- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.796
- Поени од реакции
- 18.861
Логично е, зошто нелогично?
Ако не земаш плата - тужиш, а УЈП гони за неплатени придонеси.
Башка, не смее работодавецот да исплати плата без платени придонеси, а и преку УЈП оди и вирманот за исплата на плата до банката...така да...се затвара кругот...
Види вака, има фирми како јас кај што работам, каде работата е многу сезонска или кампањска, па има периоди кога има малце пари на сметка и има време кога има многу.
Значи ако дојди време кога нема пари на сметка, јас не ќе го тужам газдата оти не ми платил кога знам дека по два месеци ќе имам двете плати.
Ќе си плати камата на придонесите и то е то.
Оваа ситуација ја имаат многу мали фирми.
Или друга ситуација некои големи фактури ќе ти ги закаснат, и што треба јас да го заколам газдата со тужби и казни ни крив ни должен и да си ја пресечам гранката на која што седам?!?
Мислам дека законодавецот го знае ова, затоа и вовел камата, значи нема УЈП да земи да му мава казни на некој што не платил до 15, туку ќе му смета камата. Е сега ако не плати повеќе време тука си оди постапката со тужби извршители и слично работи.
