Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво луѓе, имам проблем со мојот USB stick. Го имам веќе 2 месеца, до вчера се си работеше одлично, имаше добра брзина од 50мб/с. Денес кога го пробав да префрлам нешто на USB-то забележав дека доаѓа до намалување на брзината, односно од почетните 50мб/с таа во рок од една минута опаѓа до 5-6 мб/с што е релативно споро. На pc-to немам направено никакви промени, а го пробав и на лап топ и го има истиот проблем. Иначе usb-то е kingston DT101 G2 16GB.

Зависи какви фајлови префрлаш, колку се помали и помногубројни, брзината ќе биде помала.

Пробај да префрлиш некој голем фајл +2GB и кажи ми која брзина ќе ја добиеш.
 
Има ли некоја продавница во Македонија одкаде може да се набави тастатура за лаптоп ? Конкретно, ми треба за ASUS K52DE моделот.
Веројатно во купилаптоп можат да ти ја средат таа работа, за околу 1.500 денари, ама не сум сигурен.
 
Зависи какви фајлови префрлаш, колку се помали и помногубројни, брзината ќе биде помала.

Пробај да префрлиш некој голем фајл +2GB и кажи ми која брзина ќе ја добиеш.

Пробав со префрлање на ISO file голем 8 ГБ, почна со 30мб/с а сега оди со 10 мб/с и продолжува да се намалува.
 
Пробав со префрлање на ISO file голем 8 ГБ, почна со 30мб/с а сега оди со 10 мб/с и продолжува да се намалува.

Не ISO, ISO е доста компресиран формат, најди нешто како филм рецимо од 2GB, или некој програм, нешто кое нема голема компресија употребено за да се креира, пробај со DVD филм, најдобро.

Ако ништо од ова не помогне, префрли ги работите на хард и напрај му формат на USB стикот.
 
Здраво кајганџии , значи вака .. сакам да купам нова графичка па во мисли сум да ја земам оваа [долу наведената ] ..ми се дават до 4000 илјади .. па дали е оваа добра за овие пари или можам да земам и подобра ? Ви благодарам .. ПОЗДРАВ ! :) [секако на ново .. ] :)

Gigabyte PCX GeForce GT440 2GB DDR3 HDMI/DVI/VGA

и дали ке работи добро на следните конфигурации :

Processor : AMD Athlon(tm) 64 X2 Dual Core Processor 5200+

RAM MEMORY - 4 GB 2x2GB
=> 2GB - Transcend 2GB DDR2 800 DIMM CL5
=> 2GB - Adata 2GB 2RX8 PC2 6400U-555

HDD : Hitachi HDS721616PLA380 [160GB]

Напојување : пише AC 230 V
 
Ако максимум можеш да одвоиш 4000 денари, тогаш барај Radeon 6670. Ако имаш + 1000 ден мој совет ти е да купиш Radeon 6750. Ако играш на пониски резолуции ( 1280 x 1024 и слично ) 6670-ката ќе ти брка работа, ако идеш на повисоки тогаш купи ја 6750-ката. У комбинација со тој процесор и да земеш некоја уште појака - во нови игри нема да ти врши работа.
Значи - Наместо GT440 земи 6670 ( цената им е слична ), а ако имаш + 1000 ден земи 6750.

*напомена пошто гледам дека графичкава што си ја одбрал има 2 GB DDR3 меморија - не гледај да има поголема количина туку да има побрза меморија ( ако има модел со 1 GB GDDR5 меморија и друг модел со 2 GB GDDR3 меморија за иста цена - одбери го моделот со побрза меморија, не со поголема количина )
 
Таа ја глеам 3800 во анхоч
за 4400 имаш скоро дупло боље
Sapphire ATI PCX HD 6670 2GB DDR3 HDMI/DVI/VGA
 
Инсталирав 32 битен Виндовс 7 ултимејт на 2GB Рам компјутер. :tapp::facepalm: Дали ќе биде подобро да го симнувам 64 битниот и да го инсталирам, или да си седи овој до октомври ноември кога ќе излезе Виндовс 8?
 
Јас имам инсталирано Win7 на нетбук MSI U135 и си цепа. Не најглаткото искуство, ама брка работа.
 
Јас имам инсталирано Win7 на нетбук MSI U135 и си цепа. Не најглаткото искуство, ама брка работа.

Мене ми беше прашањето дали да ставам 64 битен Виндовс на 2GB RAM или доста е 32bit? Прошлиот Виндовс 7 ми беше 64битен.
 
Мене ми беше прашањето дали да ставам 64 битен Виндовс на 2GB RAM или доста е 32bit? Прошлиот Виндовс 7 ми беше 64битен.
Ама дали воопшто можеш да инсталираш 64 битен оперативен систем на него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom