Би седела дома. Што одмор ќе биде тоа ако знам дека луѓето со кои одам ќе се отепам од досада и седење дома? :nenene: Поарно ќе си останам дома и ќе си бидам со моето друштво. Ако пропуштам една година за одење на одмор не е крај на светот сепак..
Нема ништо полошо од лошо друштво. Не се исплати цела година да штедиш и парите да ги фукнеш на таков одмор. Тоа не одмор, зашто нели...битно е друштвото а не местото. Јас би останал дома дефинитивно. Или би избегал негде сам, онака на максимално опуштање ...
Па дома нормално. Лошо друштво само штета може да ми направи, не гледам какви убави моменти би имала со него. Вака дома ќе си најдеш милион други занимации, не е крај на светот ако не излезеш еден ден или викенд, сеедно.
Па зависи... Ако е дојдено до таму да *мора* да се оди на одмор, најдобро би било да одам само со партнерката и без друго друштво, отколку со напорно друштво.
Мислам, одење некаде со напорни луѓе не е одмор, туку напор. А за тоа не вреди да се даваат екстра пари.
Идење по одмори со несоодветна екипа е = ПРОПАСТ....
значи безвезе потрошени пари и време....
подобро седи дома и биди корисен/а.....
на пример .... чистење соба,местење кревет...:pos2:
...учење(кој има) и така натаму....
Поарно дома со книга, нет, филм, отколку горчливо(буквално и преносно)пиво со неиздувани фаци што би ме убиле во поим. Енергија на такви не давам, Мил мој телевизору
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.