Пророкот
Ќе ме биде...
Некои биле за Југославија, некои биле против, успеале тие што биле за Југославија, па неможеш да зборуваш за недоброволно предавање на делот од суверенитетот, кој претходно и воопшто не сме го имале оти не сме постоеле како држава.
Можиме да мериме било кој параметар, сакаш економски сакаш општ квлаитет на живеењето. Само немој со немаше орбит мастики.
Намерно и од вакви размери неподигање на сметот, намерно доведување во прашање здравјето на луѓето ради политички хирови никогаш не се случило. Можно е да имало понекогаш доцнење, ради дефекти и слични работи, ама намерно овака како што сега се случува... охооо, ке го папал некој 20 лета кај идриз и немало да му се дозволи да направи проблем од вакви размери, ке бил сосечен уште на стартот. Сега никој со прст не мрда, секој се правда и лови политички поени на очиглед на заразата која ни се заканува.
Неможе да се споредува. Може ние не сме биле оние кои имале најголем ќар од Југославија, но дефинитивно сме оние кои најмногу изгубија од непостоењето на Југославија. Дојдовме на дерџе да повеке и не сме држава, ги немаме нишаните што треба да не легитимираат како држава.
Ако не сакаш да споредувам/е неспоредливи работи, особено работи кои „денес„ ги има а „тогаш„ ги немаше, тогаш зашто споредуваш начин на владеење од еден центар на моќ (една партија), кој постоеше во претходниот систем, со начин на владеење денес, каде власта (може да) е повеќепартиска, менлива и заменлива?...
Еве, се‘ почесто слушаме дека во и околу АСНОМ, не сите делегати-Македонци бликале од радост ради влегувањето во Федерацијата, иако (веројатно...) сите Македонци бликале од радост ради оформувањето на национална и долго посакувана држава...ама не нужно да биде и федерална единка, туку повеќе независна држава.
Се чини дека повоената македонска држава е формирана на начин за кој „некој„ нешто крие...па оттаму и влегувањето на Македонја во Федерацијата на не особено „доброволна„ основа.

, кога немале време да гласаат, ќе учат втор јазик