Почивај во мир, Мајкл Џексон

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
„Џексон беше ќелав и избоден костур“


Британскиот таблоид The Sun објавува информации наводно од лекарите кои ја извршија обдукцијата на телотот на Мајкл Џексон.
Според тие информации, лекарите од болницата UCLA на обдукцијата се увериле во стравотната физичка состојба на Мајкл Џексон.
Пејачот бил преслаб, а неговиот желудник бил полн само со апчиња.
Понатаму, пишува The Sun, неговите колкови, бутови и рамена биле преполни со рани од убоди со игли, за кои се претпоставува дека се инекции против болка, кои тој со години ги примал трипати на ден.
Исти такви рани биле најдени, тврдат во таблоидот, и на градниот кош, па се претпоставува дека тоа биле смртоносните убоди, кои му го запреле срцето.
The Sun пишува дека се пронајдени 13 огромни белези, кои се последица на бројните пластични операции на Џексон, а се наведува дека починатата ѕвезда во моментот на смртта носела перика на главата.
Телото на Мајкл Џексон имало и неколку скршени ребра и убоди над срцето, рани настанати при обидите за реанимација и вбризгување на адреналин.
При обдукцијата наводно биле забележани неколку модрици на колената на Џексон за кои сеуште нема објаснување, додека пак на грбот имал траги од исекотини кои би можеле да настанат при некој неодамнешен пад.


Таткото на Мајкл Џексон и порача на јавноста дека тој и неговата сопруга се единствените кои ќе одлучуваат за оставштината на нивниот син.
Во соопштението прочитано пред доделувањето на наградата БЕТ во Лос Анѓелес, Џо Џексон навел дека тој и неговата сопруга Кетрин го имаат единственото „лично и правно овластување да делуваат“ и да одлучуваат по прашања врзани за нивниот син и неговите деца.
Џексон ненајавен се појавил на доделувањето на наградата БЕТ, која помина во знакот на неговиот син.
Џо Џексон и останатите роднини на покојниот пејач се наоѓаат на семејниот во Енсин, пред кој има голем број обожаватели на Мајк Џексон и претставници од медиумите кои ја чекаат информација за причините за смртта на пејачот, како и детали за неговиот погреб.




извор-a1.




Одма се фатија за парите,а татково го малтретирал до безсознание...ех.Живот.
 
Значи бивало човеков да се падне во толку катастрофално семејство. Тоа мајка му и татко му за на клада се, стоки невидени, ни малку чувство да не покажат, синот им починал да му се сневиди. Тешко на Џексон што растел со такви луѓе, навистина ми е жал за него, таков човек заслужил подобро.
 
Којзнае која е вистината.И јас слушнав дека бил убиен од организаторите на концертите.Трачеви има еден куп,да не знаеш во што да веруваш.
Можеби и овоа ке биде како за Џими Хендрикс.После толку време ке се дознае вистината.
 
На таблоидите не треба да им се верува и пожелно е ако воопшто не ги дискутираме, а посебно таблоидот The Sun кој важи за еден од најбезобразните во тој поглед. Луѓето очигледно не пребираат што ќе напишат само за да бидат читани. Поради еден гнасен натпис (да не навлегувам сега) од пред 20 и нешто години, и ден денес луѓето во Ливерпул не го купуваат The Sun, тоа е веќе како дел од културата таму.

Настрана од ова, борбата за парите веќе започна. Не ми се коментира тоа на оваа тема или во овој момент, ама ако прочепкате по Интернетов, ќе ви се смачи од некои работи што ќе ги прочитате.

BTW, само што го ѕирнав сајтот на Coldplay, момците напишале нешто многу кратко и многу јасно за Мајкл Џексон. Погледнете овде.
 
Трибјут песна од The Game заедно со уште неколку артисти

 
Телото на Мајкл Џексон во четврток ќе биде однесено на неговиот ранч Neverland, каде во петок ќе можат да го видат сите негови обожаватели. Погребот најверојатно ќе биде во недела. повеќе
Се очекува да пристигнат над 200 000 фанови.

Инаку била испратена понуда на неговата сестра Џенет Џексoн таа да настапи на местото на Џеко на закажаните концерти во О2 арената во Лондон, меѓутоа се сомневам дека ќе прифати или ако прифати нема да биде тоа тоа.
 
Мое видео со посвета за Кралот на поп музиката, Мајкл Џексон.

 
Телото на Мајкл Џексон во четврток ќе биде однесено на неговиот ранч Neverland, каде во петок ќе можат да го видат сите негови обожаватели. Погребот најверојатно ќе биде во недела. повеќе
Се очекува да пристигнат над 200 000 фанови.

Инаку била испратена понуда на неговата сестра Џенет Џексoн таа да настапи на местото на Џеко на закажаните концерти во О2 арената во Лондон, меѓутоа се сомневам дека ќе прифати или ако прифати нема да биде тоа тоа.


Искрено, сакам Џенет да ја прифати таа понуда и тие концерти да се одржат, ама како што изгледаше на БЕТ наградите...:nenene: нема шанси, сепак и таа има проблеми со здравјето.

За утре е закажано читањето на тестаментот, но според некои извори, богатството треба да припадне на децата и на неговата мајка, а дел да се даде во добротворни цели.

Ке ги замолам администраторите да отворат нова тема за Џеко, каде ке ги префрлат сите постови што не се на темата RIP, и таму да можеме да пишуваме околу истрагата за смртта, погребот и други информации околу Џеко.
 
Мајкл Џексон, можеби сепак не бил педофил како што последните 15 години го претставуваа медиумите.

“Никогаш не сум сакал со лаги да го уништувам Мајкл Џексон, на тоа ме натера татко ми. Сега не можам да му кажам на Мајкл колку ми е жал за тоа. Татко ми се обиде со лаги и моја помош да се извлече од сиромаштија“, изјавил Чендлер, пренесуваат светските агенции.
Знаев!
Е**те кретенот, го уништи тотално и коа умре му текна да ја каже вистината.
Лелее какви луѓе постојат ејјјј, не ми се верува.
 
Нека му е лесна земјата , извондреден пејач едноставно придонесе еден голем дел во музичката историја...
 
Знаев!
Е**те кретенот, го уништи тотално и коа умре му текна да ја каже вистината.
Лелее какви луѓе постојат ејјјј, не ми се верува.

знаев и јас!

едноставно никогаш не поверував во тие шпекулации едноставно знаев дека е игра и мило ми е што се откри но за жал многу касно зарем требаше да умре и ова да се каже ебате луѓетооо! пу пу пу!
 
Трибјут песна од The Game заедно со уште неколку артисти


гнаса дволична профитерска ..... со кое лице ја вади тракава после овие стихови


Two in the head knocked em, (down, down)
From Thirty feet away he fell, (down, oooh well)
Touch kids like Michael
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom