вака сега, дома имаме од даскалските лаптопчиња (асус ееепц) дојде со едубунту 7.04, ама кога разбравме дека мојт да се напрајт апгрејт му инсталирав првин 9.10, па после 10.04, и све беше супер се до денес, денес не сакат да се „кренит“ ич. Се сомневам дека е хардверски проблем (едубунтуто е редовно апдејтовано и не напрајло проблем никаков), сопругата кажа дека денес само што сакала да го вклучит и не реагирало на ништо. Пробано е со извадена батерија само на полнач и не реагират, само на батерија без полнач иста приказна. Свети само една лед диода (на сликата таа најлево зелено шо светит, над лед диодата има како сијалица нацртана), и лап топот е ко умрен. Ако знајт неко некакво чаре убо, а ако не кај да се обратам за совет/сервис