Подготовка на полжави

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
ima i otkup na polzavi, moze i kontakt da dadam.
 
Ќе се окозиш дур собереш некое кило :D
30 големи полжави собравме за кратко, додека расчистувавме кај овошките ... Може и не е тешко да се соберат?
Ама па на реклама5 некој нуди 20 денари од кило, не ми се исплaти за таа цена ни да запалам кола да го барам откупувачот :D
 
30 големи полжави собравме за кратко, додека расчистувавме кај овошките ... Може и не е тешко да се соберат?
Ама па на реклама5 некој нуди 20 денари од кило, не ми се исплaти за таа цена ни да запалам кола да го барам откупувачот :D
Мери ги тие 30 полжави да видиш колку тежат.
 
Не се лоши за јадење мене вкусот на полжавиве ми е некаква лајт варијанта на риба, само додека ги направиш ќе потрошиш мнооогу вода и кој знае уште колку струја. Првен во ладна вода ги мијам 5-6 пати оти пуштаат лиги, нечистоти итн после 2-3 води да извријат убаво па на крај ги запржувам во презла
 
Јас лани прв пат припремив и пробав полжави, се изненадив колку се вкусни, нема ама баш никаков непријатен мирис напротив многу се вкусни и мислам дека секому би му се допаднале ако не му се каже дека се полжави.
Лани ги спремив без да ги прегладнам или нахранам со чиста храна како лозов лист, зелка, марула, тоа го видов откако ги спремив и ги изедов. Денеска собрав едно 5-6 кила и сега ги ставив во гајба на суво да се прочистат односно да излезе прљаштината со што се хранеле некои предлагаат 3-4 дена други од 7 до 10, јас планирам да ги оставам барем 5-7 дена па потоа ќе ги спремам.
Инаку спремањето не е ништо посебно се варат во 2 води се чистат од куќарката се јаде се само цревата се фрлаат потоа се варат уште неколку часа за да убаово се разварат откако убаво ќе се сварат може да ги приремите како сакате, има безброј рецепти, сакате запржени, во манџичка, на скара баш како сакате, јас сакам да доминира вкусот на полжавот и не сакам да им додавам многу интензивни зеленчуци, можеби најдобра варијанта би било на ќумур на скара или на плотна, или пак запржени со лукче сепак тоа е веќе избор на вкусови.
 
Не се јаде секој полжав...
Бидејќи се лигави и имаат многу тврдо месо, треба да се чуваат без храна неколку дена пред спремање или пак во рана пролет да се соберат, уште кога не почнале да јадат.
Прво се чистат во оцетна вода и се варат во зовриена солена вода околу 15 минути. Полжавите угинуваат во зовриената вода. Потоа се полеваат со ладна вода и може да се извлечат од куќарката полесно, со мала заоблена жица, завиткана како јадица.
Останатото го правите по вкус, нели за вкусовите не се расправа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom