Полирање

  • Креатор на темата Креатор на темата cige
  • Време на започнување Време на започнување
Sonax+wax ako e sjajna bojata,ako e izbledena bilo koja gruba pasta pa potoa bilo koj vosok kako zastita :salut:
 
шмишајбна е брусалица(шлајферица) така?
т.е. ова
slika-MALA-BRUSALICA-SKIL--1085749x640.jpg

или е башка за полирање нешто?
 
Никако со брусалица!Ти треба полирка со која се избира бројот на вртежи (од 800 вр/мин до 2000 или повеќе) и не треба да се задржуваш на исто место затоа што отиде бојата.
 
Za Home made poliranje preporacuvam pamucni krpi i trijanje so race,nestrucno lice za poliranje moze da go osteti lesno lakot so masina za poliranje,za domasno poliranje isklucivo race i krpi,na kraj odkako ke ja ispolirate karoserijata obavezno stavete vosok za zastita,i na kraj da se prebrise vosokot so mikrofiber krpa, i posledno odi volnena, krpa prebrisuvanje celiot avtomobil so nea :salut:
 
Да постирам на темава јас ја пројдов колата со полир паста рачно и еве како излезе

pr2n.jpg

pr1h.jpg

Инаку фарбата е скоро 15 години стара
 
Требало да ја сликаш пред да ја полираш, или ако си ја сликал постирај за да се долови разликата. Инаку, вака изгледа одлично. Каква паста користеше? Нешто подготовка пред/после полирање?
 
Требало да ја сликаш пред да ја полираш, или ако си ја сликал постирај за да се долови разликата. Инаку, вака изгледа одлично. Каква паста користеше? Нешто подготовка пред/после полирање?

Немам слика пред да биде полирано ама разлика и те како има бидејќи бојата не беше баш во сјајна состојба затоа што колата никогаш не е гаражирана, постојано стои на сонце, дожд, снег...

Инаку користев од Turtle Wax восок, 250 денари е а има доволно за 10 пати колата рачно вака да се исполира. Од подготовка само претходно првин ја исправ, потоа со памучна крпа го нанесувам восoкот, а со волнена го чистам.

dark%20green%20color%20magic.jpg
 
Ova e moe delo porano polirav so 3m sega podobro mi izleguva so Lesonal germasni polituri , znaci nikogas nema da dobiete rezultati ako polirate racno, posle prvo perenje bojata se vraka kako sto bila pred 'poliranje'
 
Attachments

  • 06102011055.jpg
    06102011055.jpg
    539,3 KB · Прегледи: 58
Ај да напраиме еден прост есап. Шмишајбна чини околу 1000-1500 ден (мала). Не повеќе од 500 ден. чини шајбна специјална за полирање какви што користат по авто-лакерниците и сервисите за миење и полирање. Едно шише восок за полирање нека чини 800-900 ден...Со 2-3 полирања го вадиш вложеното и ти останува опрема за полирање, башка што шмишајбната ќе ти се најде и за други ртаботи ако смениш шајбна. ...1.500 или 1.600 денари да им дадам за полирање???? Иди бегај бе, не сум е*ан во мозок!:drk:
секој со својот есап... јас на пример не се сложувам со оваа математика... на пример да ја оставам колата на полирање за 1500 денари, а во меѓувреме да си седнам во нај блиското кафанче, да си оптегнам нозе и раце, да здрвам некое месо на скара додека си пијуцкам нешто и да не ме болат раце и нозе од трљање на ФАРБАН ЛИМ... нека работат нешто и лугето и нека заработат...
--- надополнето: Dec 1, 2011 11:21 AM ---
Точно е тоа што го кажуваш .. ама тоа е за они шкарт шмишајби !! Ја на пример имам шмиц шмишајбна и е со потенциометар ( можеш сам да си подесиш со која брзина ке работи ) и со таа се полира многу подобро него со овие непрофесионални полирки .. имав случај кај што колата беше ептен ептен избледена .. си земав полир со ониј најголемите гранули .. ја намачкав и пробав прво со 1000 вртежи .. па зголемив до 2500 .. ама некако не ми се свиѓаше па ја зголемив до кај 3500 и колата беше како нова ! Затоа мислам дека е подобро да земеш некоја поскапа и квалитетна шмишајбна што ке можеш да ја користиш и за да сечеш и да полираш ! :))
профи полирка не само што врти со точно одредена брзина туку има и одреден степен на вибрација... да не објаснувам зашто и како, потребно е и тоа, а на шмиргшајбната тоа го нема...
 
секој со својот есап... јас на пример не се сложувам со оваа математика... на пример да ја оставам колата на полирање за 1500 денари, а во меѓувреме да си седнам во нај блиското кафанче, да си оптегнам нозе и раце, да здрвам некое месо на скара додека си пијуцкам нешто и да не ме болат раце и нозе од трљање на ФАРБАН ЛИМ... нека работат нешто и лугето и нека заработат...
Море заеби седење на кафе секој ебан ден седам на кафе затоа еднаш во 3-4 месеци зиам полирката и 3М паста (1400 ден ама имаш ке забораиш кога си ја купил) викаш другари домашно вино директно од бочва топла гаража и за три саати асолно полирање ( на спора брзина додека не се потроши пастата да не остава линии) имаш кола со сјај на тазе фарба. Ако тргне пиењето мозе и усте една кола да ја пројдеме само со доста утки е таа :).
 
а така може... само и мезе нешто... мрсно нешто...
 
секој со својот есап... јас на пример не се сложувам со оваа математика... на пример да ја оставам колата на полирање за 1500 денари, а во меѓувреме да си седнам во нај блиското кафанче, да си оптегнам нозе и раце, да здрвам некое месо на скара додека си пијуцкам нешто и да не ме болат раце и нозе од трљање на ФАРБАН ЛИМ... нека работат нешто и лугето и нека заработат...
--- надополнето: Dec 1, 2011 11:21 AM ---

профи полирка не само што врти со точно одредена брзина туку има и одреден степен на вибрација... да не објаснувам зашто и како, потребно е и тоа, а на шмиргшајбната тоа го нема...
Оставам кола на само комплетно козметичко средување во сервис при што ми е вклучено покрај полирањето на школката и полирање на бандашите, хемиско чистење на целосната внатрешност и нејзино средување. Чини околу 50 евра, ама вреди. И нема шанса да завршат за саат-два. Обично ја оставам колата околу 9-10:00 сабајле а ја зимам после 17:00 и неможам да ја познаам кога ќе ја видам(ова во најпозитивна смисла го велам) :)
Инаку, само за полирање на школка не носам кола на сервис, образложив претходно зошто. Точно дека можеби профи-апаратурата има свои предности, но реално, не се даваат толку пари за полирање ако знаеш дека при наредни 2-3 перења со детергент за бесконтактно перење од восокот нема да остане речиси ништо.
 
Kај ја носиш на хемиско?
 
кој е подетален за хемиско перење машко или женско? од мој машки агол на гледање на работите, машкот ке гледа само да заврши побрзо а женското ке гледа детално да ја заврши работата, за да дојдеш пак нели....

авто перална давковски, се наоѓа на крајот од булеварот видое смилевски бато (продолжението на јане сандански) и сопствениЧКАТА на пералната сама прави хемиско перење на возила. детална, точна, педантна и навремена. еден процес на хемиско перење трае повеке саати и цената за хемиското на колата зависи од колата (не тресе цени од ракав туку според површината за средување и секако нивото на валканост на возилото).

еве ви телефон:078-285-045 ДАНИЕЛА.

ова не е реклама за неа, туку контакт за сите што сакаат да си направат саглам хемиско перење и полирање на возилото. за полирање знам дека ги праќа на 25 метри од нејзе кај еден извесен борче, кој што има профи електрична полирка. во договор е со него а он не е скап...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom