Целта на настанов требаше да биде еден заеднички бесплатен доручек на социјалните случаи, сиромашните, бездомниците, ама не на пензионери (кои понатаму во постов не ги спомнувам повеќе, бидејќи за нивните реакции и постапки тешко е да се суди и критикува поради сенилноста, одртавеноста и функционирање само на зомби инстинкти и рефлекси), не на градски фраери и дамици со шатирани и фарбани скапи фризури, лакирани нокти со наставци, цвикери, накити и што све не. Фаци кои платата ја даваат за да имаат скапи очила за сонце, саати, најнов мобилен, скапа фризура, вечно дотерани па нели треба да бидат видени на сите кремски места и дење и ноќе, а дома во фрижидер го немаат ни од трите подолгото (а како би го фукнале кога би го имале). Некои пишаа дека ова е селска работа и дека лапачката што ја пикаа по кеси ќе се носи на свињи или на кокошки. Тој што чува прасиња, пилиња и кокошки има доволно за лапачка. Си има бате он дома и бавча, се родило патлиџанче, пиперче, клавче, тиквица, си посадил све што му се јаде и не оди да се брука на ваков циркуз. А како само слатко ќе се изеде доручекот кој во кесата се напраил бетер од помија која ни прасе не би ја помирисало, а после право на Кеј или Ленинова кисни со саати сит до врв. Ова е знак кај ни оди градот. Се повеќе се дава за глупости, а се помалку за храна, а да не збориме за квалитетна и здрава. Гладен е народот по градот, ама по своја вина! Затоа во иднина почесто ќе гледаме ненормално и апропорционално развиени деца, а "пеер дај гриз" све почесто ќе се слуша (од деца со скапи фармерки, патики и телефони) на големите одмори по школите. Имаше луѓе кои финансиски не можат да си го дозволат и на кои навистина им треба овој оброк, а ги немаше таму. А не верувам и дека би дошле и кога би било наменето за нив. Гледав пред некое време на ТВ прилог за некоја народна кујна. Луѓето едноставно се срамеа што ги снимаат, но неволјата ги натерала на тоа. Не сакаат нивната мака да биде видена. И тие што ги интервјуираа беа скромни и благодарни на тоа што им го дал Бог, не јадеа гомна како тоа смрдлето вчера дали кашкавалот бил растителен или тврд како бетон. Демек он дома само на ементалер е.
Во иднина вакви глупости НЕ!