Не сакам големи и "дречливи" подароци, барем на мене да ми подаруваат. Пример - роденден. Ме асоцира тоа дека личноста која ќе ми подари таков подарок сака да се споредува со другите и да се докаже дека има повеќе пари од другите. Дека суштината е да се донесе што поскап и поголем подарок. Но јас сум личност која се радува на малите работи, така да дрангулии, дрндупки, заебанции се добредојдени кај мене и повеќе им се радувам.
На пример, за пред година - две за роденден другарките пред врата во картон од фрижидер ставиле банана и ливче на кое пишуваше дека немаат пари за поголем подарок, ама ми ја подариле бананата да си ја ставам во мојот фрижидер дома. Ми го развеселија цел ден, се изнасмеав отсабајлечки