Штом државата влезе во некаков пакт со некаква доминантна сила, етикетата на таа држава е залепена. Веќе не е битно колкав дел од популацијата бил против тој режим, ниту какви биле личните убедувања на раководствата на тие држави. Македонија колку и да е инсигнификантна и гнида од држава, сега е дел од НАТО пактот колку и да звучи смешно. Ако НАТО изврши агресија врз некоја држава, Кина, Русија, Србија, небитно, нема бегање од етикетата НАТО агресори, се додека учествуваме макар и со еден војник, тоа и ќе бидеме, агресори.
Плус и многу ми е интересно како главен аргумент на Бугарите дека не биле дел од оската, им е тоа дека во 44 смениле страна, што сосема случајно коинцидира со почетокот на крајот на нацистичка Германија. Дали доколку Германија ја разбиеше СССР се до Владивосток, они сепак во 44 ќе станеа партизани?