Ќе видиме каква припрема ќе им дојдат, ама смешно е да се препукуваат меѓусебе како тетки некои, во ситуација кога имаат заеднички противник кој ги моча од ѓерамиди и кој буквално си тера самоволие на власт, како државата да е негова приватна своина.
Ни закон, ни Устав, ни амандмани се прифаќаат, ни демократија има, ни мислење од опозиција се зема во предвид, а тие се фатиле меѓусебе да се препукуваат. И не може човек да не се смее на тоа, пошто смешно е.
Ама ако, нека тераат, да видиме до каде.
Да се потсетиме само дека Левица беше окарактеризирана како комуњарска партија од страна на ДПМНЕ. Нешто како создадена за да го расцепка гласачкото тело на ДПМНЕ. Истото го тврдеа и СДСМ, а вистината беше дека Левица ги придоби сите оние на кој преку кур им беше од овие две партии.
Оваа власт промени име, потпиша секакви договори, дозволи бугарите да ни се серат а ДПМНЕ буквално ништо не направија во врска со ова. А што ќе направат, сркаат парички за патни трошоци, бизнис иде, пари капат.
Најгласни од говорница се само пратениците на Левица, Апасиев и Крмов. Останативе само постојат.
Еве ако сум пропуштил некој моќен говор на пратеник на ДПМНЕ слободно постирај го тука.
Апасиев е и единствениот кој јавно говори против албанскиот шовинизам. Ниту еднаш патриотите од ДПМНЕ не се дрзнаа на нешто слично.
Зарем со вавки да коалицира Апасиев?
Левица колку и да е во пораст сама никогаш нема да може да стигне, ниту да се одржи власт. Народот е толку многу поделен и потребно му е обединување за да се спаси од ши.тарските мршојадци, и само обединет македонски народ ќе може да си ја врати државата назад. Клиентелизам или како сакаш кажи го, моментално ги одржува IQ33 / СДС / ДУИ на власт. Приоритет на Левица и на сите останати опозициони партии треба да е рушењето на оваа фашистичка власт, по секоја цена што подразбира и коалицирање со ВМРО. Левица и да го превземе цело членство на ВМРО нема никогаш да успее да дојде на власт, баш поради тој клиентелизам и тезгарошење на СДС / ДУИ, треба да се фокусираат на делкање и цепкање на членството на СДС, а ако се фокусира само на ВМРО (како што прави во моментов) IQ33 уште долго ќе се задржи на власт.
Па мислам дека Левица се појави во идеален момент.
Ако успеат да изборат една изборна единица (што не ми се верува) тогаш Левица би станала голем фактор при формирање влада.
Како и да е, јас очекувам наредни парламентарни минимум 5 пратеници а потоа некаде помеѓу 8-10.
Едноставно не гледам како ДПМНЕ со Мицковски и СДСМ со Заев би ги вратиле веќе изгубените гласови.
И да, приоритет на Левица е рушење на оваа власт. Дали е приоритет на ДПМНЕ или сепак побитни им се внатрепартиските препукувања?
Слушнав како веќе има поделба на Мијлакови против Мицковски. Нешто слично се случува и кај СДСМ, но они се моментално во пол позиција затоа што можат да понудат работа на сончогледите и така да придобијат гласови за уште еден мандат.