Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Лошо монтиран кулер? И што мајка бараат CS и Mame да го теретат толку па да рокне на 70?
 
Лошо монтиран кулер или треба можеби да се стави од ново топлопроводна паста. Сигурен ли си дека врти вентилаторчето? Дека мој другар се фалеше како тивко му работел компјутерот но често сам му се гасел. Кога да видам.. што да видам :) вентилаторчето од кулерот на процесорот не вртиии :):):)
 
kako mozam da vidam dali maticnata mi podrzava dual core procesor
 
Имам bluetooth во лаптопот и денеска еден другар требаше да ми праќа некои слики од телефонот,но мојот компјутер не го покажуваше кај него.Што треба да направам и дали има веза оти е од моб?
 
Удри си ги и лаптопот и мобилниот од глава по еднаш и ќе ти проработат :D
 
Колку степени е нормална температура на процесор и графичка на лап топ? т.е над колку степени да се внимава да не надмине
 
kako mozam da vidam dali maticnata mi podrzava dual core procesor

кажи ми точен модел на матичната плоча:smir:

Колку степени е нормална температура на процесор и графичка на лап топ? т.е над колку степени да се внимава да не надмине

Мислам дека секој процесор си има оптимални граници во кои треба да се движи температурата, исто и за графичките, меѓутоа температури над 60-65 степени целзиусови не би требало да се игнорираат. Колкава температура постигнуваат? :prasalnici:
 
Ај да не бидам оф топик, ама сите овие години, ниту еднаш не ми текнало да гледам температура на процесор, на графичка...што се оптеретувате со тоа? :)

Koристи дур не рикне, нема секој ден ваљда систематски преглед да му правиш, температура да му мериш и да бдееш над него.
 
Јас како шо знам на кажи речи на секој процесор е направено кога ќе дојде на 60 степени да се рестартира компјутерот автоматски , може до повеќе ама ризично е да не рикне :) Мене најчесто температурата на процесорот ми е од 30-40 зависи шо работам, а на графичката некој степен повеќе.
 
Претпоставувам дека повеќето знаат, но за оние кои не знаат најпрецизно може да се види температурата на процесорот и на графичката во самиот биос. За тоа што велиш автоматски направено, не знам дали е кај сите така, но може секој да си подеси во биосот автоматски системот да алармира доколку температурата на графичката или процесорот се подигне над одредена температура, пример 60 или 70 степени. :pardon:
 
Mоже ама не е препорачливо да е над 60 степени наместено, еве има на форумов и постручни они нека му одговорат на дечкото, јас лично не проверувам во биосот има доста добри програмчиња што даваат точни температури.
 
Да, еверест на пример е добар. Но сепак мислам дека во биос дава најпрецизно. Инаку секој процесор како што кажав има своја оптимална температура не е за сите баш иста.
 
Во биосот не ти е оптеретен процесорот.
Затоа поточни се програмите во Windows,кога ќе пуштиш Винрар архивирање на пример.Тогаш можеш да видиш колку загрева процесорот.
Оптимална е отприлика 45-50,на 60 е наместено да даде сигнал дека се загрева,а гасењето е на 65-70.

Плус,ако некој кулер не врти додека сте во биос,не се палете дека ви се рикнати.Поновите матични подржуваат SmartFan технологија,која додека не се оптеретува процесорот и целиот компјутер,не ги пушта кулерите за да е потивок компјутерот.

Да ве викнев кај мене,ќе ми купевте нови кулери,ако ми проверувавте во Биосот температури :)

Затоа,не препорачувам да давате совети ако мислите или не сте сигурни,зашто сепак хардвер е и може да рикне нешто.

И уште нешто,по дифолт сите протекции се уклучени,ама препорачливо е да се провери,зашто на пријател летото му рикна процесорот кога ннаправи overload со TES4 Oblivion.

Имам bluetooth во лаптопот и денеска еден другар требаше да ми праќа некои слики од телефонот,но мојот компјутер не го покажуваше кај него.Што треба да направам и дали има веза оти е од моб?

Ако ти го гледаш твојот компјутер со твојот мобилен,тогаш кај него можеби има некоја опција која овозможува да бара само мобилни,и мобилни и PC-ја.Тоа треба да го побарате.

Ако ти не го гледаш,тогаш види си сетинзи на блутутот на лаптопот :)
 
Оптимална е отприлика 45-50,на 60 е наместено да даде сигнал дека се загрева,а гасењето е на 65-70.
Не постои оптимална. Уствари постои, помеѓу 20 и 60 степени целзиусови.
Плус,ако некој кулер не врти додека сте во биос,не се палете дека ви се рикнати.Поновите матични подржуваат SmartFan технологија,која додека не се оптеретува процесорот и целиот компјутер,не ги пушта кулерите за да е потивок компјутерот.
Ако не врти кулер откако ќе го стиснеш power копчето, не ти е уштекано PC-от у струја :)
Со самото стартирање на компјутерот почнува и кулерот да му работи. Секогаш и секаде, без исклучоци. Можеби поспоро на почеток па убрзува по потреба, ама врти. SmartFan (во мој груб превод: Умен вентилатор) го прави токму тоа. Му наредува на кулерот колку брзо да врти според моменталната потреба од ладење. Не дека му вика он и офф.
Затоа,не препорачувам да давате совети ако мислите или не сте сигурни
Јас само би додал уште: ако си неискусен.
Повели, нешто да прочиташ. Колкава им е максималната издржлива температура на некои (постари, ама сепак корисна страна) процесори.
 
Кај мене на напајањето не врти на старт.Никогаш.Се додека не пуштам некоја игра,или отворам повеќе слики во фотошоп.Ама тоа е од него,не го контролира матичната.
Графичката имаш право,завртува само,ама додека да влезеш во Биос се гаси,јас на тоа мислев,види во горниот пост
Плус,ако некој кулер не врти додека сте во биос

Единствен кој споро врти,е на процесорот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom