Покрај поскапувањето на струјата, укината е и дневната ефтина тарифа

  • Креатор на темата Креатор на темата SpiderWeb
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој до форумов има сменето од Двотарифно во Еднотарифно мерило ?
 
Повторно сретнав напис за далаверите на трговците со струја
http://www.press24.mk/tri-milioni-e...ijavi-za-trgovcite-so-struja-koi-kartelski-se
Ќе ги казнеле три милиони евра , но ќе имало и кривични пријави
Во написот се наведени и имиња на прекршителите.
Ќе видиме како ќе се одвиваат работиве
Своевремено, Шекспир, сакајќи ( а не смеејќи ) да каже дека во Англија работиве нечинат, преку Хамлет рекол
„ Нешто е скапано во Кралството Данска “
Мислам дека ова важи и са струјата во „ Кралството Данска “
 
„Македонските граѓани нема да останат без струја, ниту пак ќе плаќаат поскапа електрична енергија од увоз, бидејќи Електрани на Македонија го произведува потребното количество на струја, а со тоа ги исполнуваат обврските за потребното производство.“
Тврди Алфа ТВ
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=84798#.VF8aXzTF__I
 
Речиси да не веруваш
Потрошувачката на струја во Република Македонија е намалена за 11,4%
Ете до кај не донесоа тие што ни ја продаваат струјата поскапо од колку што струјата чини во САД и Европа и што ни ја укинаа ефтината дневна тарифа. Претходните години се намалуваше 2-3 % годишно, а погледнете сега.

http://lokalno.mk/se-namaluva-potroshuvachkata-proizvodstvoto-na-struja/
 
И на МРТ, вест дека потрошувачката на струја е намалена

„Потрошувачката за првите 12 дена од овој месец во однос на 12 дена од декември лани е намалена за 20%, кога зборуваме за Република Македонија. Да ги кажеме и бројките 192 илјади мегаватчасови се потрошени во земјава оваа година, а минатата година околу 238 илјади мегавт часа. И на ниво на Скопје е намалена потрошувачката за некои 16 до 17 проценти“, вели Атанас Ковачевски, портпарол на „ЕВН-Македонија“.

http://mrt.com.mk/node/18177
 
Изминатиов период бев малку зафатен со работа и не гледам воопшто вести, што се случи со изборот на снабдувач за домаќинствата? Се пролонгира ова или во моментов само фирмите избираат?
 
МАКЕДОНИЈА ТРОШИ 3,5 ПАТИ ПОВЕЌЕ СТРУЈА ОД ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ
E наслов во Утрински:
http://www.utrinski.mk/?ItemID=84152F82CC99EC4BAF306ACE2245FAD8
А ова тврдење новинарите го слушнале на: „ Ова беше посочено на денешната тркалезна маса за подобрување на конкурентноста на компаниите, организирана од Македонската енергетска асоцијација и од Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент. “
А во таа МЕА се добро познатите „ експерти “ и „ визионери “
 
Македонија ќе снема јаглен за некоја год и ќе увезува 100%. Е сега дали ќе е поефтин увезениот не се знае. Само знам дека тој Во Косово е висококалоричен со екстра квалитет. Се надевам нема да влијае на сметките за струја.
 
Во Дневник е објавен новинарски коментар во кој се анализира ситуацијата со обезбедувањето на струја.
Коментарот е, мислам претерано, песимистички - погледнете
http://dnevnik.mk/?ItemID=760429A0E04E2E40A76724E460068D26
 
Во Дневник е објавен новинарски коментар во кој се анализира ситуацијата со обезбедувањето на струја.
Коментарот е, мислам претерано, песимистички - погледнете
http://dnevnik.mk/?ItemID=760429A0E04E2E40A76724E460068D26


Абе шо пишува оваа се подигнала свеста за штедење на ел. енергија. Абе смешки невидени, скапа им е на луѓево така е подигната свеста за штедење :icon_lol:.
 
Можно е. Снабдувач е независен субјект, не порврзан со операторот на дистрибутивниот систем. Патем, веќе и има државен снабдувач само на многу мал број на индустриски потрошувачи - ЕЛЕМ Енергетика која ги снабдува потрошувачите во кругот на МЗТ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom