Подочници - чест или страшен проблем

  • Креатор на темата Креатор на темата ANHELITO
  • Време на започнување Време на започнување
Добро бамуја,ми се чини дека можите да почните да пишувате со кириличното писмо. Редно е.

Подочњаци малку сосем онака,некоја црта,инаку потемнување такви работи не. И тоа кога сум уморена нормално,кога не сум си ја тргнала пудрата пред да си легнам или кога не сум наспана ко шо треба (што е многу честа појава)
Бамуја ?? ? На мариовски дијалект :D или Прилепскиот го совладуваш ?
 
Пред некоја недела ми се случи да патувам без прекин 30 саати и ко се видов во огледало, не подочњаци... подвожњаци имав. Иначе немам проблем, гледам секогаш да сум наспан и одморен.
 
многу се нервирам одкако знам за себе ги имам подочњациве, наследни ми се изгледа, има ли некој лек за нив? барем привремено да ми ги снемува би бил среќен,..
 
многу се нервирам одкако знам за себе ги имам подочњациве, наследни ми се изгледа, има ли некој лек за нив? барем привремено да ми ги снемува би бил среќен,..
Ич не се нервирај и јас имам такви од роѓења:icon_lol: ама не се замарам.Дури се зачудив кога дечко ми пред многу години ми кажа му изгледале секси женски со подочници.Можеби има и жени на кои им се секси мажи со подочници и затоа кулирај.Лек не знам, а не ни барам си ги сакам ја моиве...:pipi:
 
Па..коа сме ко вампири..коа не спиеме ни една ноќ...асално..ЌЕ ИМАМЕ НОРМАЛНО.
 
Дали кесички од нане би завршиле работа? И дали во аптека има крема или слично за подочници.
 
Според една спроведена студија (не се сеќавам точно во кои западноевропски земји била спроведувана) медицинските експерти дошле до конкретни резултати во врска со подочниците. Имено, тие утврдиле дека ефектот на подочници (и покрај бројните други причини) се појавувал и како резултат на во голема мерка изразените капилари на површината под самиот слој на кожата на лицето.
Меѓутоа, и за овој крајно непосакуван ефект со кој се соочуваат се поголем број на лица ширум светот, сепак и за истиот постојат бројни третмани за третирање на истиот. Еден од нив беше подетално објаснет во неколку магазини во весниците и други печатени едукативни и здравствени изданија. Всушност, во истите беше наведено дека доколку се употребуваат „пастите за хемороиди“ (бидејќи истите придонесуваат за намалување на протокот на крв во капиларите и вените) како апликатори на зоната каде што се наоѓаат подочниците, дека значително ќе се намалел ефектот од појава и подолго постоење на истите на лицето. Колку е точна оваа информација не знам! Бидејќи јас никогаш овој метод не сум го применил врз себе. Во секој случај, не Ви препорачувам да го применувате овој метод се додека не се консултирате со лекар или фармацевт за ова и не Ви потврдат позитивно!

Се надевам дека ова ќе биде од некаква помош или насока за преземање на натамошни мерки за третирање на ефектот на подочници, особено на тие што најмногу и секојдневно се соочуваат со овој проблем!
 
Читав дека ништо не помагало, освен мал оперативен зафат, ова за оние што ги имаат постојано. Неубави вести. :(
 
Ко ја видов темава ми текна на еден муабет од пред 2 дена. Сменив профилна на фејсбук, и онака од нигде никаде влетува женскава со коментар на чатот- ко некој убиец си...........ко некој наркоман. Поубав комплимент амин нели :love:

(а не ме праша пример дали тој ден убо се наспав, дали 4 сати ми се доволно, па така ги имав пуштено тро повеќе не од вообичаено)
 
Ко ја видов темава ми текна на еден муабет од пред 2 дена. Сменив профилна на фејсбук, и онака од нигде никаде влетува женскава со коментар на чатот- ко некој убиец си...........ко некој наркоман. Поубав комплимент амин нели :love:

(а не ме праша пример дали тој ден убо се наспав, дали 4 сати ми се доволно, па така ги имав пуштено тро повеќе не од вообичаено)

Штом се појавила од нигне-никаде тогаш веројатно била заинтересирана за тебе. Шала на страна, земи „дотерај се“ со некои шеркови или слично (девојките тука можат да ти помогнат да се „замаскираш“;)) и сликај се поубаво за профил-слика. И „фрли се во акција“ друже.[DOUBLEPOST=1447840984][/DOUBLEPOST]
Читав дека ништо не помагало, освен мал оперативен зафат, ова за оние што ги имаат постојано. Неубави вести. :(

Решението не е се во оперативниот зафат колега. Подобро помини многу поголемо време во анализирање и детално простудирување на одредени предлог-методи за ефектот со подочници. На Интернет имаш навистина голем избор... почни да бараш и на други јазици... Сигурно ќе најдеш нешто! Во светот денес скоро и да нема некоја појава, болест и сл., (со исклучок на тешките случаи на тумори, ракови, сида итн.) кои не се предмет на успешно третирање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom