Помош! - ми треба одредено дело/проект...

  • Креатор на темата Креатор на темата mUv@ ThE DoGg
  • Време на започнување Време на започнување
Некој нешто за:
-Анализа на песната Гавранот
-Анализа на песната Албатрос
-Анализа на женските ликови од Чичко Горио
Фала однапред :)

Вака ти најдов нешто за Чичко Горио, па ако имаш потреба ке ти го препишам целото што го имам па да си одвоиш анализа на женските ликови, или и ти имаш истото ама сакаш готово?
Бидејки е солидно многу па ако ти е потребно ке одвојам време да ти го напишам, а мене ме мрзи и ке ме утепа времето додека терам и анализирам ?
Како сакаш ?
 
ako moze nekoj da pomogne ...vo pobnedelnik pravam pismena za italjanska renesansa,koj e nadaren za pisuvanje neka poveli
temata bi trebalo da bide neso vo vrska so pekolot,dekameron,kanconijer,bokace,dante itn...
pozz fala odnapred :D
 
Вака ти најдов нешто за Чичко Горио, па ако имаш потреба ке ти го препишам целото што го имам па да си одвоиш анализа на женските ликови, или и ти имаш истото ама сакаш готово?
Бидејки е солидно многу па ако ти е потребно ке одвојам време да ти го напишам, а мене ме мрзи и ке ме утепа времето додека терам и анализирам ?
Како сакаш ?

Прати ми го целото на ПП,сам ќе анализирам.Благодарам многу :)
 
Maleckata Fadeta nakratko raskazana? tema? ideja? :smir:
 
Прати ми го целото на ПП,сам ќе анализирам.Благодарам многу :)

Чичко Горио
На почетокот е претставен сиромашниот кварт каде се наоѓа пансионот на госпоѓата Вокер. Преку него, Балзак (авторот) ни ја претставува цела Франција и односите во општеството. Ги претставува ликовите и нивното минато, подредувајки ги по спратови како што се подредени во општеството. На првиот кат се најбогатите, а како се качуваат погоре се се посиромашните. Многу сликовите е опишан мирисот на пансионот, кој е карактеристичен за сите такви места. Тој го нарекува пансионска реа - ''мириса на затворено, на мувла и бајато, студено и влажно при дишењето, мирисот се впиво во облеката ја има реата на соба во која штотуку се вечерало, смрди на кујна, на немиоени садови, на прифатилиште''
На првиот кат од пансионот се наоѓаат најубавите станови во куќата. Таму се сместени госпоѓата Вокер во помалиот , а во поголемиот госпоѓата Кутир (вдовица) со младата девојка Викторина Тајфер.
На вториот кат има исто така два стана, во кои живеат Поаре и господинот Вотрен
На третит кат има четири соби. Во нив се сместени: госпоѓицата Мишоно (стара мома), чичко Горио и Ежен де Растињак (едната е празна, но најчесто таму живеат студенти)
Во поткровјето се наоѓа таванот за сушење алишта и две мансардни соби во кои се сместени слугата Кристоф и дебелата готвачка Силвија.
По описот на пансионот и жителите, дејствието го води Ежен де Растињак. Тој потекнува од пропаднато благородничко семејство и по секоја цена сака да постигне нешто во животот. Прво се зафатил со работа и учење, но забележил дека жените имаат огромно влијаниое во општествениот живот, па решил да се впушти во таков свет и да си најде заштитнички. Тетка му гои поврзува со виконтестата де Босеан (богата и влијателна), која го поканува на бал. Таму тој се запознава со грофицата Анастазија де Ресто со која игра и ја поканува на повторна средба.
За време на пансионскиот ручек Ежен раскажува за балот, за госпоѓата де ресто, за нејзината убавина, танцувањето. Горио со внимание го слуша и блеска од задоволството и среќа. Кога тој заминува од маста, другите го озборуваат дека таа му припаѓа на Горио, дека тој ја издржува и дека го водат ниски страсти.
Утредента Ежен оди ка ј грофицата на договорената средба, убаво облечен и преполн со надеж. Во салонот се среќава со љубовникот на грофицата, Максим де Трај.
Во задниот дел од куќата, грофицата тајно се сретнува со Горио, го бакнуца, го испраќа и се враќа во салонот да ги пречека гостите. Таа повеќе внимание му обрнува на Максим, а Ежен се обидува да се бори со соперникот за вниманието на Анастазија. Тоа му успева кога доаѓа грофот и убаво го прифаѓа заради неговото потекло и роднинските врски со виконтестата де Босеан. Но, кога Ежен го споменува Горио, нивниот однос сосема се менува, патие речиси го исфрлаат од куќата.
Разочаран, тој оди кај Босеан која е растревожена заради нејзините љубовни односи, поточно зашто нејзиниот љубовник решил да се жени. Ежен и раскажува за посетата на Анастазија и тогаш дознава дека Горио им е татко, нејзе и на Делфина.
Кога бил млад, Горио бил работник во фабриката за тестенини. Со упорност и ризик за време на економската криза успеал да се збогати. По смртта на својата жена, тој целото внимание им го посветил на ќерките кои бескрајо ги разгалил. Тој им нашол богати и угледни мажи и им го поделил богатството оставајки си за себе само колку што му било неопходно. Анастазија ја омажи за гроф, па таа станала грофица де ресто, а Делфина ја омажил за барон и таа станала бароница де Нисенжиан. За титулите дал големо богатство , на тој начин сметајќи дека засекогаш ќе ги обезбеди ќерките и ке им овозможи лагоден живот. во почетокот, Горио бил сместен на првиот кат во пансионот Вокер, во најубавиот стан. Секој ден се дотерувал, со убава облек, перика и со златен синџир. Но, како минувало времето неговите ненаситни ќерки му го земале и тоа малку што му останало, а тој осиромашувал и се качувал се погоре во пансионот Вокер. Госпоѓата Вокер дури сакала да го заведе и да се омажи со него, но кога сфатила дека единствената љубов во неговиот живот се ќерките , се откажала и почнала да го озборува. Го претставувала како сладострастник којн имал две љубовници што ги издржувал.
Кога Ежен ја дознава вистината за Гориои за ќерките кои се откажале од него и не сакаат повеќе ни да го видат, па дури и се срамат од него, многу се растажува. Босеан му предлага да го запознае со Делфина де Несенжиан која се би дала за да влезе во високите кругови, а таа нему ќе му го овозможи тој влез. Освен тоа, сестрите биле мнго завидливи и љубоморни една на друга, па на овој начин Ежен ќе и врати на Анастазија за нејзиниот понижувачки однос кон него. Заради ова, кога се враќа во пансионот, Ежен де Растињак зазема заштитнички став кон Горио.
Ежен решава да преземе акција за влез во високото општество, па затоа им пишува писма на мајка си и сестра си во кои се понижува себе си, само за да добие пари од нив. Пари за да може да купи убава облека, а тие можеби ќе останат без основни средства за живот. Се чувствува ниско заради тоа, ист како ќерките на Горио.
Во дејствието на романот преку разговор со Ежен се воведува приканзата за Вотрен и Викторија Тајфер. Вотрен сосема го разбира Ежен и неговите намери за влез меѓу богатите преку љубовни односи со богати жени. Вотрен е 40 - годишен силен маж , со широки рамења, цврст, набиен, со длабок глас, човек кој се познава со сите, се разбира од се, пријатен, услу=лив, шегаџија. Тој му предлага на Ежен поинаков начин, односно наместо да наоѓа љубовници - да се ожени со Викториона Тајфер. Викториона била убава, млада, девојка која поради несреќниот живот, малку пропаднала. Татко и се откажал од неа, а целото богатство го оставил на нејзиниот брат. Вотрен му навестува дека преку наместен двобој тој може да го убие нејзиниот брат и така таа да остане единствена наследничка. Ежен малку се зачудува од предлогот, но не го коментира и не го одбива.
Ежен де Растињак ја посетува босеан за таа да го исполни веувањето дека ке го запознае со Делфина. Иако Босеан многу непријатно се однесува кон него заради сопствената несреќна љубов, сепак попушта и тие заедно одат во театар. Случајот сака таму да се сретнат со Делфина која била пред раскинување со нејзиниот љубовник (тоа е една од причините што Босеан го упатува Ежен на неа). Растињак и се приближува на Делфина токму со разговор за нејзиниот татко, односно со сличката кај сестра и. Ежен ја понижува Анастазија, ја прикажува како сурова, како неќерка (всушност го искористува лошиот однос меѓу сестрите).
Кога се враќа дома се му раскажува на Горио, бидејки тој сака да слушне се што се однесува на неговите ќерки. Тој ја бакнува земјата по која тие газат. А, Вотрен пак, го потсетува на разговорот за Викторина Тајфер. Ежен забележува дека тој и се допаѓа на Викторина и не ја отфрла сосема можноста за спојување со неа.
Со нова облека и со почетничка среќа Ежен игра комар, добива пари кои ги дава на Делфина за да ги исплати долговите на нејзиниуот поранешен љубовник и на тој начин ја започнува врската со неа. Но, Ежен продолжува со коцкањето и запаѓа во долгови. За да се раздолжи позајмува пари од Вотрен. Ежен и Делфина во договор и со помош на Горио си подготвуваат стан во кој би живееле, а таткото би можел напречено да доаѓа и да ги посетува.
Вотрен не се откажува од неговата замисла и затоа една вечер во пансионот приредува пијанка во која всушност ги успива сите. Утрото дознаваат дека братот на Викторина загинал во двобој. Во меѓувреме, госпоѓата Мишоно и Поаре се сомневале дека Вотрен е измамник, избегаш робјаш, познат под името Лажи-смрт, а неговото вистинско име било Жак Колен. За доказ требале да го откријат неговиот белег. Мишоно му дава напиток, го успива и докажува дека била во право. Измамникот е фатен, но пансионерите се свртуваат против Мишоно и Паоре и ги бркаат од пансионот. Напуштањето на пансионот го најавуваат и Ежен и Горио.
Горио за првпат бил многу среќен но неговите ќерки повторно се расипуваат. Прво доаѓа Делфина жалејки се на финансиски проблеми, а потоа и Анастазија. Избива силна караница меѓу сестрите преполна со злоба и љубомора. Горио не може да го поднесе тоа, паѓа во очај и се разболува. Ќерките не доаѓаат да го посетата иако Ежен ги моли. Делфина само ветува дека иако е ''болна'', ќе дојде да го види татка си додеака не е предоцна, а Анастазија доаѓа но доаѓа предоцна. Нивната бескрупулозност, самољубие, бесчувствителност , непочлитување уште повеќе доаѓа до израз кога тие двете не доаѓаат на погребот на татка си, туку испратиле само празни кочии. Не сакале ни да дадат пари , па Ежен го заложува својот часновник за да може да го плати бедниот погреб на чичко Горио.
Ежен ја докажува својата хуманост и добрина како и сожалувањето кон Горио но тој не се откажува од своите намери. Тој го предизвикува лажното општество , лицемерието, злобата и решен е да се пресмета со него. Романот завршува со: '' Растињак отиде да вечера кај госпоѓата де Нисенжан'' (Иако го презира нејзиниот однос кон родителот, сепак неговата цел е поважна.)
Романот е целосна слика на француското општество на почлетокот од XIX век. Во него се преставени најниските слоеви, сиромашните слугите и осиромашените но и најбогатите - оние што одат на балови и самите ги приредуваат, живеат лагоден, но и развртен живот. Бракот најчесто се заснова на финансиска спогодба па затоа сите имаат љубовници.

-----
Толку имав, има некои грешки се надевам се разбира.
Поздрав, се надевам дека ке ти помогне.
 
Среда правам писмена за Гарванот, Клетници , Страдањата на Младиот Вертер, Странствувањето на Чајлд Харолд, и секаков состав поврзан со овие три книги и нивните автори би ми бил добредојден, најмногу за третоно и четвртоно дело.
 
Pls kritika za "Vardar" od Ante Popovski,"Zvona" od Mateja Matevski i "Sedum navrakjanja kon motivot trepetlika" od Gane Todorovski ? Itno! :S
 
Просветителство во Македонија?
Ако има некој нека сподели, итно е.
 
Имам еден проблем. За четврток треба да ја прочитам книгата „Шагринска кожа“. Е сега, работата е што не можам да ја најдам да ја прочитам.
Па ако некој ја прочитал ако сака нека ми напише некои поважни работи од книгата или неа ја раскаже во кратки црти.
Било каква помош е добредојдена. :)))
 
Имам еден проблем. За четврток треба да ја прочитам книгата „Шагринска кожа“. Е сега, работата е што не можам да ја најдам да ја прочитам.
Па ако некој ја прочитал ако сака нека ми напише некои поважни работи од книгата или неа ја раскаже во кратки црти.
Било каква помош е добредојдена. :)))

vidi
 
Само вовед за Чекајќи го Годо.
Ја имам прочитано книгава и имам идеја се шо да напишам освен за воведот.
Не сакам да почнам со авторов или пак со драмава одма...
Или за Проклета авлија.За то шо имате :)
 
Само вовед за Чекајќи го Годо.
Ја имам прочитано книгава и имам идеја се шо да напишам освен за воведот.
Не сакам да почнам со авторов или пак со драмава одма...
Или за Проклета авлија.За то шо имате :)


Целата несигурност и неизвесност од нашите направени потези, фактот што никогаш со целосна сигурност не можеме да знаеме каков ќе биде излезот од нашите постапки прават животот да ја изгуби својата смисла и да добие впечаток на еден апсурден процес во кој што ние луѓето би се изгубиле во времето и просторот. [FONT=&quot]Но, зарем треба да се предадеме пред ваквиот хендикеп на човештвото? [/FONT][FONT=&quot]Зарем треба да дозволиме животот да ни биде исполнет со празнина, самите ние да бидеме празни? ...
[/FONT]
 
Ако некој има критика за песната „Везилка“ од Блаже Конески, или можеби анализа на оваа песна, го молам да ми ја испрати. Сакам да се подготвам за писмена за следната недела. Однапред благодарам!
 
Ве молам дали некој би сакал да ми помогне .Потребни ми се 2 есеи на тема Федерација и на тема поим и видови на републики
До петок морам да ги имам
Фала унапред
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom