Подароци за посебни денови во вашиот живот...

  • Креатор на темата Креатор на темата Слушаш Ли
  • Време на започнување Време на започнување
Купи и дијамантска огрлица од Сфаровски :D најскапата , шо ќе се лигавиш со плишано мече или срце то е демоде вејќе:LOL:
 
бело мече што држи црвено срце на кое пишува ТЕ САКАМ. :love:


всушност :tapp:


Не мора да е јебени валентајн за да поклониш нешто . Биди свој , подари и на 13ти !
 
друже,еве ти нешто оригинално - со оглед на возраста твоја;)можеш да си го дозволиш ова и да се позабавиш малку
се надевамм дека таа нема да ти се налути и ќе ја сфати шегата .
батали вина и ресторани - сепак си премлад за тоа

1265952271_girlfrient_valentine_day_01.jpg


1265952325_girlfrient_valentine_day_02.jpg


1265952363_girlfrient_valentine_day_03.jpg


1265952330_girlfrient_valentine_day_05.jpg


1265952313_girlfrient_valentine_day_07.jpg


1265952353_girlfrient_valentine_day_11.jpg


1265952366_girlfrient_valentine_day_12.jpg
 
Зошто секогаш мора на овој ебан ден да мислите за девојките бе? Што е тој толку посебен? Неможеш на некој обичен ден да и подариш нешто? Тогаш вистински ќе се израдува, колку и да не те сака.

Купи прво некое колаче во облик на срце. Намести кај тебе дома убаво, среди тоа упрдените гаќи на квака што ти висат, намести кај тебе во соба убаво масичките. После колачот, купи и нешто што вистински го сака, верувај, сигурно ти кажала дирекно или индирекно со желба дека ќе и купиш, па мавни си еден флешбек на мозокот. Ако не, купи и некое плишано мече или такво нешто, битно срцкасто да е, највеќе се топат на тоа. Цвеќе не заборавај, највеќе сакаат тоа. Е сега незнам каква е твојава, дали е бесна кучка или ке ќути и трпи што и да и дадеш. Ако е она првото, не заслужува ни да и дадеш ѓеврек. Запали свеќички (немора да се онакви ко од црква, ко на филмоине), сигурно по продавнициве има некои штосни и убави. Купи некое вино, или побарај му на татко ти, сигурно има некое од слава што му го дале. Немора ни да е квалитет, многу знае таа какво вино е, освен ако не е некоја хроник. Пијте со усул, пошто ти си и така дома, а она кој ќе ја враќа. Валда не сте до толку кретени да се наљокате. Направи и ја вечерта забавна, не треба никаков специјален поклон. Џабе ке трошиш за некоја скапи глупости, што некој ден нема ни да ги погледне. Уживајте само.


Пс. Измиј убаво тоа кенефот, стави некои прскачи и немој да си се исрал минимум 2 саата пред средба.


Или, само дупни го кондомот.
 
Кој кур бе муабетиве, се напнав, деновиве сите се фолираат нешто на форум, секој знае да напише што е правилно, дај не серете. Секој ден поклони им поклонувате на женскиве/дечковците или воопшто ги немате, ама слушнавте на филм дека не треба празник да се даде поклон па кул ви звучеше и преведовте па сега треба да ве чита некој колку сте закон?

Во времево женска е скапо, немоеш мал милион поклони да и подариш, дека е тешко да искочиш пиење и јадење да ја почастиш неколкупати неделно не пак секој ден. Една дневница не стига за едно искачање, камоли некаде поквалитетно. На кафе и сендвич тешко се потпира за двајца во ова време, не пак бензин за да ја однесеш, или такси да и платиш така да стварно не серете.

Поклони (под тоа не се мисли на цвеќе и честитка ок?) се знае, роденден, валентин, годишнина кога моеш да одвоиш повеќе и да има значење или еднаш онака ако си при кеш повеќе или наидеш ефтино, или креативно. И тоа. Не требало да се чека празник за поклон.. романтичните души они.
 
Се ближи Валентајн па во дилема сум што да и подарам на мојата женска.
Предлози ?
Доколку сте женско, што би сакале најмногу да ви подарат, а доколку сте машко, што имате до сега подарено, што ќе подарите или што доколку би имале женска би подариле ?

Мој предлог колку да се обележи празникот....тортиче во форма на срце, едно винце и една ружа. Симболично, а сепак и покажуваш дека не си заборавил на празникот и дека си сакал да ја изненадиш со нешто.
Ако сакаш нешто повеќе, зависи колку ти е сериозна врската, инаку долен веш е секогаш добар поклон;)
 
Јас за валентајн, ова де, за св.Трифун купвам вино. И го пијам.
 
Тема за подароци, повелете да не се расплинуваме на секое.
 
Мој предлог колку да се обележи празникот....тортиче во форма на срце, едно винце и една ружа. Симболично, а сепак и покажуваш дека не си заборавил на празникот и дека си сакал да ја изненадиш со нешто.
Ако сакаш нешто повеќе, зависи колку ти е сериозна врската, инаку долен веш е секогаш добар поклон;)
јас мислам дека најдобро е да и’ се организира една шопинг тура по нејзин избор
не сте ни свесни кое задоволно лице ќе видите после тоа :LOL:
 
Се ближи Валентајн па во дилема сум што да и подарам на мојата женска.
Предлози ?
Доколку сте женско, што би сакале најмногу да ви подарат, а доколку сте машко, што имате до сега подарено, што ќе подарите или што доколку би имале женска би подариле ?
Според мое искуство би ти дал неколку проделози..
-Плати и надградба на нокти ( маникир и педикир ) или третман на лице.
-Купи и некој комплет долна облека али нека биди брендирана.
-Купи и накит ако не ти се расфрлат премногу пари, пробај со среберо на пример обетки, прстен би било полн погодок или огрлица.
И уште еден совет за крај, немој со мечина и некој такви ствари со тоа ке покажеш само дека не си доволно зрел... Сепак твој е изборот.. Позз
 
Ја би и пластично цвеќе (y) :D
Леле немој, ова е најпросто нешто :pos:
Јас не чекам да ми купат, туку се побарав сама :pos: Вчера донесоа нова роба во цвеќарата, и си бендисав еден многу убав шарен фикус. Ете тој го сакам, за Валентајн :icon_lol:
 
Леле немој, ова е најпросто нешто :pos:
Јас не чекам да ми купат, туку се побарав сама :pos: Вчера донесоа нова роба во цвеќарата, и си бендисав еден многу убав шарен фикус. Ете тој го сакам, за Валентајн :icon_lol:
Се шалев, знам дека е најкатастрофа подарок тоа ;)


За овакви пригоди ко Валентајн, најромантичен поклон е чоколадо, барам јас љубам да подарам чоколадо.:)
 
Да он ми се поклони целиот:P
Не патам од материјални подароци да морам да ги имам.....Но би било слатко да е нешто посветено што знае дека сакам да го имам а е изненадување...Ќе ми биде слатко во секој случај..Но за тоа да го исполни, мора да ме слуша и запазува што сакам или да ми го знае вкусот скроз...:P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom