Подложни на промени?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Колку сте подложни на промени?
Дали често екпериментирате и пробувате нови работи или пак си се држите за вашиот начин на живот и не сакате многу да менувате?
Колку сте слободоумни и подготвени да внесувате новини во вашиот живот?
Или сте позатворени за промени?
Ааааааа интересно, интересно:wink:
Не сум многу подложен на радикални промени, н осекогаш сум расположен за привремени промени кои ако ми се допаднат стануваат навика и дел од мене.
Често правам рифреш на животов, но во глобала секогаш останувам она што сум бил, но овој пат надограден со нови работи (промени)
 
Ретко кога правам промени, се плашам едноставно да не биди полошо...
Некогаш ќе ги направам, за некои се каам, за некои не..но си се придржувам на правилото старо но сигурно:smir:
 
Промени во животот ? не, не менувам многу ,сакам сигурност и постојаност . Но ако се однесува до мене лично тука сакам промени и се трудам колку можам повеќе да се променам во однос на мене со др. луѓе ,блиски и не толку блиски , се трудам колку можам да се усовршувам како личност ,да го подигнам степенот на толеранција , прифаќањето на луѓето такви какви што се .Колку успевам ? па скромно нагоре помалку.Да бидам искрена некогаш пукнувам и ми се чини дека се враќам на почеток, но сега многу побргу се враќам во нормала.
 
Се е во зависност за какви промени станува збор. Личност сум што мрази монотонија, т.е. се едно па исто...така да не можам да поднесам животот да ми биде направен по некој шаблон...напротив...сакам да фаќам кривини и да променувам мн. работи. Сакам да менувам стилови, да испробувам разни работи, менувам фризури(иако за ова ми иде малку потешко зашто малку страв ме фаќа да не утнам...:)), места на излегување, итн.итн... Се трудам да менувам се во позитивна насока...
Ок, карактерот и мислењата не ги менувам...освен доколку сама сфатам дека нешто кај мене не чини, или ако некое мислење ми го побијат со силен аргумент, па да морам да попуштам од моја страна... Промена на пријатели исто не сакам. Не дека не сакамм да запознавам нови пријатели, напротив...но не сакам да си го менувам старото друштво за некое штотуку запознаено.
 
...Не го променувам само стилот на облекување и карактерот...
Другите работи сакам и практикувам да ги променувам, за да не ми отиде кон монотоност животот...
 
не експериментирам толку често...но секоја прилика која ке ми се пружи за нешто ново шо го немам доживеано го користам...можам и поке...ама пошто сум мрза оставам самото да си дојди...
 
Колку сте подложни на промени?
Дали често екпериментирате и пробувате нови работи или пак си се држите за вашиот начин на живот и не сакате многу да менувате?
Колку сте слободоумни и подготвени да внесувате новини во вашиот живот?
Или сте позатворени за промени?

Јас сум личност која многу често и здосадуваат некои работи во животот. Се трудам секојдневно да внесам некој промена.. Отворена сум за промени..

Не би можела да живеам во монотонија.. Секој ден се едно исто.. Промените прават да се чувствувам задоволна од себе и да знам дека не стојам во едно место цело време..:toe:
 
промени ... шо знам шо да речам некогаш сакам и убо ми идат некогаш онака ко да осеќам страв од промени . зависи прво за шо се работи па после колкав е ризикот од промената. а честопати ми се случило да напрам некоја промена да видам дека не бива па пак да се вратам на старото ... додуша појќепати така прам :).

има една поговорка шо вика победничкиот коњ не го менвај ... можи е точна :)
 
Не сакам многу да експериментирам и да ги менувам моите животни навики и прилики доколку истите ме исполнуваат . Дури и за оние ситните промени (на фризура, на стил на облекување, на ново место за излегување ) не се решавам баш лесно. Можеби затоа што се чувствувам сигурно во тоа што моментално ми стои на раслолагање и зошто би менувала кога играм на сигурни карти?
Иако свесна сум дека понекогаш треба на одредени ситуации да изиграм похрабро со поголем ризик, сепак некое внатрешно ЈАС ме сопира и ме тера да играм на сигурно.
 
Во животот секогаш е убаво да се направи промена и мислам дека е во ред но никогаш да не се претерува или да не се прави се одеднаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom