Тодор Петров
МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ГЕРМАНИЈА
МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА ПРОТИВ МОЖНОСТ МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ПРИФАТИЛИШТЕ ЗА МИГРАНТИ ЧИЈ АЗИЛ ПОРАДИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ НЕ Е ОДОБРЕН ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО!
7 декември 2025 година, Берлин, СР Германија - Централниот совет на Македонците во Германија во врска со информациите во британските медиуми за можноста од депортација на мигранти од Обединетото Кралство кои таму нема да добијат азил, упати отворено псимо до Претседателката на Република Македонија, Претседателот на Владата на Република Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за добро владеење, министерот за надворешни работи, министерот за внатрешни работи, министерот за труд и социјална политика, министерот за одбрана и сите останати надлежни министри во Владата на Република Македонија.
Централниот совет на Македонците во Германија бара итно појаснување на меѓународните медиумски извештаи за можни договори помеѓу Обединетото Кралство и Република Македонија за прифаќање одбиени мигранти. Во отвореното писмо се вели.
“Почитувана претседателке на Републиката, почитуван претседател на Владата, почитувани министри, во изминатите денови, водечки меѓународни медиуми - како “The Times“, “BBC“, “Sky News“, “The Guardian“, “Daily Mail“ и други европски и светски медиуми, објавија извештаи дека Обединетото Кралство наводно води разговори со Македонската Влада за трансфер на одбиени мигранти и азиланти од Обединетото Кралство во Македонија, во замена за економска или финансиска поддршка.
Овие информации предизвикуваат значителна загриженост, недоверба и вознемиреност кај Македонците, по род и државјанство, во татковината и светот.
Централниот совет на Македонците во Германија, како организација која претставува значаен дел од оваа заедница, јавно се обраќа до Вас со неколку барања.
Централниот совет на Македонците во Германија, од Владата на Македонија бара веднаш да даде јасна и официјална изјава: Дали се водат разговори или преговори со Обединетото Кралство за прифат на мигранти без одобрен азил од Велика Британија во Македонија? Доколку ова е точно, кој е точниот обем, содржина и цел на овие разговори? Дали плановите вклучуваат прифаќање на лица кои биле одбиени поради безбедносни причини, криминално однесување или неможност за интеграција? Дали е предвидено право на спојување на нивните семејства? Доколку не постојат никакви планови од овој вид, очекуваме итно јавно демантирање, за да се спречи растечката вознемиреност во јавноста.
Според медиумските извештаи, станува збор за мигрантски групи кои во земји како Обединетото Кралство или Германија се сметаат за: неинтегрирачки, недозволиви, со криминално минато, и со зголемено безбедносно или социјално ризично однесување.
Ако развиени држави со силни институции не можат успешно да се справат со овие групи, тогаш е целосно нереално и неодговорно да се очекува дека Македонија како мала држава со ограничени ресурси ќе може да го стори тоа.
Централниот совет на Македонците во Германија потсетува дека, Македонија: има само околу 1,8 милиони жители, се соочува со сериозно загрозена демографија, има долгогодишни и длабоки структурни проблеми како корупција, преоптоварени институции, недоволна инфраструктура, економска ранливост, веќе трпи масовно иселување на сопственото население.
Централниот совет на Македонците во Германија оценува дека проблематичниве мигрантски групи ќе ја загрозат јавната безбедност, ќе ја нарушат социјалната стабилност на земјата, ќе го променат демографскиот баланс и етничката и верската карта на Македонија, ќе создадат долгорочни последици по државата и општеството.
Централниот совет на Македонците во Германија оценува дека проблемите не се решаваат со префрлање на мигрантите од една држава во друга, на тој начин само се продлабочуваат и создаваат нови проблеми таму каде што тие не постоеле.
Централниот Совет на Македонците во Германија со индигнација отфрла било каков договор за прифаќање на мигранти кои не добиле азил во Обединетото Кралство, поради искуствата со растечки проблеми во европските земји со одредени мигрантски групи, порастот на криминал, насилството, трговија со дрога и други тешки дела - Дури и држави со напредни системи не се во состојба ефикасно да го решат овој предизвик.
Централниот совет на Македонците во Германија оценува, доколку Владата не даде појаснување во најкус можен рок на поставените прашања, ќе се смета дека британските и светските медиумски извештаи се точни, а разговорите се во тек или се веќе одминати.
Централниот совет на Македонците во Германија во таков случај, најавува широка информираност на јавноста во Македонија, мобилизација на Македонците во светот, соработка со сите граѓани - без разлика на етничкото потекло, верското уверување, социјалниот статус, општствената положба и политичката припадност, за правни постапки и мирни протести пред Собранието и Владата на Македонија сѐ додека ваквите планови не бидат целосно отфрлени и јавно одбиени.
Централниот совет на Македонците во Германија предупредува дека Македонија не смее да стане прифатилиште за проблематични групи мигранти од други држави - ниту тајно, ниту преку неофицијални договори, а од Владата очекува транспарентност, одговорност и јасна позиција во интерес на макединските граѓаните - дома и во светот!“