Помош! - ми треба одредено дело/проект...

  • Креатор на темата Креатор на темата mUv@ ThE DoGg
  • Време на започнување Време на започнување
Нас не учеа дека есеј се пишува во сооднос 1:5:1 (вовед:главен дел:завршен).Така ке биде и за матура,па навикни се уште од сега. Мој совет чим не си баш по есеите:кратки реченици,не употребувај многу метафори,не препишувај од нигде,и пази од уметнички текст да не прејде во патетика. Можеш во воведот да пишеш нешто за историјата на писмата(од пиктографско па до модерното писмо)

Па кажи што си направил :smir:
 
Зависи каков стил и лежи на професорката, зашто сите имаат различни критериуми ама обиди се да биде нешто оригинално, уникатно. Може да го осмислиш како приказна, уметнички, а не да делуваш како критичар или да зборуваш само од историски аспект за азбуката и слични работи односно да не биде учебникарски како што веќе ти кажаа погоре.
Играј си со зборовите и дозволи спонтано да ти доаѓа идејата, не го усложнувај тоа што сакаш да го објасниш, нека биде просто, кратко а сепак доволно силно за да и остави впечаток.
 
Општа е темата можеш да експериментираш ехеее, не се врзувај многу за насловот, да не е даден за некое дело кое ќе го обработувате? Тоа е нешто друго. А писмо, писмо може да биде некое оставено од твој роднина, посмо како азбука мада не е тоа не верувам, или писмото како опстанува со текот на времето зашто сме 21 век и писмата и такви ствари се забораваат. Кажи ни во понеделник или помина тоа?:helou:
 
Леле луѓе фала ви стварно, без вас само шо ќе праев. За ова гајби пиво :icon_lol: Биктор, тебе посебно фала :D
п.с. Јас пак си реков да го препишвам текстот, ама накрај то шо си напишал, по се изгледа ќе требат нешто слично :Р Зошто сепак, одлично е :wink:
А иначе ни рече сега во тетратките, па нив ќе ги прегледала, а после ќе сме пишувале во тие тетратки за Писмени. Требало 150 збора да содржи. Фала ви уште еднаш, без вас . . . :nesvest:
 
Напишав! Кажете шо да попрам :icon_lol: x)

Писмото го победува времето

Темно е. Времето беснееше. А, човекот уплашен во својата пештера, седи, размислува. Се грижи за денот што му следи. Се плаши. Како ли ќе тргне, како ли ќе трча по безкрајните простори да го улови брзиот и мудар елен? Ќе се повреди ли? Низ главата му шетаа разни мисли, што да прави? Не! – рече тој; Не се плашам! Треперливо зеде парче јаглен и реши да црта по ѕидовите на пештерата. Му дојде мисла, се нацрта себеси, како храбро трча со копје во раката да го улови еленот. Убеден дека тоа ќе му помогне, реши да ги нацрта сите свои мисли во една голема уметничка целина. Уметничка целина која ќе спие и ќе реши да се разбуди кога современите луѓе ќе наминат и ќе ја забележат нивната едноставност. Да, тоа ќе биде едноставно, тие веќе ги разбираат. Цртежите добија и име, наречени се Пиктографски цртежи, а од тоа произлезе дека цртежите се најстарото писмо, начин на кој визуелно е претставен човековиот говор. Времето поминуваше, а луѓето откриваа уште писма, многу поусовршени, им даваа имиња. Се појави идеографското, следеше слоговното, па фонетското и полека писмото се видоизмени во гласовно, најусовршено. До ден денес писмата опстанаа, тие не се изгубија. Но, кога ја почуствувавте последната болка? Кога плачевте, кога се смеевте за последен пат? Каде се луѓето кои порано беа тука, но сега ги нема? Сите се заборавени, изгубени. Зар мора писмата да останат? Старите цивилизации ги користеле, нив ги нема. Но нивното писмо е тука, останува. Како ќе дознаевме за многубројните митови, за тоа како живееле луѓето.Како сеуште ќе дознаваме? Да оставиме времето да покаже. А, писмото да остане.:kesa:
 
беЗкрајните = беСкрајните

Убеден дека тоа ќе му помогне, реши да ги нацрта сите свои мисли во една голема уметничка целина. Уметничка целина која ќе спие и ќе реши да се разбуди кога современите луѓе ќе наминат и ќе ја забележат нивната едноставност
Ми се допаѓа преодот само малку на прво читање ми се виде нејасен. После болдираното на пример... Уметничка целина која без тој да знае ќе ЗАспие...
Инаку ми се допаѓа, школски... со уметнички момент, океј е за мој вкус. Дури и без мојот додаток (замерка, забелешка сеедно) добро мислам дека ќе пројде.

п.с. Само смени тоа најпво шо ти напишав. Едначење по звучност... у основно се учи :)
 
Их, фалиминдерит многу :D го попрајв сега, а то за основното, шо ако убо пишев ко наставничката ми беше трагадигихгсцсв :icon_lol: Ништо не научив од то шо требаше и стварн ми е криво, а си го сакав предметот:toe:
 
Напишав! Кажете шо да попрам :icon_lol: x)

Писмото го победува времето

Темно е. Времето беснееше. А, човекот уплашен во својата пештера, седи, размислува. Се грижи за денот што му следи. Се плаши. Како ли ќе тргне, како ли ќе трча по безкрајните простори да го улови брзиот и мудар елен? Ќе се повреди ли? Низ главата му шетаа разни мисли, што да прави? Не! – рече тој; Не се плашам! Треперливо зеде парче јаглен и реши да црта по ѕидовите на пештерата. Му дојде мисла, се нацрта себеси, како храбро трча со копје во раката да го улови еленот. Убеден дека тоа ќе му помогне, реши да ги нацрта сите свои мисли во една голема уметничка целина. Уметничка целина која ќе спие и ќе реши да се разбуди кога современите луѓе ќе наминат и ќе ја забележат нивната едноставност. Да, тоа ќе биде едноставно, тие веќе ги разбираат. Цртежите добија и име, наречени се Пиктографски цртежи, а од тоа произлезе дека цртежите се најстарото писмо, начин на кој визуелно е претставен човековиот говор. Времето поминуваше, а луѓето откриваа уште писма, многу поусовршени, им даваа имиња. Се појави идеографското, следеше слоговното, па фонетското и полека писмото се видоизмени во гласовно, најусовршено. До ден денес писмата опстанаа, тие не се изгубија. Но, кога ја почуствувавте последната болка? Кога плачевте, кога се смеевте за последен пат? Каде се луѓето кои порано беа тука, но сега ги нема? Сите се заборавени, изгубени. Зар мора писмата да останат? Старите цивилизации ги користеле, нив ги нема. Но нивното писмо е тука, останува. Како ќе дознаевме за многубројните митови, за тоа како живееле луѓето.Како сеуште ќе дознаваме? Да оставиме времето да покаже. А, писмото да остане.:kesa:

Убаво е, ама не е кратко?
Дај малку повеќе кулминација, нека се случи нешто со човекот, нешто интересно. И после заврши со веќе пишаниот заклучок. Пробај, види. Инаку еве ти 5 од мене :helou:
 
Требаше до 150 збора а јас имам негде 270. Туку и го однесов и . . . Ми рече почетокот нејќеја поетски да е сакала научен :toe: И денес ќе и речам дека и почетокот е научен и стварно гледав да е научен, ете им го опишуват нели животот, и се ‘‘наљутив‘‘ и викат ај сеа Мартин да не ни се љутит ќе го станиме за една лекција да разкажи. И Мартин :nesvest:
 
Боже каков дебил:pop:, професор по македонски, и било премногу уметнички... кажи и да дојде на странава, да се разбереме ние како форумџии со неа... озбилно, спомни и... да ја видам!!!!!!! :nerv:
 
Криво ми беше шо толку време го пишев. Сега имам прв час и ќе и кажам...:icon_lol:
 
Самиот наслов дозволува да се експериментира, може да се пишува од најразлични аспекти, но во прва година средно, првата тема за есеј се однесува на јазикот/писмото како средство за комуникација.

150 зборови за есеј се МАЛКУ. За понатаму кога ќе ви даде вака, да си знаеш... Што е можно поекономично пишувај. Штом имаш 120 - 150 збора, треба многу да внимаваш на композицијата. Кратките реченици имаат далеку посилен ефект. Неколку подолги, 4 - 5, се` останато кратко. Целата тежина на текстот - во главниот дел. Воведот што е можно покус, 2 - 3 реченици, крајот исто. Метафори колку можеш повеќе. Вистинското решение кога си ограничен со мал број на зборови.

Лично, го мразам овој технички дел од пишувањето, но се учи.
Друго, не ме чуди што си напишал прво 270 зборови. :) Ама да ти рече премногу уметничко, стварно нема смисла.
Од секогаш сум го ценела повеќе авторот што внесува дел од себе во текстот, или се осмелува да оди подалеку, во однос на уметничкиот дел. Научниот дел ми пречи, се обидувам да го сведам на минимум, ама никогаш не ми се бунел ниту еден професор. Ако твојава е незгодна, тоа е друга работа.

Јас го пишувам насловот на крај. Секогаш. Не може секој да пишува така, и погрешно е според сите професори кои ми предавале, но не можам поинаку. Особено кога во иднина ќе ви дава и клучни зборови. Тогаш па ич не можам да одредам наслов, сосема на крајот го дефинирам. Немој да те ограничува темата, никогаш. Убаво ти рекоа, седи, мисли и пишувај. :)
 
Денес го читаше ‘‘најубавиот‘‘. Просто тој ми се виде ко да беше напишан за 2 минути, се беше од лекцијата, скоро се препишано. А, јас глуп пробвам да смислам нешто, еееее од сега само лекцијата, без маки . . .
п.с. Еми фала :)
 
e so takvi matori drolji na coveka skolo da ne mu se odi.. imav u 3ta god edna takva.. ali odma ja resivme so crvena reputacija:D za takvi samo ortomata...
 
Денес го читаше ‘‘најубавиот‘‘. Просто тој ми се виде ко да беше напишан за 2 минути, се беше од лекцијата, скоро се препишано. А, јас глуп пробвам да смислам нешто, еееее од сега само лекцијата, без маки . . . мамето нејзино

п.с. Еми фала :)
Постојат луѓе кои се само фолиранти а мислат дека се професори, не се нервирај, оргиналноста се цени во реалниот свет.:wink:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom