Стевчо си се кандидраше на своја рака во Карпош, против желбите на ДПНЕ.Со оглед каков кандидат имаа ДПНЕ и колку малку вложуваа труд за промоција на истиот, верувам дека планираа исто како во Центар да им го остават и Карпош на СДС. Го подржаа во вториот круг зошто СДС имаше многу лош резултат, а и после распадот во прв круг, Стевчо можеби и сам ќе успееше да си победи.
После изборите комплетно се раскарааа поради две причини. Првата причина е зошто на Алијанса, ДПНЕ им даде огромен број на места и по управни одбори и директорски места по ЈП додека на ГРОМ не им даде ништо, второ пробаа во Карпош комплетно да се вградат во урбаната мафија ДПНЕ , а на него да му остават трошки. На кратко се испокараа како класични шибицари за кој повеќе да краде.
Потоа Стевчо си се здружи со ДУИ во поглед на урбаната мафија во Карпош и сите дупови им ги додели на нивни луѓе, додека во град Скопје со Данела која му даде мислам две директорски места на ЈП.
Сега во моментов целта му е само-промоција и да дојде до 1-2 пратеника со кој се надева ќе може да тргува со следната власт. И верувам дека до негде му е мотив и да одработи против ДПНЕ зошто смета дека го потцениле.