Гледам на темава никој не се буни за наплаќањето на онлајн мултиплејерот на РЅ4. Или ќе купиш псн плус или нема играње оналјн мултиплејр. Чекам мислење од тие што број еден аргумент за РЅ3 им беше дека бесплатно играат онлајн за разлика од 360. А сега што правиме?
Тие кои сакаат да играат онлајн, ќе мораат да платат, а тие кои не сакаат нема да играат онлајн, или ќе чекаат да се појави хак со кој ќе може да се заобиколи ваквото ограничување.
За PlayStation Plus знам дека нуди дури 12 бесплатни видео игри месечно, оти немет платно, за 15 евра за 3 месеци се разбира

, но откако PlayStation 4 ќе биде пуштен во продажба или порано, не знам кога точно, ќе биде дозволена опција и за месечна претплата од 5 евра.
За Xbox Live Gold знам дека од јули 2013 ќе почне да нуди дури 2 бесплатни видео игри месечно, почнувајќи со Assassin's Creed 2 и Halo 3, бесплатни оти немет платно, исто така за 5 евра месечно.
На
темата за Xbox One на форумов веќе се шпекулира дека нема да може да се играат видео игри за Xbox One во Македонија бидејќи Xbox Live не е достапен во Македонија, а ќе мора конзолата барем еднаш во 24 часа да се поврзува на Интернет за да може да се играат видео игри.
На
официјалната страна на Sony Entertainment Network Store има доста нејаснотии.
Од државите на Балканот, на листата на држави ги има само Бугарија, Грција, Хрватска и Турција, додека сите останати држави на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија (и Србија и Романија во кои има официјални веб сајтови на PlayStation, за волја на вистината,
српскиот официјален веб сајт на PlayStation не е освежен со нови информации уште од април 2011, но
романскиот официјален веб сајт на PlayStation е со најнови информации заклучно со 13 јуни 2013) ги нема на листата.
Доколку некој мисли дека ова зависи од членството во НАТО и/или во ЕУ, слободно може да го батали таквиот став, бидејќи и Словачка, Литванија, Летонија и Естонија се полноправни членки и на НАТО и на ЕУ, па сепак ги нема на листата на
официјалната страна на Sony Entertainment Network Store.
Во Јужна Америка има официјални веб сајтови на PlayStation во повеќе држави - Колумбија, Венецуела, Перу и ред други, но на листата на
официјалната страна на Sony Entertainment Network Store ги има само Аргентина, Бразил и Чиле.
Дефинитивно Сони имаат проблем со нивните веб сајтови, ќе треба да чекаме да излезе PlayStation 4 во продажба за да видиме дали ќе има ограничувања во употребата на PlayStation Plus врз основа на тоа од која држава е корисникот или не.
Тоа релано мораше да се направи. Милиони корсници серверите траба да се одржуваат.
Ама те молам не ги провоцирај вака, ќе бараат да те банираат
Темата е PlayStation 4, а не хејтање на PlayStation 4 или на Xbox One, затоа и немаме причина зошто да бараме банирање или да ги сметаме веќе познатите факти за провокација.
Сите факти се добредојдени, и позитивни и негативни, бидејќи идните корисници на PlayStation 4 заслужуваат да знаат на што планираат да ги потрошат своите пари.
Очигледно не ја сваќаш технологијата и моќноста на Кинект.
Кога ќе влезеш во соба ќе те препознае, кога му зборуваш те слуша, кога му мафташ те регистрира. Ако не си го пробал кинект до сега не знаеш колку интересна технологија е . Новиов да не правам муабет колку светлосни години е понапред од стариот.
Токму затоа е потребно цело време да биде приклучен, сега можеш да се буниш ти колку сакаш, но кога би имал такво нешто во твојата дневна верувајми мислењето ќе ти биде сменето.
Ти благодарам за непотребното просветлување со веќе познати информации.
Очигледно правиш генерализација со критиките упатени кон употребата на Kinect, па доаѓаш до заклучок дека секој кој ги критикува карактеристиките на Kinect по автоматизам не го сака Kinect.
Мене лично ама ич не ме интересира Kinect и не планирам да го користам бидејќи повеќе ми се допаѓаат вибрациите од контролерот со кои го чувствувам гејмплејот во моите раце, отколку да му мавтам и/или да му зборувам на екранот.
Но критиките упатени кон Мајкрософт за Xbox One околу Kinect се поради задолжителната потреба од тој уред да биде поврзан со конзолата. Мајкрософт изјавија дека уредот ќе може да се исклучи софтверски, но сепак ќе мора да остане хардверски поврзан со конзолата за истата да работи.
Има
соодветна тема на форумов за Xbox One, таму коментирај за Xbox One и за Kinect, на оваа тема се коментира за PlayStation 4 и за разликите помеѓу PlayStation 4 и Xbox One.
А кога сме кај самите разлики, останува фактот дека PlayStation Camera ќе биде дополнителен уред за PlayStation 4 кој не мора задолжително да се користи за да работи конзолата, додека кај Xbox One тоа нема да биде случајот со Kinect. Ваквата разлика придонесува за пониската цена на PlayStation 4 и за помалку стравувања околу приватноста на корисниците на PlayStation 4.
на псн плус даваат по 12 игри месечно бесплатно од кој 3-4 ААА.... доволно е мислам
дечко оваа технологија е одамна застарена се вика куче, ја на кучето кому зборувам ме слуша и кога влагам дома ме препознава.... ништо посебно
Ти си првиот човек на планетава земја (и пошироко) што вика дека не е ништо посебно.
Можеби
Niggersinparis не е заинтересиран да му мавта и/или да му зборува на екранот, тоа е негов личен избор, исто како и на многу други не само на форумов, туку и на планетава, бидејќи доколку не си знаел, многумина не го користат Kinect не бидејќи наводно не можат финансиски да си го дозволат, туку бидејќи не сакаат да го користат.