Во 2002 г. на новинарско прашање околку геј браковите вели “Не“, денес поради публицитет вели “Да“! И после Трамп ги менувал своите ставови како чорапи. Геј браковите се само една утка за опшествениот поредок. Тие не смеат да бидат дозволени и бракот треба да остане дефиниран како “заедница помеѓу еден маж и една жена“. Се надевам дека Австралија ќе каже НЕ на овој референдум.
Не постои паралелна реалност. Ако сакаш свет каде се зборува еден јазик, може да одиш каде сакаш и кога сакаш, оди на Марс. Сите во базата зборуваат само англиски и работат се’ што ќе им кажат инвеститорите- големите капиталисти. Таа опција ти е отворена.

[DOUBLEPOST=1476635443][/DOUBLEPOST]
Не. Идеолошки само анархизмот е добар, но немаме развиено морална вредност до тоа ниво за да одиме во природно општество и да се потпреме на природните закони од моралниот кодекс. Оваа твојата идеологија мене не ми се допаѓа. Да речеме дека секој може да оди каде сака. Тоа ќе доведе до масовно селење на народите, пред се’ оние во сиромашните општества кон побогатите и оние во природно непогодните како пустинските предели во оние каде што има услови за живот. Тоа сето тоа би било убаво. Многу животи би се подобриле, ама само на хартија, а хартијата трпи се’. Ќе има распад на општествени вредности. Ќе се прошири листата на супститути и дел од економските добра ќе се истрошат. Ќе се насочат инвестициите кон оние места каде што еконмските сталежи се пониски т.е. условите за живот полоши (освен хотелите и сл. капитални нешта) што ќе доведе до минимализирање на профитот, а и она што ќе се оствари ќе биде на терет на сиромашните.
Треба да се стремиме општествениот товар да се префрли врз богатите за да се создаде простор за развој на сиромашните класи, касти или сталежи. Можеби би се случило со намалување на даноците на сиромашните, како што вели Лудата, па и Трамп, а на побогатите да им се покачат и така ќе има одредена компензација. Но тоа пак е цетерис парибус и само една утописка гледна точка. Тоа не се случува затоа што ниту еден политичар не е заинтересиран за народот, заинтересиран е само за себе и тоа е основен факт.