PlayStation 5

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.791
Поени од реакции
24.056
Со оглед на тоа што денеска ни го претставија новиот PS5 DualSense контролер, уште еден чекор поблиску сме до новата конзола на Sony, со што мислам дека е време да се отвори нова тема.

toBzQDCVkB8u5YLsJpyoAU.jpg

Еве се што знаеме до сега за PS5 и што очекуваме да покажат кога ќе биде официјалното претставување на конзолата.

  • Што ќе биде новата конзола? Sony PS5 е следната генерација на PlayStation конзола, која ќе ги замени PS4 Slim и PS4 Pro.
  • Која официјално ќе биде пуштена во продажба? "За време на празниците 2020" во Америка, кажано од страна на Sony, што би значело помеѓу Октомври и Декември 2020 година.
  • Што ќе може да се игра? Само неколку наслови се потврдени до сега, но се очекува сите големи франшизи на Sony, како и ексклузиви кои што се сеуште во девелопмент како Ghost of Tsushima.
  • Дали PS5 ќе подржува VR? Да. Следната генерација на конзола ќе биде компатибилна со сегашниот PSVR хардвер, како и со гласините за новиот PSVR 2.
  • Колку ќе чини PS5? PS4 и PS4 Pro на денот на пуштање во продажба беа 399$/349£, но се очекува PS5 да кошта малце повеќе. Од leaks што излегоа низ интернетот најверојатно би коштала околу 499$.
  • Дали ќе може да се играат PS4 игрите на PS5? PS5 дефинитивно ќе биде backwards compatible со "скоро сите" PS4 игри, претходни генерации пред PS4 сеуште не се потврдени. На почетокот на излегување на конзолата ќе ги подржува топ 100 игрите на PS4.
  • Дали коронавирусот ќе го одложи лансирањето на PS5? Sony потврдија дека датата на излегување на PS5 нема да биде одложена од страна на коронавирусот.
Сеуште не е официјално потврдено како ќе изгледа конзолата, но според мене, со оглед на тоа што денеска го покажаа како ќе изгледа контролерот би требало до крајот на месец мај да дознаеме колку пари ќе биде официјално конзолата и на кој датум точно ќе излезе за продажба во сите региони.

92397514_10158507125356803_5922528436806483968_o.jpg

92388945_3022160167842731_6046073295629975552_o.jpg

Во врска со игри, освен поголемиот дел од игрите на PS4, вклучувајќи и игри од PSVR, се почесто се потврдуваат и се зборуваат игри за PS5.

Во моментов, секоја first-party игра за PS4 од Ghost of Tsushima па се до The Last of Us 2, ќе биде направена и за новата конзола. Исто така има доста силни гласини за нова Horizon Zero Dawn екслузива игра и нова God of War игра за PS5. Иако сеуште не знаеме многу во врска со PS5 ексклузиви, сепак знаеме дека Sony ќе го задржи фокусот на single player игри на кои примарна цела ќе им биде наративот и добрата single player кампања.

Во врска со насловите на third-party developers, потврдено ни е дека новата игра Godfall на Gearbox ќе биде исклучиво за PS5, како и новата игра на Bluepoint Studios за која се шпекулира дека е римејк на Demon's Souls. Исто така ќе видиме римејци од страна на студиото THQ Nordic's за култните класици Gothic, Gollum, WRC 9, Dying Light 2 и Outriders за PS5. Покрај тоа, Ubisoft потврди дека Watch Dogs: Legion, Rainbow Six Quarantine и Gods and Monsters ќе излегуваат за новите конзоли Xbox Series X и PlayStation 5. Се поголеми се шансите нова Assassin's Creed и Far Cry да видиме за новиве конзоли. Исто така, знаеме дека Rainbow Six Siege ќе биде достапна на PS5 и Xbox Series X од излагањето на конзолите.

Сите мислевме дека ќе добиеме многу повеќе информации во врска со конзолава на видео конференцијата која ја имаше Sony на 18ти Март сепак освен спесификациите и моќноста на конзолата, ништо друго позначајно од поглед на игри и дизајн не најавија. Сепак многу повеќе ќе знаеме (според мене) до крајот на мај, до тогаш останува да се надевам дека добрите шпекулации што излагаат на интернет ќе се остварат, а дека лошите (како на пример високата цена) ќе си останат само шпекулации.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Мех, сеуште со симетрични стикови. Пак ќе мора да се купува 3rd party контролер.
 
Член од
19 март 2014
Мислења
570
Поени од реакции
862
Дали Плејстејшн сака да ги купи американците со ваквиот дизајн на џојстикот? :)
Во иднина сигурно и со аналогот ќе променат
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Дизајнот е интересен,но која им е финтата со подолги „краци“ ... Лошо
Ќути, оној прототипот за пс3, и по саемиве за игри што го изложуваа, што не го направија официјален :D , банана/бумеранг :ROFLMAO:
 
Член од
16 декември 2018
Мислења
63
Поени од реакции
20
Контролерот е ужас, воопшто не потсеќа на она калсичното сони.
 
H

HoT _iCe

Гостин
Страшно моќно ССД ќе има, такво ССД ни на скапи компјутери нема. Баш ме интересира со оглед на какви делови се искористени која ќе му биде цената.
Џојстикот многу подобар дизајн од моменталниов. Исто ме интересира, дали кај нас ќе има преордери?

Иначе, ХБох е страшно моќен и делува многу, многу ветувачки, самиот дизајн како кутија ми се повеќе свиѓа и верувам дека ќе има подобро ладење ама ако не уведат интеграција со Windows10 и Стим, пак ќе каснат многу со Сони ради ексклузивите.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Не знам како гејмате со ова рачкиве, кога и да играм сони жуљеви ми искачаат по раце, поготово на страната стрелките кај што се
Прв пат слушам. Што му правиш на џојстикот?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom