JeepMkd
Scratch model builder
Ваква слична тема имаме, Зима иде, си треба грижа!, но таа ќе биде заклучена затоа што има вредни совети и со надополнување на истата ќе се изгуби прегледноста.
Тука слободно дискутирајте за начинот на употребата и видот на производите со кои се справувате против зимските услови.
Да започнам со еден совет: Доколку се` уште не сте ја провериле состојбата на течноста за ладење (антифризот), направете го тоа во најкраток можен рок. Би требало сите поголеми продавници за делови да имаат мерачи, а ако не сте сигурни отидете во некој сервис, по можност да не ви биде наплатено затоа што е ептен едноставно. -20 до -30 е задоволувачки особено ако возилото стои надвор, а се над тоа е уште подобро, но не и неопходно.
Никогаш, ни во лето, не ставајте и не долевајте вода во системот. Секогаш користете антифриз. Освен што антифризот не мрзне, исто така и подобро го лади системот (ретко кој го заприметил она 'coolant' или едноставно не му обрнал внимание) и има точка на вриење на околу 125 степени целзиусови.