Playstation Move vs Kinect

  • Креатор на темата Креатор на темата Blacks
  • Време на започнување Време на започнување
Скрши нешто по дома?

Да бидам искрен не скршив ништо но се акнав со раката во стубот горе на таван кога играв одбојка. Други проблеми немаше :)

Него ајде да кажам што како за првото уклучување на кинектот. Значи со кинектот доаѓа со кабли за стариот хбох 360, за слимот само на усб се поврзува а за на стариот на усб и + треба во штек да се стави за напојување. Каблите се долги ДУРИ и предолги што е одлично па можете да го шетате кинектот ама баш каде сакате. Препорачано е на средина од телевизор (под или над). Во пакетот ми дојде Kinect Adventures и плус упатсва што како, што не ви требаат.

Потоа го прикчуваш кинектот си прави апдејт и се додава едно ново Kinect Hub. Во мојот случај при местењето не требеша да тргам ни маси ни столици бидејќи имам доволно простор мерев и точно имам празен простор од 2 метри и 20 цм. Но кинектот ме препознава и на 1 м и 40 цм потоа се губи и ти вика вратисе назад. Подесувањето се одвива лесно без многу замарање и трае помалку од 5 мин. Откако тоа ќе го подесите има уште едно подесување за да ве препознава. И тоа е околу 5 минути со тоа што ви вика мрднете лево, ајде сега десно направија оваа поза, крени една рака и слично. И толку готови сте.

Сега можете само да му мафнете на кинектот и ќе ве препознае и ќе ве логира со вашиот профил. Работи одлично секогаш ме препознава ни еднаш не згрешил. Откако наместив се спуштив ролетни згаснав струја да видам дали ќе ме види, и ДА работи ПРЕКРАСНО и во темница одлично функционира може и да играте без никаков проблем.

Ја ставив kinect adventure и реков само xbox play disc и ја пушти играта. Во оваа игра нема што многу да играте, ама слуши како убав пример што може кинектот. Кој и да дојде му ја пуштам оваа игра за да види што како. И СИТЕ АМА БАШ СИТЕ не ја играат играта, туку застануваат пред тв и играат оро, мрдаат прават движења со глава мафтаат со раце. Бидејќи стварно е интересно да го гледаш аватарот како прави се што правиш и ти. За играва нема да зборувам, попосле ќе пишам за kinect sport и ми треба повеќе пишување бидејќи на таа игра оставивне 2 дена.

Се читаме попосле :)
 
217203083.jpg


Дојдов и до оваа игра, искрено жал ми е што трошев двд на играва. Проблемите почнуваат ОДМА со тоа што за да одбереш тоа што сакаш од менито НЕМОЖЕШ, душата ќе ти излезит и пак ништо нема да направиш. Откако одбрав конечно да го пробам тенисот се инзачекав лоадинг еден куп време. Се сервира убаво но кога противникот ќе ти ја врати топката јас стварно незнам како да вратам, пробав МИЛИОН пати и само 2 пати ми успеа да му ја вратам топката.

Оставив тоа и си реков да пробам сега со стрели да врламе, наместив на двајца и првиот зема стрела ниашни фрла се супер. Но кога ќе дојде вториот на ред едносвано НЕМОЖЕ да ја ја отпуште стрелата. Не е битно каде се наоѓаш дали си сам пред кинект дали е темно или светло вториот играч НЕ БЕШЕ ВО МОЖНОСТ да игра.
Другите игри не ни ги пробав бидејќи ќе ми требаше уште едно два часа за да стигнам преку менито до нив.

Од 1 до 10 МИНУС 5.

Kinect-Dance-Central.jpg


Играва ја прогласувам со најубаво мени, толку е лесно и има убави бои што ќе изгубите пола час играјќи си низ менито. Има одлични песни долку сте за играње, пробав една многу ми беше тешко и глупаво. За нас балканците ваква игра не :). Али кој сака да игра нека не се секира, имате да ги учите песните дел по дел, па потоа да ја играта на лесно,тешко и најтешко.


1405440-kinectimals_box_large.png


Си имам милениче ми се вика ТОБИ :). Единствено нешто во играва што ми се свиѓа се гласовните команди, седни, стани, скокни, глуми мртов и милион други. Убава е да ја пробате ама дека ќе одвоите премногу време за играва не.Но сепак ако ве привлече играва не се секирајте, има НОН СТОП нови работи, и играчки за вашето милениче. Ја играв едно 2 часа и за тие два часа собрав толку играчки со што не знаев како да го мамам веќе Тоби. Од возење количина, до играње со топки, отварање нови делови од островот. Играва има премногу убава графика, стварно убаво е и тигарчето кое ќе го одберите.

Едиствено проблем на играва ми е фрлањето на топките, фризби и слично. Не секогаш ме гледа дека фрлам. Мора да му го подадам од долу а не да го фрлам како сакам.
 
Thanks for the short reviews! :)

Kinectimals FTW! :P
 
Thanks for the short reviews! :)

Kinectimals FTW! :P

Не играта е прекрасна изгледа стварно забавна, ќе се вратам на миленичето ама сега некако ми се собраа над 10-тина игрици па сакам сите да ги пробам.
 
Не играта е прекрасна изгледа стварно забавна, ќе се вратам на миленичето ама сега некако ми се собраа над 10-тина игрици па сакам сите да ги пробам.

Па затоа напишав FTW! Само таа ми се допадна на Е3
 

конечно видео за тоа што го зборував, кинект и џојстик во комбинација би било нешто прекрасно. Е сега овај сам го има правено, можеме само да замислиме што би направила цела програмерска куќа.
 
Абе дај не биди скржлав напиши нешто повеќе за игрите на кинект.
 

конечно видео за тоа што го зборував, кинект и џојстик во комбинација би било нешто прекрасно. Е сега овај сам го има правено, можеме само да замислиме што би направила цела програмерска куќа.


Да да да......НО!..........идеата позади Кинект е дека ти си контролерот а не Wii-mote и сл.
 
Ајде време е за kinect sport за оваа игра можам да кажам најмногу бидејќи не се тргнаме од неа. Забавата започнува одма уште кога ќе ја уклучите играта. Застанувате на терен со вашиот аватар на средина од теренот, и кога ќе кренете раце публиката збудалува. Викаш МАКЕДОНИЈА креваш раце и публиката во трансови, верувајте на ова секој губи по пола час. Еве видео како изгледа тоа.


Да напоменам дека истото се дешава и на сред игра, пред да почнете со дисципплината што сте ја одбрале можете да ја кренете публиката на нозе.

03728031-photo-kinect-sports.jpg
Ја оставаме публиката и влегуваме во менито. Имаме да бираме 6 главни спортови


  1. Фудбал
  2. Куглање
  3. Атлетика
  4. Бокс
  5. Одбојка
  6. Пинк Понг

  • Фудбалот не е баш како фудбал неможете да трчате туку е едноствано само со тоа што подавате лево десно или право во зависност каде имате ваш играч, и кога ќе дојдете пред голот шутирате. Иако изгледа вака глупаво баш е интересно ако играте на потешко. Не ја играм многу и го ставам спортов како последен од сите во играва. Кога ќе има корнер или аут, ви ја нафрлаат и треба да мавате со глава или да ја закачите во леј. Не сум ја пробал со двајца како е играва кога ќе ја пробаме ќе пишам.

  • Куглањето е доста забавно, си бираш со која рака сакаш да играш и фрлаш топка. Можеш да се мрдаш лево десно, да ја врлате топката со фелш, вртена или право. Детектира колку брзо ја фрлате, значи може да ја фрлите ептен бавно или многу брзо. Или сум јас премногу добар во куглање или е лесна играва стварно незнам :). Како и да е одлична игра и баш ме изненадува со тоа точно знае каде и колку брзо сакаш да ја фрлиш

  • Атлетикава има најмногу потспортови, скок во далечина, врлање копје, 100 метри спринт, 100 метри со пречки, и уште 4-5 други не ми текнува сега кој се точни. Сите поткатегории се интересни но најмногу губам време во фрлање копје. На сите игри трчаш во место се залетуваш и го фрлаш копјето. Лета толку далеку колку што играчот ќе замафне силно, и дали че го погоди аголот. Можеш да го фрлеш долу да падне пред тебе, или ептен високо па да се спушти на 20 метри. Затоа ја бараме златната средина :). Истото е и за фрлање диск, само што тука не земаме залет туку фрламе од место.

  • Следно бокс, ах оваа игра е крива што цело мое мало неможе да ги мрда рацете. Почнувате и пред себе гледате само две боксерски нараквици. Ги кревате двете раце пред глава и се браните, ги спуштате надолу се браните на половината. Можете да мавате лево десно, аперкат ако мавнете послино мава послино. Нема што да кажувам бокс е секој знае да мава и да се брани. Кој што ќе јаде нокаут излегуваат ѕвезди и треба со рацете да ги соберете, првите 2-3 пати излегуваат малце ѕзведи и се збираат, но потоа излегуваат многу и е тешко да се соберат. Играва ќе ве исцеди, ќе ви паднат рацете но ПАК ќе сакате реванш од тој што сте изгубиле. Изгледа премногу едноставно но 100000% заразно.

  • Одбојката ја играм малце, бидејќи губам премногу време на боксот и пинк понгот. Но од тоа што пробав можам да кажам дека е интересно. Кога ќе ви доаѓа топка трепка местото на кое треба да мавните, можете да мавате со што сакате. Нога рака глава што ќе ви дојде мавајте. Првата му ја подаваш, ти ја мести топката скокаш маваш каде сакаш ја забиваш и тоа е тоа. Интересно е со двајца да ги метиш онака тимски.

  • Ах пинк понг игра за која го купив кинеков. МНОГУ Е ЈАКА дури и ме изненади колку е добра. Не е само обично мавање можеш да забиваш да ја сечеш, да подкренеш да му ја пуштиш во чош. Кинекот одлично препознава кога сакаш да ја "сечнеш" токата, или кога сакаш да ја забиеш. Можете да играте продив хбох, против некое другарче, или со другарчето заедно против двајца други противнци.

Овие се основните спортови, НО тоа не е се во играва, имате и mini games. Е во овие игрици се поделени од основните на повеќе подисциплини. Пример со пинк понгот игра има каде што имате два рекети и во лева и во десна страна, и противник ви пушта топки. За 1 минута кој му врати повеќе е победник. На почеток почнува лесно па при крајот е пекол.
Има да си голман, за оваа игра ви препорачувам да имате доста место бидејќи при крајот почнува буквално да ве шета лево десно каде сака. МНОГУ заразна не е на време туку на примени голови, ако примиш 3 голови губиш НО на секој 20 одбранети топки добиваш 1 гратис. Рекорт ми е 105 одбранети што е стварно многу верувајте ми :)

Kinect-Sports.jpg

Ако пишувам за сите, неможам премногу се има околу 15 игри + и сите се интересни. Играва дефинитивно ми е најдобра до сега, можете да застанете и да играте ама баш што сакате. Се е забавно, но забавата почнува кога играте со друштво. Сите дисциплини можете да ги играте до 4-ца и најдобро е тоа што не треба да подавате ама баш ништо, тој што бил се трга застанува другиот и толку. Тоа е огромен плус, уствари тоа е и најголем плус на кинектот, се менуваш лесно и не ти треба да ти каже што како бидејчи едноставно знаеш што треба да правиш.

Се надевам дека некој ќе го прочита цело ова. Кој има некакви прашања за играва слободно.
 
Е така бе Џои отвори се малце кажи поопширно за кинектот.Имаш и некои други игри?
 
Joey, kolku te kostase kinektot?

9400 денари + 3500 денари царина (царина сега нема ако го порача од европска унија ), и тоа не е се, бидејќи од каде го порачав го пратија преку ups ми зедоја 1500 денари лежарина за аеродромот и 2000 денари ups. Им пишав таму ми рекоја да им пратам документи па да сме сределе. Им пратив па се надевам дека 50 фунти ќе ми вратат :).

Е така бе Џои отвори се малце кажи поопширно за кинектот.Имаш и некои други игри?

Во тек на играње ми се kinect joy ride, и motion sport. За нив повеќе утре, сега ќе кажам нешто за една лоша игра :)

Fighters uncaged

Со играва немам проблем за селектирање низ менито, баш напратив оваа е одлична. Го бираш тоа што сакаш, но што е проблемов со играва? АХ ме изнервира уште првото уклучување, започнувам со играва и ми вика ајде сега е време за тренинг. Си викам нема проблем ајде да научам некој потег, и почнува ајде мавај со десна и ти почнуваш маваш со десна маваш и треба 5 пати да го удриш. ОК добро е , сега ти вика ајде со лева и пак 5 пати да го удриш со лева. Па сега со десна нога 5 пати, па со лева нога 5, пати....... па почнав skip да правам. ПА 1000 има се отепав од skip правење. Значи неможеш да им направиш skip на сите, туку мора едно по едно. (ова толку ме изнервира па убаво ми дојде сум се разбоксовал како што треба хахах).

КОНЕЧНО кога ќе стигнеш играта ми изгледаше убаво па да се потепаме со другарчето сакавне. Но оп СТОП нема мултиплеер НЕМА ЕЈ цело време треба сам да се тепаш. Ок нема проблем ќе се тепаме еден по еден, влегуваш во менито и гледаш има 6 противници да се тепаш па потоа уште неколку кој се заклучени и тоа е тоа. Толку е играта, нема АМА БАШ НИШТО ДРУГО. И ајде сега ќе почмнуваме со тепање го одбираме првиот и гледаш долу пишува дека 'овај противник најдобро е да го тепаш од десната страна'. И почнува играта и маваш маваш, клоцаш горе лево десно но поѓаволите се мис му правам, ако го погодиш тоа е чиста среќа. Немав проблеми кинектот ме гледаше со што точно да го мавнав но џабе, кревав нозе за во глава да го удрам се мисс. Пола час го тепав и КОНЕЧНО го отепав. Се отепавне од радување и кога рече round 2 ми идаше да се фрлам од тераса.
Ако ме верувате 5 часа тепавне за да поминеме 6 противници И НИШТО НЕ ОТКЛУЧИ НОВО, туку треба од ново, 1-2-3-4-5 рунди да правиш против еден за да кренеш score и да земеш едни круни за да ти отвори нареден протовник.
Друго лошо во играва, е тоа како се представени противниците. Пред секој почеток ти јадат лајна во стил сега ќе видиш ти, ќе ти ја скршам главата и слично.

Што ако играва има да препознава над 70 движења кога е џабе, неможеш да ги користиш кога сакаш, не ни можеш да се браниш додека не ти дозволи. Да да тоа ти вика кога да се браниш инаџе џабе се тргаш наназад.

Едно е сигурно, стварно кинектов ми изгледа одличен за вакви игри, се надевам дека на некој ќе му текне да направи подобра игра. Барем мултиплеер да имаше ќе беше убаво, но жално сепак.

Значи deca sport, е прва лоша игра, па на второ место доаѓа оваа.


П.С

Треба да направиме една собиранка кај мене, онака сиве па да видиме кој во која десциплина е добар. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ѕвер сум во 100 метри со пречки. :tv:
 
Joey, nemash poim kolku ti ljubomoram ><
Vo Solun ima Kinect za 300 evra, ali igrite ne vidov kolku pari se, a vo Skopje nema koj da ti go chipuva -.-

Ja planiram da go zemam Kinect, samo treba da mi ja proshirat sobata, neam prostor kaj da igram -.-

Kinect <3 (:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom