До сега, највеќе придонел за растење на Американската моќ и претварање во светски полицаец, Реган. Тој ќе остане запишан во историјата како најголемиот претседател на САД на сите времиња. Во негово време САД за првпат во нејзината историја стана неприкосновена број еден држава во светот.
Е сега филмот на Трамп што е незнам... Ама заедно со Хилари дефинитивно придонесоа до сериозно разнишување на националното единство на САД и како резултат на све тоа, гледаме поларизирано општество со длабок јаз.
Трамп сам по себе не е виновен за сето ова, туку едноставно тоа е природниот тек на настаните, и други империи се загушиле во сопствената ароганција.... Очигледно е дека светот функционира така, мора да има поларност, ако таа не постои, со тек на време ќе се оформи.
Рецептот на Роналд Реган за растење на американската моќ и претворање на САД во светски полицаец беше намалување на даноци, регулирање на големите бизниси, зголемување на воениот буџет и се разбира - поголеми задолжувања и поголеми долгови.
Последиците од политиките на Реган беа почувствувани во САД дури во 1990 и 1991 година кога САД влегоа во рецесија, но тоа беше откако неговиот заменик Џорџ Буш Постариот го наследи во 1989 година, поради што Буш Постариот го кркаше стапот на редовните претседателски избори кои се одржаа во ноември 1992, на кои победи Бил Клинтон.
Единствена причина зошто Реган не е во неславното друштво со Џорџ Буш Постариот и Џорџ Буш Помладиот, е бидејќи Советскиот Сојуз се распадна во 1991 година, а Реган ги собра заслугите за неговото распаѓање, поради што американците го величат - и тоа со право, бидејќи Реган ги поддржуваше и вооружуваше муџахедините во Авганистан против Советскиот Сојуз, чии што вооружени сили поразени и понижени го напуштија Авганистан во 1989 година, што само го забрза распаѓањето на Советскиот Сојуз.
Доналд Трамп веќе игра на картата на Реган - ги намали даноците, претежно за богатите, но сепак ги намали, но за да ја задржи поддршката од корпорациите и големите бизниси, плавиот Трамп ги укинува регулативите кои ги ограничуваат нивните права и можности, за разлика од Реган кој ги воведуваше таквите регулативи, понатаму плавиот Трамп се крсти во американските вооружени сили, во зголемување на воениот буџет и во продавање оружје и муниција на традиционалните партнери на САД како светскиот спонзор број 1 на тероризмот во светот - Саудиска Арабија, и се разбира, си ги припишува на себеси заслугите за новите вработувања во САД.
Реган своевремено амнестираше над 3 милиони нелегални имигранти во САД во 1986 година со амин од американскиот Конгрес - под услов да не се пушти ниту еден нелегален имигрант повеќе на американска територија - но бидејќи ова правило престана да важи за време на владината администрација на Барак Хусеин Обама помеѓу 2009 и 2017 година, плавиот Трамп планира да гради ѕид на границата помеѓу САД и Мексико, бидејќи нелегалните имигранти воопшто не ги интересираат американските закони.
На Реган му требаше дежурно плашило - тоа беше Советскиот Сојуз, плавиот Трамп сака неговото дежурно плашило да биде Кина или нејзиното куче Северна Кореја кое лае, но не каса, додека Џон Мекејн и военото лоби во САД сакаат дежурното плашило да им биде Русија.
Откако ќе расчистат плавиот Трамп и републиканците кој да им биде дежурно плашило, ќе си истераат бизнис како и вообичаено заклучно со 2021 година, ако не и заклучно со 2025 година, па ако во меѓувреме се случи нова рецесија или нова економска криза, победникот на наредните редовни претседателски избори во САД ќе биде од редовите на Демократската Партија на САД, а во спротивно - доколку последиците задоцнат, како што беше во случајот со последиците од политиките на Реган - победникот на наредните редовни претседателски избори во САД ќе биде од редовите на Републиканската Партија на САД, а бизнисот како и вообичаено, ќе си продолжи - без разлика кој ќе победи на било кои наредни претседателски избори во САД.