Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Годинава очигледно популарно е да си anti-establishment кандидат, на многу американци изгледа им е преку глава од лобисти и интересни групи. Затоа и Трамп и Сендерс се толку популарни, затоа и сите останати републикански кандидати, со се меинстрим републикански медиуми се против Трамп, зашто изгледа не е нивни кандидат. Истите компании ги спонзорираат кандидатите од двете страни, гајле им е кој ќе победи, пак нивно ќе биде. Сендерс и Трамп делуваат како луѓе кои не би биле нивни послушници.
 
Барни - Неписмени тинејџери кои мислат дека ако Барни победи на избори дека автоматски ќе номора да плаќаат нивниот скап факултет, иако има многу community факултети кои не се многу скапи. Ништо нема да се подобри ако Барни победи како претседател, само ќе се зголемат даноците и се останато исто ќе биде.
Мхм програмата на берни е бесплатно образование и ништо друго :facepalm:
Сите точки што си ги пишал за трамп важат и за берни, освен таа за мигрантите. Со тоа што за разлика од трамп кој се финансира со позајмици од сам себе и искрено кажува глупости, берни се финансира од народот и никогаш не излегол без аргументирана изјава.

Трамп нема програма и дава само празни популистички изјави. Еве и на вчерашната дебата доживеа дебакал. Кај и да е ќе му пропадне водството.
 
Иако изгледа како Друмпф :D ќе победи мислам дека на крај ќе го јадит од кој било демократ.

Само ме интересират каков став имат за богатите американци и компании, тие кои финансираат политички кампањи?

Sent from my D2403 using Tapatalk
 
токму така претседател се бира. психопатите се најпогодни за таа позиција.
 
Ако нешто може да ме убеди дека масони, Евреи и банкари ја водат задкулисно Америка тоа се Хилари и Трамп,. Не ми е сфатливо како може да се довери таква моќна земја во раце на вакви дебили.

Трамп неподнослив е и никаков, ама ај ќе кажеш има створено нешто, намплатил пара , станал нешто ама оваа гадура раздрекана шо никој немаше да ја спомне да не и го дадеше Бил во муцка на секретарката не сфаќам како се докопа то толку моќ .

Тој Берни Сандерс не го спомињам за озбилен кандидат, ме потсеќа на Најчевска со цела нервотичност што ја зрачи, плус ставовите и политиките на средношколец со Че Гевара маица и бамбус литро со литро
 
Чекајте малку, мене стварно не ми е јасно како може да води Трамп? Една асална работа немам прочитано на нетов за него, една. Сите можни популарни веб сајтови, youtube-ери, фејсбук страни цело време зборат против него.
Еве, последно, видете и децава од KIDS REACT што мислат за него.
Дури мислам и како намерно цело време да зборат против него, а пак тепа. А ме потсеќа и на ситуацијава во земјава.
Тука ги заборавам голем дел од Американците кои не користат интернет и гледаат само републиканско-наклонети телевизии и презимето Трамп ги асоцира на успех или има уште нешто?

Па, во последната реченица делумно ти лежи одговорот на прашањето зошто Доналд Трамп ужива висока доверба и популарност кај американците.

Да, добар дел од американците го кажуваат своето мислење во јавност, а не на Интернет, каде што врие од тролови, но не - телевизиите кои застапуваат про-републикански ставови, не се ни малку обожаватели на Доналд Трамп.

Типот е успешен бизнисмен кој вработува илјадници работници од секакви националности, раси и религиски определби низ сите делови на САД, и знае добро да ги искористи своите бизнис врски за да допре до средната класа, која е најзагрозена во моментов во САД.

Ајде за споредба погледни го портфолиото на неговите противници - Тед Круз, Марко Рубио, Хилари Клинтон, Берни Сандерс - кој од овие кандидати е успешен бизнисмен или направил нешто добро за обичниот американски смртник ?

Батали ги Интернет коментарите и статиите, тие имаат бумеранг ефект, додека нивните автори очекуваат нивните негативни критики и плукања по Трамп да резултираат со помала доверба во него кај гласачите и помала популарност, во пракса се случува спротивното - со секоја нова навреда и негативна критика упатена кон Трамп, неговата доверба и популарност кај гласачите расте.

На крајот од денот, типот е уште еден најобичен профитер и манипулант, но сепак пристапува кон американските гласачи поинаку од неговите противници - не излегува со политички приказни и со секојдневни ветувања, туку излегува со конкретни планови, како на пример, неговиот план за даночна реформа, кој предвидува секој граѓанин кој не е во брачна врска, а заработува до 25.000 американски долари годишно, да не плаќа данок на личен доход, а истото да важи и за брачните парови кои заработуваат помалку од 50.000 американски долари годишно.

За останатите, Трамп планира намалување на даноците, така што најнискиот данок би изнесувал 10% од годишната заработувачка, а највисокиот данок би изнесувал 25% од годишната заработувачка.

Еве ја табелата со планираниот даночен план од официјалниот веб сајт на изборната кампања на Доналд Трамп за 2016 година.

donald_trump_tax_plan.png


Бог знае дали ова воопшто ќе стане реалност во САД доколку Трамп биде избран за претседател, но барем типот излегува со конкретни бројки и знае како да игра со зборови и ветувања, за разлика од останатите политичари кои претежно само дудлаат, и токму тоа придонесува за големата доверба и популарност која Трамп ја ужива кај американците.
 
Последно уредено:
Ако нешто може да ме убеди дека масони, Евреи и банкари ја водат задкулисно Америка тоа се Хилари и Трамп,. Не ми е сфатливо како може да се довери таква моќна земја во раце на вакви дебили.

Трамп неподнослив е и никаков, ама ај ќе кажеш има створено нешто, намплатил пара , станал нешто ама оваа гадура раздрекана шо никој немаше да ја спомне да не и го дадеше Бил во муцка на секретарката не сфаќам како се докопа то толку моќ .

Тој Берни Сандерс не го спомињам за озбилен кандидат, ме потсеќа на Најчевска со цела нервотичност што ја зрачи, плус ставовите и политиките на средношколец со Че Гевара маица и бамбус литро со литро
Има цел тим позади нема да ја остаат сама да води држава. Проблемот е што е најстабилен кандидат од фаворитиве,и ја да сум Американец би ја гласал. Барем ќе си продужи политика ко сите нивни претседатели до сеа,со овие двајцава ништо чудно цел свет у курац да отиде.
 
Има цел тим позади нема да ја остаат сама да води држава. Проблемот е што е најстабилен кандидат од фаворитиве,и ја да сум Американец би ја гласал. Барем ќе си продужи политика ко сите нивни претседатели до сеа,со овие двајцава ништо чудно цел свет у курац да отиде.
Svetot e veke otiden vo kurac a ti se nadevash Clinton da ja opravi rabotata. Dream on....
 
Svetot e veke otiden vo kurac a ti se nadevash Clinton da ja opravi rabotata. Dream on....
Зборам ако бев Американец :) Да веројатно светот е отиден во курац ама негде помалце негде поише. Во америка главен проблем им е црнец што застрелале а во сирија има 250 000 мртви. Не глеам зашто би ризикувале со некој неписмен како трамп да си ги заменат местата.
 
IMG_20160306_051207.jpg
[/url][/IMG]
IMG_20160306_051207.jpg


Круз изгледа се издигнува како најголем конкурент на трамп кај републиканците.

Две добри победи за берни и еден очекуван пораз во луизијана. Не ми е јасно како може црнциве толку многу да ја поддржуваат хилари. Лесни победи за хилари во сите црнечки држави досега. Утре демократите гласаат во мејн каде што се очекува победа на берни. Се на се добар викенд за стариот, победа од 3-1 викендов пред можеби клучните десет дена за него. Во вторник и на 15 ти следуваат последните апла прохилари држави. После 15ти на ред доаѓаат проберни државите и ако успее да оддржи пристојна разлика многу веројатно ќе биде да гледаме неизвесна трка до самиот крај :гик:
 
"If you're a kid caught with marijuana in Michigan, you get a police record. If you're an executive on Wall Street that destroys the American economy, pay a $5 billion fine, no police record." - Bernie Sanders

Е стварно му го плесна во лице пред цела америчка јавност на Клинтонка, за време на тв-дуелот на CNN.
 
Во Мичиген, Клинтон имаше предност од 10% на анкетите, на крај победа на Сандерс со 3% разлика. Фаќа залет Берни изгледа.

Сега доаѓаат повеќе држави каде што Сандерс стои добро, па може да ја загрози Клинтонка и да биде тесно до самиот крај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom