Пливање, Пекинг 2008

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Стига с Фелпс. Кажете нешто за маратона. Аз знам само Стојчев, а не знам кои са му конкуренти.
 
Преглед на ден 3 : Четири златни медали и 5 светски рекорди

Машката штафета на САД во трката 4х100 метри слободно во драматичен финиш успеа да го освои златниот медал и да направи нов светски рекорд, подобар за 4 секунди од стариот. Иако до последните 15 метри, француската штафета беше во водство, американците не се предадоа и со тоа му помогнаа на својот сонародник Мајкл Фелпс да си го оствари својот сон, да освои дури 8 златни медали на една Олимпијада.

Вториот светски рекорд беше срушен кога австралијанецот Иман Саливан во трката на 100 метри слободно го претрка главниот фаворит, французинот Алан Бернар. Не само што го претрка, туку му го презема и рекордот, кој сега изнесува 46:58 секунди.

Британката Ребека Адлингтон ја остави зад себе американката Кејти Хоф и стана првата британка која и носи на својата земја златен медал во пливањето по 48 долги години.

Конечно видовме некој и да си го одбрани својот медал од минатите ЛОИ. Јапонецот Косуке Китаџима не само што си го зачува приматот најдобар спринтер во градниот стил, туку и го подобри своето најдобро време, светскиот рекорд на 100 метри градно, допирајќи го стартниот блок кога стоперицата беше на 58 секунда и 91 стотинка.

Женското финале на 100 метри пеперутка помина воглавно мирно. Австралијанката Лизбет Трикет мирно дојде до своето злато, откако наиде на отпор само во последните 15-тина метри од американката Кристина Магнусон.

Во второто полуфинале на 100 метри грбно кај жените, претставничката на Зимбабве, Кристи Ковентри ја потврди својата доминација во овој стил, завршувајќи со најдобро време и поставувајќи нов светски рекорд, 58:77.
__1087___1077___1083_230.jpg

Италијанката Федерика Пелегрини постави нов светски рекорд во трката на 200 метри слободно. Го подобри за 0:07 секунди најдоброто време на Лор Манаду, со што го презема рекордот во свои раце.
Изненадувачки добриот резултат на Пелегрини дојде откако потфрли во трката на 400 метри слободно. Пелегрини изјави дека никако не можело да и тргне цела трка, напоменувајќи дека италијанците не се навикнати на натпревари во претпладневните часови.
 
Искрено морам да признам дека Michael phelps е стварно ѕвер само како ги претисна на крајот на трката ако ја г ледавте и мислиам дека заслужува +1 златен медал од мене браво за него, само напред.
 
Елена Поповска заврши со настапот. Три натпреварувачки беа, прва беше една од Малта, втора Елена со време 59.93. Мислам дека читав негде дека нејзин најдобар резултат бил 1.00.06. Значи, постави личен рекорд
 
Ајде сега гледав на CNN значи Фелпс манијаков официјално најдобар на олимпијадата. Под манијак зборам во добра смисла зошто се испоосвои па дури и своите рекорди ги крши.
 
Овој Фелпс ненормален е.Вчера гледав реприза од една од трките.На крајот, неговите нозе беа пред главите на пливачите зад него.Замислете само колку е побрз од нив:vozbud:
 
Овој Фелпс ненормален е.Вчера гледав реприза од една од трките.На крајот, неговите нозе беа пред главите на пливачите зад него.Замислете само колку е побрз од нив:vozbud:

Денес не беше така ама поради техничи проблем. Нешто наочарите му биле оштетени и не можел да го гледа ѕидот ама пак на среќа го допрел пред еден унгарец за разлика од 0,50 тука негде.
 
Честито за Михаел Фелпс, повторно прв и во ова финале браво за него неам зборови вистински багер е
:vozbud:
 
Изглеа најтешко на Фелпс ќе му биде во финалето на 100 метри пеперутка каде што денес во полуфиналето имаше вторео време зад Милорад Чавиќ од Србија....

Утре од 4 сабајле е ова финале.....
 
Или не сакаше да се напнува дополнително денес или па навистина заморот го стигна.
Почнаа за Фелпс луѓево веќе да зборуваат дека е од друга планета, натчовечки способности прикажа на Олимпијадава.
 
Фелпс удира на калории
По последниот голем триумф на Мајкл Фелпс на Олимпијадата тој ја открива тајната на режимот на исхрана во текот на досегашните 6 дена и петчасовниот дневен тренинг со внесување на 12 000 калории во еден ден.

Појадокот Фелпс го започнува со три сендвичи со пржени јајца, но со неколку додатоци како сирење, зелена салата, домати, печен кромид и се разбира, мајонез. Потоа пие две чаши кафе и потоа преоѓа на омлет од пет јајца и чинија со гриз, каша од житарици. Но тука не завршува трупањето на калории на пливачот. Им се навртува на три парчиња француски тост со шеќер во прав над нив за обезбедување на неопходната енергија. За крај, се слади со три чоколадни палачинки.

За време на ручекот, на Американецот му е резервирано цело пакување од енергетски богати тестенини и два големи сендвича со шунка и сирење, со тони од мајонез на нив. За да отстрани било каков сомнеж дека телото ќе остане без енергија, изедената храна ја залева со енергетски пијалак од 1000 калории.

За да биде фит за тренинзите за наредниот ден, Фелпс вечера половина килограм тестенини со висока енергетска вредност по што следува консумирање на цела пица и уште додатни 1000 калории од енергетски пијалаци.

Како што изјави Фелпс во вчерашниот ден за НБЦ, американскиот телевизискиот канал, тој само јаде, спие и плива.


Извор: Он.нет
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom