- Член од
- 30 декември 2014
- Мислења
- 378
- Поени од реакции
- 460
- Возраст
- 30
Во многу од сојузните држави Демократите имаат катастрофална логистика на терен (чист пример е тоа што глупавата Џони Енрнст од Ајова беше реизбрана, а Демократите требаа да се прошетаат таму). Додека со фрлалето охромни пари во сенатски трки каде што однапред немаа шанси за победа (фрлија еден тон пари во Кентаки за Ејми МекГарт за да го победи МекКонелИ сето ова не е баш некој успех за Демократите кои фрлија многу пари во држави каде не земаа сенатор + изгубија места во Претставничкиот дом. Ако земеме дека и Бајден многу тесно ќе победи на претседателските избори, после целата таа кампања, немаат премногу причини за радување Демократите.
Изборите за сенатори во Џорџија во јануари ќе бидат историски скапи, ќе се фрлат многу пари. Републиканците треба да победат во една од двете трки за да имаат мнозинство во Сенатот.


Сепак уште кога завршија изборите во 2018-та се предвидуваше дека Републиканците ќе го задржат Сенатот и во 2020-та со оглед на државите каде се бираат и рејтингот на кандидати кои си ги бранат седиштата. На Демократите во најдобар случај им се даваше 50 седишта, евентуално 51. Но откога почна пандемијата и драмите во двата дома на Конгресот околу пакетите за стимул, на Републиканските кандидати одеднаш им падна рејтингот и им се зголемија шансите на Демократите во Сенатот. Како што објасни Нејт Силвер вчера, покрај голем "син бран" имаше и мал "црвен бран" кој ја "неутрализираше" големината на "синиот бран".
Е сега во 2022-ра, согласно државите кои доаѓаат на ред да имаат избори за сојузни Сенатори, им се даваат прилично добра можност да го освојат мнозинството во Сенатот (или задржат, ако добро пројдат во Џорџија во Јануари). Ако го пропуштат тој пенал за 2 години, тогаш целиот нивен логистички тим треба да им се обеси.