DOUBLEPOST=1484585710][/DOUBLEPOST]
И јас сакам кај Галафарм да купам плац, може комшии ќе бидеме :) Искрено веќе година ипол гледаме и станови, и куќи и плацеви, и од се' што видов СД највеќе е по мој вкус (поизолирано, блиску до работа) и навистина сакаме таму да градиме. Од сите општини само ЃП нема ДУП објавено. Ми се допаѓа и Радишани, но цените на м2 им се малку претерани, 50-60е м2 е премногу!
Плац бараме 400-600м2.
Па и ако имате идеа за плац со понормална цена кој спаѓа во градежен реон, Ѓорче, СД, Волково, Радишани (Драчево, Пинтија, Илинден, Гази Баба не) пишете :)

Инаку - како успеале да легализираат куќи во СД, кои сега се продаваат? Чудесии.
Sekoj sto imal imoten list za objektot i dvorot mozel da legalizira,otkupuva po 1 evro m2
Opstina Gorce e najparazitska opstina vo drzavava,zatoa e najnrerazviena a raboti samo ako ima interes citaj mito za sokol i negovata tajfa i site gradezni kompanii ja izbegnuvaat
Kako inace ke imas ogromna zgrada karsi ambulantata.
 
Последно уредено:
Дечки, најдов еден плац што ни се допаѓа, при проверка на веб страната на катастар ми излегува нива. Дечкото кој го продава вели дека спаѓа во градежен реон. Утре секако копијата од ИЛ ќе ја дадам на пријател геодет, белким ќе може да ми помогне дали да купувам или не. Прашањето ми е како да проверам дали се наоѓа во градежен реон, дали ќе можам маркица да извадам?

Исто сакам да прашам дали некој градел, бил, има мислење за Јака, Илинден, плацевите со маркици се сите, но не знам дали вреди воопшто да се гледа плац таму...
 
Бев во општина со имотниот лист, и ми го кажаа следново: маркица не ми треба, а можам да градам каде сакам на парцелата легално. Како би добила воопшто дозвола за градба? Јас тоталка сум збунета, ако може некој хелп.
 
За конкретен одговор ми треба конкретен податок како на пример кп и ко, за да утврдиме дали локацијата се наоѓа во рамките на ГУП или е надвор ( за да се провери дали има упс или општ акт за тоа подрачје). Натака ќе ти ја објаснам целата постапката, условите и правилата од законот за градење :)
 
Dali moze da se legalizira tavanski prostor, koj ke moze da bide prenamenet za mesto za ziveenje?
 
Dali moze da se legalizira tavanski prostor, koj ke moze da bide prenamenet za mesto za ziveenje?
Ako imas visina min 1,60 metri za prozori i 2,4-2.7 metri na sredina a visok pari pa da platis 30% od cenata za m2 legaliziraj.
 
Здраво дечки,

во подготовка сум за ископ на темели на куќа.

Куќата ќе има подрум од околу 100тина квадрати кој што ќе се користи за живеење.

Ми треба совет како најдобро да го изолирам истиот да добијам перфектна заштита????

Благодарам однапред
 
подрум за живеење?
то ќе те фати куп пари, рачунај дека спрат од куќа ти е плоча стубови плафон зидови
е истото го има и подрум ПЛУС ископ на земја и доообра изолација
Мора да се живее во подрум?
 
Здраво дечки,

во подготовка сум за ископ на темели на куќа.

Куќата ќе има подрум од околу 100тина квадрати кој што ќе се користи за живеење.

Ми треба совет како најдобро да го изолирам истиот да добијам перфектна заштита????

Благодарам однапред
ovde imas se so ti treba
Za izolacija na zеmjata se stava guma a posle na plocata pak guma

изолација.jpg
 
Здраво дечки,

во подготовка сум за ископ на темели на куќа.

Куќата ќе има подрум од околу 100тина квадрати кој што ќе се користи за живеење.

Ми треба совет како најдобро да го изолирам истиот да добијам перфектна заштита????

Благодарам однапред
Здраво дечки,

во подготовка сум за ископ на темели на куќа.

Куќата ќе има подрум од околу 100тина квадрати кој што ќе се користи за живеење.

Ми треба совет како најдобро да го изолирам истиот да добијам перфектна заштита????

Благодарам однапред
Темелите и подрумот ако не се направат добро и ако не се хидроизолираат добро, се додека ја имаш ти куќата ќе ти излегуваат по некои проблеми. Така да не штеди на бетон, арматура и хидроизолација.

Прво пожелно е во бетонот за исполнување на темелите да се стави адитив за водонепропусност на бетонот. Од кога ќе се постави арматурата во темелите и истите ќе се избетонираат, потребно е да се ичисти целиот терен и да се израмни. Потоа се прави плоча од посен бетон со дебелина од 5-8 центиметри во која единствена арматура ќе биде арматурата која излегува од темелите.

Врз оваа плоча се поставува хидроизолација. Тоа се подразбира премачкување на плочата од посен бетон со основен ладен битуменски премаз кој ќе се суши во рок од ден два, а потоа врз него со топлина се лепат и битуменските траки. Онаму кај што излегува арматурата, поточно онаму кај што ќе бидат столбовите/бетонските ѕидови се изолира со двокомпонентен премаз на цементна основа и тоа во два три слоја.

Потоа се прави заштита на хидроизолацијата со тоа што целата плоча се исполнува повторно со посен бетон со дебелина од 5 центиметри. Врз оваа плоча се става арматурата и се нанесува бетон за А.Б плочата и задолжително е да користите вибрации за да не дојде до задржка на воздух и водени капки во бетонот.

Врз оваа плоча најнормално ќе се кренат и бетонските ѕидови, т.е. подрумските ѕидови кои од надвор ќе се изолираат исто како и подрумската/темелната плоча со основен ладен битуменски премаз и битуменските траки, а врз нив ќе се стави и тефонд, поточно онаа гумено пластична лента со испакнати полукружноквадратни вдлабнатини. Тоа ќе се фиксира и хидроизолацијата е готова, долготрајна и квалитетна и потоа врз ѕидовите се поставува следната плоча. Само внимавај од кои материјали ќе купуваш и кој мајстор ова ќе ти го прави.

И ако веќе живееш во подрумот, што не е препорачливо, задолжително стави и термоизолација.
 
Јас во двеве теми се шалтам, ама кога не можам да се снајдам :)
Со дечково правиме муабет за куќа од контејнери. Па да прашам - дали и каква дозвола би ни требала? Во нашава општина не ни го разбраа прашањето..
 
До скоро (не знам сега како е, внатре во градските граници не беше дозволено градба на објекти од т.н. привремен карактер (тие се со башка процедури и за башка намени) значи дури и овие монтажни Хот Хот типови на куќи не можеа да се подигаат пример во Битола, туку само надвор како викендици.
Мислам дека и контејнери спаѓаат во таква категорија како времени објкти

ПС
Со дечкото колку ви е сериозна врската?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom