Подарокот што сте го барале како дете , али никогаш не сте го добиле

pinball-machine-cyclone-med__42333.1320766962.1280.1280.jpg

и

t_87927-04.jpg
 
Кога бев копиљ еден другар од маало имаше тепих со улици курац палац. Многу беше јако пошто можеше да си возикаш бураго колички на него. Ептен фраерско. Е сеа, моеш да замислиш која љубомора ме корнеше тогаш а срам да прашам од кај му го купиле. И таков и вртам на мајка ми од време на време муабети ова-она многу е јак тепихот али никад не ми го купија. А многу беше јак тепихот. И еднаш се деси бевме на рампа купуваа нешто моиве и што да видиш, у такво едно забутано продавниче за теписи, џам нов таков тепих. Абе се убив од молење, џабе. Пак останав без тепихот. После тоа ми купија едно такво најлонче со иста функција али не беше тоа тоа.
Прва работа што ќе ја купам за моја сопствена куќа ќе биде таков тепих, ако треба на старо ќе го барам.
 
playmattrafficplus.jpg

хехе :)
 
Воздушна пушка, по можност со зум :)

Потајно сум ја посакувал, ама никогаш не сум ја побарал... Кај кур ќе ја пукам во центар на Скопје? :pos:
Топ,во коли ,минувачи и тн.:rolleyes:
 
не се сеќавам во тие тешки времиња,послератни
можеби и сигурно сум имал и јас некоја желба,во време кога си правевме сами пушки и пиштоли од багремови гранчиња и жици и трчавме боси по Вардар и Калето викајќи Камај утепан си падни.Но една желба ми е наметната,не да не сум ја сакал. По земјотресот значи1964 година,вујко ми „тешка му земја-побара на заем пари од мојте и во тоа време се штедеше и во книшки на децата.Па му ги дадоа нивните ама и некој си „мој“и на брат ми од наши книшки по 250.000 ЈУ денари.Скоро миљонче.Вујко ми ни обеќа дека ќе ни купи точак за таа услуга.Парите никогаш не ги врати и точак никогаш не купи.Почна со некој бизниси-приватно.Дуќанот за точаци беше карши нашата куќа,на главната тогашна улица во градот што водеше од старата железничка станица до тетовска трошарина,„Маршал Тито“.Секојдневно сум го лепел носот на стаклото на излогот а од таа страна тој-точакот од мојте соништа.Го имаше црвен и темно плав,дечки со подебел горен рам и широки гуми со никловани калници.Понекогаш ако има повеќе муштерии во дуќанот ќе влезев и внатре и ќе ги малку и допирав овие тичаци додека не ме истераат продавачите.
Ми остана само да сонувам за детски точак,а понатаму гледав момент да го украдам на таткоми големиот црн „Рог“ и да го повозам под рам низ маало.
--- надополнето: 6 декември 2012 во 20:53 ---

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom