Помош! - ми треба одредено дело/проект...

  • Креатор на темата Креатор на темата mUv@ ThE DoGg
  • Време на започнување Време на започнување
Ako ima nekoj sostav ili pismena za Crnila ili za Paradoskot na Diogen (na tema Moralnoto propaganje na covekot) ve molam pisete go itno mi treba :(

Дури и само ако тргнеш по твоите моментални барања, ќе имаш доволно материјал за обработка на зададената тема. Барањето сувопарна и изџвакана помош, на која лесно се ставаат свои иницијали на крај, е еден фин пример за такво пропаѓање... или само старт на серија такви кај некоја личност.

Парадоксот на Диоген, во мрзливо стање се чита за 2 часа. Наместо да седиш пред компјутер, бесцелно барајќи некој ефтин и поминат елаборат, побарај ја од некоја „бубалица“ во клас, земи прочитај ја, and turn ON the ignition of you brain. Ти ветувам дека ќе ти се исплати. Можеби дури и ќе си се извиниш себеси зошто си отварала ваква тема.

Ова е со најдобри намери, не е за навреда:smir:
Или ако толку ти е тешко да ја прочиташ, сигурно занеш да користиш гоогле.
Ова за 5 мин го најдов пошто неможам да пишам нов за Парадоксот на Диоген . Побарај има други на нет. :uvo:

Честопати луѓето не се свесни за една голема вистина, која секојдневно на сите нам ни се случува. Имено, станува збор за добивањето и губењето, за маката и радоста. Сите ние треба да сме свесни дека секогаш кога нешто добиваме, во исто време со тоа и нешто (друго) губиме и обратно, секогаш кога нешто губиме, со тоа и нешто (друго) добиваме. Иако, вака не ни изгледа во реалниот живот, верувајте дека е тоа така, само што ние честопати не сме свесни, што губиме со добивањето на нешто, и што добиваме со губењето на било што. Е, тука дојдовме до исполнувањето на желбите (поинаку кажано-добивањето) и до губењето. Значи, со исполнувањето на некоја желба, по нешто губиме, а исполнувањето на сите желби (за релативно кусо време), според многумина е исто што и добивање билет за во Пеколот.
Тој мотив на извонреден начин го искористил писателот Томе Арсовски и прекрасно го интерпретирал во неговото дело Парадоксот на Диоген . Имено тој таму пишува за еден млад човек, кому за релативно кусо време му се исполниле најзначајните желби што ги имал во неговиот живот (добро се оженил, напредувал во кариерата како што посакувал, го решил своето станбено прашање, купил убава кола и сл.). Но, тогаш наместо да биде среќен и да ужива во тоа, животот почнал да му станува неподнослив и безмислен, за на крајот да заврши трагично. Таа сага од брзиот успех и кусата среќа, до трагедија, велемајсторски ја опишал Томе Арсовски и создал траен споменик за македонската литература и култура, но и споменик кој има трајни и универзални вредности. Тоа дело ( Парадоксот на Диоген ) е создадено за да биде траен потсетник за сите дека не секогаш, исполнувањето на желбите кои ги имаме, помага за да бидеме среќни. Туку токму обратното, исполнувањето на нашите (посебно - најважните) желби, како законитост за своја последица донесува пустош и несреќи во животот. Накусо, таквото брзо задоволување на голем број желби, е експресна влезница за во Пеколот. Дека е тоа така, на многу интересен начин е прикажано и во следната прикаска.​
Си бил некој човек кој си живеел на Земјата, па како и сите имал остварени, но и многу неостварени желби. Но, оддеднаш се нашол во некој меѓупростор и во некое меѓувреме. Се чудел каде се наоѓа. Некој глас му шепотел: Ако нешто ти треба, ако имаш некоја неостварена желба, слободно само помисли на неа и таа ќе ти биде исполнета. И ако нешто ти треба ти само дојди до оваа врата почукај и побарај, па ќе ти биде исполнето. И навистина, само што човекот помислил дека цел живот сакал да живее во убава куќа, пред него се создал прекрасен замок, за каков само можел да сонува. Го гледал и се чудел, а гласот му потврдил дека тоа е сега негова сопственост. Влегол се шетал низ него и неможел да се изначуди на раскошот и на убавината на замокот. Потоа, тамам помислил дека убаво би било да има добра лимузина, во истиот миг пред него се појавила најубавата лимузина што во текот на својот живот ја посакувал. Исто така било кога си замислил колку би било добро да има убава жена за сопруга. Пред него се појавила убавица, како од бајките. И така, тоа продолжило извесно време – штом ќе помислел на некоја желба, таа одма му се остварувала. Тоа така траело незнајно колку, можеби со месеци, можеби со години. Еден ден човекот отишол до вратата за која му споменал гласот и почукал. Вратата се отворила и се појавил еден лик (да речеме чуварот на вратата) и го прашал што сака. Човекот рекол: Право да ти кажам, ми се смачи овде. Се што ќе помислам ми се остварува. Веќе ми се здосади. Би сакал да те замолам да ме испратиш малку за промена – во Пеколот. А ликот му одговорил дека е тоа неможно и разговорот го завршил со прашање: А ти што мислиш, каде се наоѓаш?
Едукативниот аспект на прикаската и поуката е многу јасна: нема поголем пекол за најголемиот број од луѓето, од исполнувањето на сите нивни желби. Затоа ги молиме родителите, учителите и сите други кои се во било какви релации со децата, а и со повозрасни луѓе, да бидат крајно внимателни во исполнувањето на желбите на другите (посебно на децата и младите). Ако не внимаваат на тоа, многу лесно може да им го претворат животот во Пекол. А ако притоа имаат добри намери, тоа воопшто нема ниту да помогне, ниту да ги оправда, затоа што не треба да се заборави дека Патот до Пеколот е поплочен со добри намери.
 
Ако има некој на Тристан и Изолда содржина. Никаде не можам да ја најдам книгата
 
Фала многу Bon Jovi стварно ми помогна.:back::back:
 
ми треба линк каде можам да ја најдам РЕВИЗОР од Гогољ онлајн ...ВЕ МОЛАМ
 
Да не знае некој дали воопшто ја има ,,Приказната за Генџи'' - Мурасаки Шикуби
на македонски, и ако ја има во која издавачка куќа можам да ја најдам.
 
незнам дали е за тука ова али ај,има модератори:vozbud:

ги барам едни песни,за компјутериве шо беа напишани...во името на матичната се колнам во цтрл алт делит..ова она такви работи...знае некој што барам:???
 
незнам дали е за тука ова али ај,има модератори:vozbud:

ги барам едни песни,за компјутериве шо беа напишани...во името на матичната се колнам во цтрл алт делит..ова она такви работи...знае некој што барам:???
Алал да му е на тој што ќе те разбере :pos2:
 
абе ги барам оние песните за компјутери бе луѓе...ги имаше на форумов, ги читав...
^^разбра сега??:vozbud:
 
Еј ја има ли некој поемата од Блаже Конески „Ракување“????
Ве Молам пишете ми ПП.Ми треба итно....
 
pomos

mi treba mala pomos ako moze.znaci slikata sto e stavena e nekoja kniga ama nemozam da najdam koja e ako nekoj moze neka pise:)
fala odnapred
pozz
P.S vajda nekoj ke ja prepoznae:):)
 

Attachments

  • n665322055_1604086_3402.jpg
    n665322055_1604086_3402.jpg
    48,3 KB · Прегледи: 14
драма “Мечка“ од Чехов, едночинка е, ако ја има некој електронска верзија ве молам на пп...
 
Ми требаат некој податоци статистики и сл. за овие две:
Споредба на Судовите во Македонија, Англија и Америка

Видови правни професии во Македонија, Англија и АМерика

барав ама ништо конкретно за овие не можам да најдам така да малце хелпп
тенкс од напред ...
 
pomos

mi treba sostav za pismena
naslov: slovo zaradi zavist od joakim krcovski
fala od napred
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom