Подароци

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
ne e bitna cenata bitno e vnimanieto...jas iskreno najmnogu sakam cvekinja i mnogu sum happy koga ke mi podarat...:vozbud:
 
Јас многу сакам да примам и да давам подароци.Мислам дека цената не е важна,важно е вниманието..Кога бирам подароци сум многу неодлучна,бидејќи подарокот сакам да му биде по ќејф на оној што му го подарувам.
 
обожавам подароци, посебно кога купувам за лугето кои најмногу ѓи сакам
Не ми е битна цената на подарокот туку вниманието кое ми е посветено со подарокот што ми е даден
 
Denes kupiv solji za kafe za mojata prijatelka koja se veri...super se:back:
 
Вредноста на подарокот..

Кога избирате подарок за некоја личност, без разлика под кој повод, дали воопшто ви е важна вредноста на подарокот,,или само за поголеми поводи се одлучувате да дадете повеќе пари за подарок????? Подарувате ли без причина или секогаш со повод? Колку вам ви значи вредноста на подароците кои ги добивате? Дали повеќе би се израдувале на поскап предмет,,отколку на скромно подароче подарено од драга личност?????? Дали ги потценувате таквите скромни подароци??
Мене искрено не ми е воопшто важно колку е скап подарокот кој сум го дала или добила,, важно ми е да ми се допаѓа..секогаш избирам според вкусот а не според цената..а не им се радувам на подароците според нивната парична вредност, туку според личноста од која се подарени....исто така понекогаш е убаво да се подари без причина...една едноставна чоколада или букет цвеќе како гест на внимание може да ја замени вредноста и на најскапиот подарок...
сега повелете вие:smir:
 
Ги споив двете теми за подароци-мислам дека нема причина да се отвараат нови кога и така има неколку теми со кои директно навлегуваме во оваа тема.

Бујрум, дискусијата продолжува тука.
 
Не сакам големи и "дречливи" подароци, барем на мене да ми подаруваат. Пример - роденден. Ме асоцира тоа дека личноста која ќе ми подари таков подарок сака да се споредува со другите и да се докаже дека има повеќе пари од другите. Дека суштината е да се донесе што поскап и поголем подарок. Но јас сум личност која се радува на малите работи, така да дрангулии, дрндупки, заебанции се добредојдени кај мене и повеќе им се радувам.
На пример, за пред година - две за роденден другарките пред врата во картон од фрижидер ставиле банана и ливче на кое пишуваше дека немаат пари за поголем подарок, ама ми ја подариле бананата да си ја ставам во мојот фрижидер дома. Ми го развеселија цел ден, се изнасмеав отсабајлечки:)
 
Не се замарам премногу со цената кога купувам подарок, поважно ми е да се допадне на личноста и да одговара на приликата. Сепак тапа сум за бирање, скоро никогаш не знам што да земам така да обично гледам на друг да му ја дадам таа обврска:)
Кога добивам подарок секако поважно ми е вниманието, отколку вредноста на подарокот.
 
Подарок за дипломска

Дечко ми носи златно ланче без приврзок, сега му е дипломска и незнам каков приврзок да му купам... Златен крст, златна буква или златна плочка со на него изгравирано нешто верско... Незнам што друго би му купила, мислев златен приврзок Шток и нешто благо, верувам дека би било доволно, ама каков приврзок, ве молам за совет/мислење? :)
 
Не сакам големи и "дречливи" подароци, барем на мене да ми подаруваат. Пример - роденден. Ме асоцира тоа дека личноста која ќе ми подари таков подарок сака да се споредува со другите и да се докаже дека има повеќе пари од другите. Дека суштината е да се донесе што поскап и поголем подарок. Но јас сум личност која се радува на малите работи, така да дрангулии, дрндупки, заебанции се добредојдени кај мене и повеќе им се радувам.
На пример, за пред година - две за роденден другарките пред врата во картон од фрижидер ставиле банана и ливче на кое пишуваше дека немаат пари за поголем подарок, ама ми ја подариле бананата да си ја ставам во мојот фрижидер дома. Ми го развеселија цел ден, се изнасмеав отсабајлечки:)

Тоа се подароци кои ке се памтат многу подолго отколку некој да ти даде пари или некој парфем/дезодоранс. На другарите за матурска им купивме по едно киндер јајце и го ставивме во огромни картонски кеси заедно со порака мислам. Размерот на киндер јајцето со кесите беше 1/200.
Сепак за нај хардкор подарок што имам слушнато(незнам дали е вистина), на типот за роденден му земале празна кутија од ТВ и ја наполниле со цигли, фино лепо со црвена панделка заврзана кутијата. Кога ја видел се изненадил, кога ја отворил уште повеќе :vozbud:. Е де некој да забораве таков подарок.
 
Не ми е важна цената на подарокот, важно е да ми покаже дека личноста знае што ми треба. Многу сакам да добијам роза за подарок ама никој не се сетил :) , несакам мечиња и такви работи. И повеќе му обрнувам внимание на честитањето и ритуалот на давање на подарокот отколку на самиот поклон. Несакам скапи поклони ни јас не купувам такви. Кога се работи за некој што многу ми значи секогаш гледам да не му купам нешто ради реда. И обавезно пишувам порака. :))
 
Сакам да прашам дали и каков подарок се купува за започнување нова врска.
 
Па јас мислам дека не се купува ништо..вистински поклон ако врската е супер и трае..некои ги бројат и неделите и месеците..јас мислам дека добро е да се одбележат само некои поважни датуми во врска.. а ако ти значи девојката подобро да и подариш цвеќе (внимание) отколку било што матријално а што уште на самиот страрт ќе се почувствува должна некако да ти врати и надомести..Сепак има различни девојки, па ти процени како е најдобро :))
 
Подароци најчесто сум давал за родендени и тоа обично пари или некој парфем. Исто зависи и до личноста, некогаш знам и книга да подарам , според мене најдобар подарок за оној кој ја цени.
 
Речиси секогаш одбирам добар подарок, но додека го одберам сите производи ќе ги ставам во кошницата за купување и ќе ги вратам.

Мене лично највеќе ми значи некој нешто да ми подари со љубов, зошто некој ако тоа без љубов ти го фрла онака, џабе е се. Иначе поклон што мене највеќе би ми се свиѓал е парфем, икона, торта или нешто облека (но тоа често може да ти утнат).

Но сепак ќе повторам............, ако е без љубов подарено и примено, се е џабе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom