Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
kano тоа е реално лечење на симптомите наместо решавање на проблемот а тоа е дека професорскиот кадар е комплетна тиња и дека со тоа што им дозволија на локалните власти да именуваат директори на школи комплетно се партизира целото образование и основото образование е под контрола на локалните шефови. Еве во Лазо Ангеловски во Аеродром директорот е осуден дека малтретирал вработена и нејзините деца, ПРЕД 3 ГОДИНИ. И уште е директор.

Да немавме вакво драстично намалување на населението ние веќе ќе немавме наставници и професори по математика, физика, хемија, итн... . Директорите на школите и преку нив партиски примените наставници,професори се криви за најголем дел од проблемот.

На универзитетско ниво секако го срозаа образованието професорските кланови на кои им се дозволува трета-четврта генерација да држат професорски позиции како да се благородништво и отворањето на приватните "факултети/универзитети" за да прават пари и штанцаат дипломи.

Екстерното и кембриџ програмата беа буквално ставање на фластер на човек прободен од копје низ срце. И највеќе што ме нервира е таа "модернизација" и реформирање на "застарените системи". Значи како и сам што си кажуваш тие застарени системи создавале кадри од кои функционирала една индустриска држава, во советскиот сојуз тој образовен систем ги однесол во вселената, во Кина ги претвори во најголема економска сила.

Еве и поради идеолошки причини да ги тргнеме тие системи. Зошто никој не вика ајде да го копираме системот на Јапонија или Кореја или Сингапур, држави кои несомнено имаат едни од најдобрите образовни системи. Зошто таму се бара 150% дисциплина, работа и почитување на ред. Туку цело време се иде на копирање на нај-површинските решенија кои всушност на ниту еден начин не го решаваат проблемот, туку само замачкуваат очи а притоа нема никаква вистинска промена.

u pravo si samo svetot se menuva a so toa e potrebno i eden vid modernizacija pa i voveduvnje standardi za da moze da se izednaci sistemot kolku tolku.

posledniot paragraf ti e 100% na mesto, moze i treba da se zemat aziskite napredni zemji za primer samo sto nie celime da sme del od zapad a ne istok
 
Еве и поради идеолошки причини да ги тргнеме тие системи. Зошто никој не вика ајде да го копираме системот на Јапонија или Кореја или Сингапур, држави кои несомнено имаат едни од најдобрите образовни системи. Зошто таму се бара 150% дисциплина, работа и почитување на ред. Туку цело време се иде на копирање на нај-површинските решенија кои всушност на ниту еден начин не го решаваат проблемот, туку само замачкуваат очи а притоа нема никаква вистинска промена.
Е да си здрав и жив за муабетот, ама тука кај нас најмногу лежи проблемот во народот, не во политичарите.

Народот е тој што бара неговото глупо дете да добие повисока оцена, народот е тој што не признава дека не е способен, народот е тој што дава мито, народот е тој што бара да се пикне на државно, народот е тој што плука и фрла ѓубре на улица, народот е тој што се буни против повеќе учење.
Ама, не ќе им се земело детството, немало да може да играат надвор :tapp:

Решението е едноставно, а тоа е труд и самокритичност.
Меѓу помладите можеби има мал процент на луѓе кои веќе ја разбираат суштината, но мислам дека се премалку и побрзо ќе попуштат/ќе заминат од тука, отколку што нешто ќе се промени.
 
На ова да не мислиш?

70d.jpg

Автоматски споено мислење:

Да те прашам, ако една војска е недисциплинирана кој е крив, војниците? или офицерите? ако едно стадо е разбегано на сите страни, кој е крив овците? или овчарот?

Не може да е народот крив што нашите водачи 30 години ги уриваат сите институции и не може народот да е крив што нашите водачи одбираат да слугуваат на странци наместо на народот и не може да е крив народот што неговата интелектуала наместо да се чувствува како Македонска се чувствствува како Европска и мисли дека народот ја држи назад.

Не може народот да е крив за се. Народот во Германија во сабота вечер како што пие сеи фрла флаши на земја и иде и моча и сере на ѕид од катедрала во центар на град. Али во недела сабајле и понеделник, целиот центар на град СЈАЕ. Зошто? зошто имаат институции кои се раководени од луѓе кои ги тераат да си ја вршат работата.

Како може да влијае народот на фактот дека во овие 30 години, кај нас школите си оформија неформални совети за поправање на оценки на најлошите ученици, а немаме совети за да бидат наградени најдобрите ученици? Што државата комплетно го урниса статусот на гимназиите и што повеќе немаме елитни гимназии од било која сфера? Што стандардите во образованието наместо да се зголемуваат и да имаш барем 2-3% годишно што паднале година, они ги урнаа стандардите за сите да завршуваат?
 
Последно уредено:
Што знам... У тие институции седат имплантирани непријатели спуштени од Марс, или можеби седат луѓе произлезени од истиот тој народ?

Не се произлезени од народот, барем не од 1946. Од 1946 до 1990 имавме водачи произлезени од Белград одкако Белград ги уби сите наши водачи. Од 1990 година наваму имавме на почетокот смена на власт меѓу водачи произведени од Белград и од САД и сега имаме само смена на власт помеѓу две гарнитури произлезени од САД и ЕУ.

Нашиот политички систем е заробен веќе 80 години. И ако до 1990 водачите поставени на врв морале да бират барем просечно способен среден менаџмент, зошто тие на врвот ја влечеле својата моќ од државата ( Југославија) а главната закана им била од надвор, денеска вршат максимална негативна селекција зошто они својата моќ ја влечат од нивните странски господари, додека најголемата закана им е од внатре.

И на нив им одговара што понегативна селекција и распаѓање на секоја институција за да нема што да ги предизвика. Многу слично како кај Арапските Монархии и диктатури, кои се вечно уплашени од преврат на власта и заради тоа не дозволуваат да има ниту една компетентна институција.

Еве ти најчист пример, нека излезе човек како Цанде ( за аеродром што се кандидира) пред народот и да видиме која подршка ќе ја добие. Никаква нема да има. Ама они во фамилија се втора генерација пратеници зошто му одговараат на системот такви луѓе да бидат на такви позиции. Зошто Цанде никогаш нема да има амбиции, дури и да ги има никогаш нема да биде способен да ги исполни.

Затоа и имаме избори со листи, за да можат да го скријат партиите трулежот во системот.

И уште два примери како може народот во Русија кој во 1920 имал 21% ПИСМЕНОСТ, со само една смена на власт 15 години подоцна да има 85% писменост и доволно обучен кадар да бидат трета најголема индустрија во светот, а за 5 години покасно и втора најголема индустрија во светот. Власта пред тоа не потекнувала од народот?

Види ја Јужна Кореја, од Корејската војна до 1961 биле една од најсиромашните земји во светот. Афричко ниво на сиромаштија. Државна политика им била проституција на нивните жени со амерички војници за прилив да девизи. По промена на раководството, имаат 8% годишен економски раст и стануваат високо развиена индустриска држава со повеќе конглометари кои прозиведуваат се од чекич до процесори. А исто како нас имаат скоро 0 природни ресурси и имаат непријателски односи со сите околни држави.
 
Последно уредено:
Небитно, целата оваа лепеза од гомна со која се шљакаме 30 години: Киро, Бранко, Љубчо, Груевски, Заев, Мицковски... све е тоа произлезено од овој народ. Народот е гомно.

30 години гласаме за ВМРО и СДСМ и еве го резултатот и пак ќе ги гласаме. Тоа се луѓе произлезени од нашето народно ткиво. Гомна како нас.

Глеј ја темава само.
Имаш 30 години серење по урбанизам, здравје, екологија, правна држава, дигнитет и серење по буквално све.
30 години!
30 години тоа го прават СДСМ и ВМРО и сега тука некој збори за ВМРО имале јак кандидат, или на СДСМ бил јак кандидат...

Како јак? Што е јакото тука?
Дали овој кандидат на СДСМ/ВМРО ќе го прекине триес-годишниот ланец на корупција во локалната самоуправа? Можеби сега, после триес години, ќе избереме кандидат на овие две партии кој нема да соработува со урбаната мафија? .... Сега, Максим, Муцко, или како и кур да ги викате тие селски кметови, што ви се популарни по селендрите и по скопските општини (кои се на пат да бидат селендри), сега он ќе дојде и ќе го скрши тркалото што неговата партија (СДСМ/ВМРО) го кова и врти 30 години.
ако се лажеме
 
Што не ќе прочиташ, екстерното било за да се спречи партизација во образованието :pos: Па партиски вработувања беа главна одлика на таа партија,стигна работата во приватни компании да бараат членска, ако им беше целта департизација, ништо да не праевеа повеќе ќе постигнеа.
 
70d.jpg

Автоматски споено мислење:

Да те прашам, ако една војска е недисциплинирана кој е крив, војниците? или офицерите? ако едно стадо е разбегано на сите страни, кој е крив овците? или овчарот?

Не може да е народот крив што нашите водачи 30 години ги уриваат сите институции и не може народот да е крив што нашите водачи одбираат да слугуваат на странци наместо на народот и не може да е крив народот што неговата интелектуала наместо да се чувствува како Македонска се чувствствува како Европска и мисли дека народот ја држи назад.

Не може народот да е крив за се. Народот во Германија во сабота вечер како што пие сеи фрла флаши на земја и иде и моча и сере на ѕид од катедрала во центар на град. Али во недела сабајле и понеделник, целиот центар на град СЈАЕ. Зошто? зошто имаат институции кои се раководени од луѓе кои ги тераат да си ја вршат работата.

Како може да влијае народот на фактот дека во овие 30 години, кај нас школите си оформија неформални совети за поправање на оценки на најлошите ученици, а немаме совети за да бидат наградени најдобрите ученици? Што државата комплетно го урниса статусот на гимназиите и што повеќе немаме елитни гимназии од било која сфера? Што стандардите во образованието наместо да се зголемуваат и да имаш барем 2-3% годишно што паднале година, они ги урнаа стандардите за сите да завршуваат?
Од каде доаѓаат водачите на институциите? Од надвор или од народот?

Финтата е да намалиме луѓе во државна администрација и во јавни претпријатија, а не да го сереме градот па ајде нека има + 1000 души што ќе чистат после нас. Едноставно немаме основна култура.

Зошто кај нас е сообраќајот катастрофа?
Би се согласиле ако кажеме дека поради селективните казни, ама на крај на денот џабе се казните ако народот е дива лига.
Можеби прогресивни казни би решиле дел од проблемот, т.е би направиле да имаат мака и богатите (примерот со тој што се возеше на плоштад), но повторно ќе имаш прекршоци.

Народот може да влијае, да го загрее столчето и да почне да си го заработува местото во општеството.
Бидејќи на секој чекор пробуваме да фатиме shortcut ги имаме и ќе ги имаме овие проблеми.
Ако ти побара доктор мито, оди пријави го, ама ретко кој сака да се чепка со ова и обично си плаќа.
 
Инаку има разлика од екстерното тестирање во школите и матурата, и екстерното за факултет што сакаа да го воведат кое беше класичен power strugle со универзитетските професори кој не им по кејф. Поточно Уким беше реткото место кај што владата немаше никаква контрола и со екстерното мислеа да ги фатат за јајца.
А матурата и екстерното во основните школи си беше добар концепт, го има во многу држави али реализацијата е катастрофална кај нас. Бидејки ја практично го осетив, може 1000 мани да му најдам, али ете може да се оправда со добрата намера. Исто и за компјутер за секое дете, добра идеа али во прва ги донесоа компјутерите до 4та немаше ни еден здрав. Ја практично го доживеав цел проект од првичната идеа, до реализација и последниот компјутер коа го напушти школото без да имам единствен час со употреба на истите. Тоа е кога праиш нешто колку да се каже.
 
Од каде доаѓаат водачите на институциите? Од надвор или од народот?

Квислинг од каде потекнувал ако не од Норвежаните? што е важно кога се повторно инсталирани од некој друг. Нема народ на светот кој нема трулеж кој може да биде инсталиран и одржуван како квислиншка власт.

Финтата е да намалиме луѓе во државна администрација и во јавни претпријатија, а не да го сереме градот па ајде нека има + 1000 души што ќе чистат после нас. Едноставно немаме основна култура.

Од каде го извлече тоа дека треба да вработиме уште. Значи ние веќе имаме вработено, треба да им се стават менаџери кои ќе ги тераат да си ја вршат работата. Тоа ни е проблемот што никој ништо не работи.

Ете ние за разлика од Германците преку викенд не фрламе флаши од пиво директно на земја кога ќе ги испиме. Сакаш да отидеме сега на плоштад да искршам флаша да видиме кога ќе ја исчистат? Не може ние да не прљаме колку они што не чистат. Невозможно е тоа. Ние не можеме да имаме свест колку што они не работат.

Би се согласиле ако кажеме дека поради селективните казни, ама на крај на денот џабе се казните ако народот е дива лига.
Можеби прогресивни казни би решиле дел од проблемот, т.е би направиле да имаат мака и богатите (примерот со тој што се возеше на плоштад), но повторно ќе имаш прекршоци.

Народот може да влијае, да го загрее столчето и да почне да си го заработува местото во општеството.
Бидејќи на секој чекор пробуваме да фатиме shortcut ги имаме и ќе ги имаме овие проблеми.
Ако ти побара доктор мито, оди пријави го, ама ретко кој сака да се чепка со ова и обично си плаќа.

И што ти вредат тие прогресивни казни, пријавувања, итн ... кога НЕМА КОЈ ДА ГИ СПРОВЕДЕ. Зошто нема кој да ги спроведе? зошто тие на власт ги руинираа сите институции за да нема кој да ги спроведува тие правила и они да можат да прават што сакаат.

Знаеш колку полесно се подига свест кога имаш контрола врз Министерство за Внатрешни Работи и како и да се вика најновата варијација на тајната полиција. Многу брзо наместо како некој попуштен по N`ти пат да се собираат опаковки од чоколатца и шишиња по планини.
 
Последно уредено:
Им ја урнале прославата на Уставен. :vozbud:
Што е бе стари, пак плачеш по форуми зошто не би отворил ваков муабет со Заев?
Знам дека е глупо коа млади деца имаат повеќе муда од тебе ама тоа е, муда не се купуваат у двете досегашни партии. Ај ти е гајле, барем не го јадеш од некој функционер на Дуи, секогаш има полошо.
 
Што не ќе прочиташ, екстерното било за да се спречи партизација во образованието :pos: Па партиски вработувања беа главна одлика на таа партија,стигна работата во приватни компании да бараат членска, ако им беше целта департизација, ништо да не праевеа повеќе ќе постигнеа.
Никој никаде не кажа дека екстерното бил начин за спречување на партизација во образованието. Слободно цитирај ме мене (пошто ја сум покретач на таа дискусија), или било кој тоа што го има кажано.

Екстерното служеше како контролирачки механизам, механизам кој покрај тоа што требаше да ги контролира професорите, требаше и да постави стандарди во образованието.

Инаку има разлика од екстерното тестирање во школите и матурата, и екстерното за факултет што сакаа да го воведат кое беше класичен power strugle со универзитетските професори кој не им по кејф. Поточно Уким беше реткото место кај што владата немаше никаква контрола и со екстерното мислеа да ги фатат за јајца.
А матурата и екстерното во основните школи си беше добар концепт, го има во многу држави али реализацијата е катастрофална кај нас. Бидејки ја практично го осетив, може 1000 мани да му најдам, али ете може да се оправда со добрата намера. Исто и за компјутер за секое дете, добра идеа али во прва ги донесоа компјутерите до 4та немаше ни еден здрав. Ја практично го доживеав цел проект од првичната идеа, до реализација и последниот компјутер коа го напушти школото без да имам единствен час со употреба на истите. Тоа е кога праиш нешто колку да се каже.
Мнозинството универзитетски професори се оние кои што го утепаа максимално образованието, се разбира, со чест на исклучоци. Професори кои што не се способни да ги спремат колегите (учениците) за животот после факултет, ниту пак да ги обучат доволно за да бидат компетативни на пазарот на трудот.

Реализацијата не беше идеална, но беше далеку од катастрофална. Покрај минимални технички грешки (кои ќе се средеа со тек на време), екстерното беше солидно и функционираше онака каква што му беше намената. Единствено што би променил би било тоа да се стави во секоја училница барем еден претставник на министерството за образование, или можеби инспектор кој што би ги пазел професорите и учениците како не би имало помагање и препишување, останатото си функционираше и постоеше простор за надоградба.

Реално да збориме, пошто си некаде моја генерација, матурата при завршување на средно училиште беше далеку полоша од екстерното. Од екстерно се плашеа само ученици кои што знаеја дека оценките не ги заслужуваат, како и професорите кои што си немаа врска и ставаа оценки како ќе им ќејфне. Еве, јас сум имал исти оценки на екстерно како што сум имал цела година, со еден искључок каде што на екстерно добив поголема оценка од онаа која што ми ја имаше професорот ставено, професор кој поради вербален конфликт одбиваше да ми ја стави заслужената оценка.

Сите тие реформи беа одлични, но се работи за менталниот склоп на учениците, како и на професорите и директорите на училиштата. Не можеш ти како професор, класен раководител, директор или слично да дозволиш деца во пубертет да кршат и да крадат нешто што целиот народ го плаќа. Дури и у моја генерација имаше типец кој што низ прозор фрли 15тина монитори, за на крај наместо да биде избркан да го префрлат само во друг клас, а цела училница да остане без ниту еден монитор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom