Планинарски несреќи (причини, последици, превенција)

  • Креатор на темата Креатор на темата arakenx
  • Време на започнување Време на започнување
Причината е тоа што немаат искусен со нив, не е играчка планинарењето, се случуваат разни работи и треба да имаш некој спремен што се разбира од секаков вид на проблем што може да настане при искачувањето. Прв пат ја искачив Солунска Глава и тоа со добра екипа, која што претходно ја знаеше патеката и ни ги кажа сите ризици, да не ни кажеа којзнае кај ке залутавме, додуша Солуснка и не е толку опасна како што се другите ама пак е добро да се знае пред да се впуштиш во нешто.

Нема неопасна планина. Посебно Јакупица е далеку од таква....на места има многу стрмни падини, полна е со диви животни, а самиот врв дали по својот геолошки состав или експонираност е магнет за громови и невреме...
Сега во декември има меморијал на Солунска - Четири алпинисти се вика, нормално во сеќавање на несреќата на нивното загинување. Тоа што многу од нас го гледаат како безопасно е планинарење во добри временски услови, летно време исл. и многу од нас се во заблуда дека временските услови се константни и не претставуваат опасност.
Лани некои пет-шест луѓе по патичиња и летна облека отишле во Чеплес или домот Караџица во декември, па ги завеа снег и ги вадеа со хелихоптер од таму...од неписмените новинари истите беа претставени како „завеани планинари“. Далеку се тие од планинари, а верувам и групава на која и се случила несреќата.....ама пак, не би да ги коментирам или да кажувам дека глупости правеле, како погоре што сте пишувале...
Проблемот во нашата земја е што не е изградена таква култура, луѓето немаат навика да престојуваат така во природа и не ги познаваат доволно опасностите и покрај тоа сакаат сами, без обука, без соодветна опрема да си го тераат тој филм....планината некогаш те совладува и кога имаш најголема почит кон нејзе, а камо ли така....
 
....последниот трагичен случај на Солунска Глава и загинувањето на младиот Атанас ме наведе да ја отворам темава

иако планинарските несреќи во Македонија се ретки (споредбено со сообраќајните) сепак завршуваат со тешки телесни повреди или смрт

тука би сакал да продискутираме за причините за овие несреќи....но и за начините за превенција (совети од искусни алпинисти и планинари се добредојдени)

....дали причина за планинарските несреќи е невнимание, алкохол, преголема самодоверба, лоша или несоодветна опрема, немање искуство, несериозно и несоодветно однесување на поединци од групата, префорсирање.....????

кои се најчестите причини за овие несреќи, како може да ги спречиме или намалиме и како прошетките по планина да ги направиме побезбедни?

Сочувство до семејството на Атанас и до неговите пријатели

Нема друга причина која со сигурност може да се потврди , тоа поради неискуство,невнимание ...... една погрешна одлука,чекор ,невнимание и животот ти е завршен ... затоа секогаш мора да се игра на безбедност ..... батили глупост и да се покажам пред другите .....
 
Како да се спречи? Ако одиш на опасен терен оди со искусни планинари и слушај ги нивните наредби. Ако не е толку опасен и одиш сам, не се пикај близу провалиите.
Атанас имал несреќа, сочуство мое, нека биде поука за сите.
 
Н е е ова прва жртва на Солунска глава ,имаше пред неколку години незнам колку загинати кои беа потрупани од снежна лавина. Си отишле таму за пречек на нова година и точно во 12 дечкото ја извадил пушката и пукнал -ова е баш невнимание, незнам со кој памет на висока планина среде декември би пукал. Инаку несреќните случаи некогаш и немаат врска со не/искуството на планинарите.На Олимп имаат загинато двајца Австријци и тоа искусни алпинисти среде лето,и тоа поради магла што наеднаш се појавила на врвот/ . Немале мака со искачувањето , ама ете за надоле се лизнале оради маглата.
 
Не, не е истата логика. За да стигнеш од точка А до точка Б од извесни прагматични причини, мораш да користиш некој вид транспорт, во спротивно има добра шанса да умреш од глад, што значи ризикот на транспортот е прифатлив. Да се забереш по планини ничим изазван е самиот да си ја бараш бељата и треба да превземеш одговорност за последиците од таквиот глуп избор.

Некои викаат дека истражувањето во планина и земањето ризици продуцира допамин и тоа е една од причините.
Некои пак тоа го прават за да се сликаат на фејсбук и направат мала себепромоција за да ќарат пичиња девојки како тебе и така.
 
Да се забереш по планини ничим изазван е самиот да си ја бараш бељата и треба да превземеш одговорност за последиците од таквиот глуп избор.
Ти са чим си изазвана да дремеш пред компјутер или да чмаеш на некое кафе?
Јас ќе ти кажам са чим сум изазван да одам во планина: одмарам уши, одмарам очи - автоматски одмарам мозок, трошам енергија физичка и не држам разноразни глупи диети заради тоа, си ја ставам сопствената способност за преживување на тест и ја отфрлам зависноста од разноразни гаџети кои ми го „олеснуваат“ секојдневието и да ти кажам искрено имам запознаено многу, многу поискрено паметни, интелигентни, смирени и чувствителни луѓе него „од по кафиња“ и уште милион други вредни работи - да, има доза на ризик, ама има ризик и кога јадеш леб, да ти залетне и да се загушиш.....
....и да, не го праам ова секој ден, ама што почесто го праам многу ми е поубаво...
 
na sajtot na bugarskiot crven krst ima upastva za planinarenje, za opasnostite, opremata,eden kup soveti - na makedonskot neznam dal ima , no mozhat i da prevzemat , bar toa e lesno denes so internetov
http://www.pss.bg/advises/preporaki_svidetel.php
 
.....оној кој сака нешто да научи ќе најде начин и информации...проблем се оние кои мислат дека знаат и можат се...индивидуите кои се преценуват и ги преценуваат своите знаења и вештини....многу често го загрозуваат својот живот и животот на луѓето покрај нив

според мене, најголемиот број несреќи (ако не и сите) се случуваат на спуштање...вообичаено на спуштање концентрацијата опаѓа, спуштањето навидум изгледа лесно (иако реално спуштањето е секогаш потешкиот дел од било која тура)....човек станува непретпазлив, се движи пребрзо и немарно и веројатноста да направи погрешен чекор, да згази лошо или да изгуби рамнотежа е поголема

јас лично се обидувам да се спуштам со истото темпо со кое сум се искачувал без разлика што навидум условите дозволуваат побрзо движење....исто така доколку се работи за потешка тура практикувам да бидам само со луѓе што добро ги познавам и од кои знам што можам да очекувам во непредвидени ситуации....многу е битно да ги знаете фобиите на луѓето во групата...бидејќи секој од нас има страв или нелагодност од одредени работи и различно реагира на нив

....на пример се движите група од 7-8 луѓе по козја патека на стрмен терен....и на патеката има змија...доколку првиот или вториот во колоната имаат страв од змии....лесно може да се деси да изгубат контрола....да почнат неконтролирано да бегаат назад и да го загрозат својот и животот на луѓето зад нив (истото важи и за пчели и пајаци бидејќи некои луѓе имаат паничен страв од овие инсекти)
 
Некои викаат дека истражувањето во планина и земањето ризици продуцира допамин и тоа е една од причините.
Некои пак тоа го прават за да се сликаат на фејсбук и направат мала себепромоција за да ќарат пичиња девојки како тебе и така.
И тоа како истражувањето на нова околина дава допаминско задоволство, но исто така и тинејџерски тепачки и шаренолики вратоломии. Треба само да се лади главата за да не се водиш цело време по животниски инстинкти.
А ова за сликањето, не знам. Мене ме ќариле исклучиво преку лајкање на фејсбук, и сега дури имам и трето дете со вториот лајкач.

Ти са чим си изазвана да дремеш пред компјутер или да чмаеш на некое кафе?
Јас ќе ти кажам са чим сум изазван да одам во планина: одмарам уши, одмарам очи - автоматски одмарам мозок, трошам енергија физичка и не држам разноразни глупи диети заради тоа, си ја ставам сопствената способност за преживување на тест и ја отфрлам зависноста од разноразни гаџети кои ми го „олеснуваат“ секојдневието и да ти кажам искрено имам запознаено многу, многу поискрено паметни, интелигентни, смирени и чувствителни луѓе него „од по кафиња“ и уште милион други вредни работи - да, има доза на ризик, ама има ризик и кога јадеш леб, да ти залетне и да се загушиш.....
....и да, не го праам ова секој ден, ама што почесто го праам многу ми е поубаво...

Ја одам на кафе да видам и да бидам видена колку сум секси.
Што е до тебе, воопшто не ме интересираат причините зошто си одлучил да се пентериш, бидејќи немам никаква намера да те разубедувам. Само сакам да кажам дека ако утре те видиме насмеан во весник како тој од првиот пост, сам си крив за тоа и беспотребно е да се мудрува зошто и како.
 
Причините за овие несреќи се многу гледање филмови. Седете дома не туку се куропецајте по вукојебини.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Ја одам на кафе да видам и да бидам видена колку сум секси.
Што е до тебе, воопшто не ме интересираат причините зошто си одлучил да се пентериш, бидејќи немам никаква намера да те разубедувам. Само сакам да кажам дека ако утре те видиме насмеан во весник како тој од првиот пост, сам си крив за тоа и беспотребно е да се мудрува зошто и како.
Не се сомневам дека си секси, само мислам дека имаш погрешна слика создадено, предрасуда. Ќе бидеш уште посекси ако качиш 1000че во еден ден и се симнеш....и тоа ако го правиш од време на време - тоа не е ни планинарство - висикогорство го нарекуваат почесните...

Мене и овие ми се секси ако ме прашаш, ги имаат искачено сите 8000ки...иако јас никогаш не би го правел тоа што тие го направиле, не сум толку храбар...
http://www.gerlinde-kaltenbrunner.at/en/
http://www.edurnepasaban.com/
http://www.kingabaranowska.com/en

На кафе и јас одам, ама планина си е планина. Не поштувам кога свесно се оди во тотално непотребен ризик, ама па и седење само во град е ризик сам за себе - сколиози, хемороиди, оштетен вид, нервози од форуми исл. За тие што си тераат спортови, разбирам - ама никаква физичка активност е многу пострашна од планината...

Не привлекува внимание и не се збори за планинaрите кога си тераат и кога се е во ред, туку само кога им се случуваат несреќи. Никој никаде нема да го спомне Буран, кој се има искачено на Солунска Глава преку 300 пати и уште се качува, а има над 70 години, ама така биваат работиве за се во животот, таква е природата на човекот.
 
според мене, најголемиот број несреќи (ако не и сите) се случуваат на спуштање...вообичаено на спуштање концентрацијата опаѓа, спуштањето навидум изгледа лесно (иако реално спуштањето е секогаш потешкиот дел од било која тура)....човек станува непретпазлив, се движи пребрзо и немарно и веројатноста да направи погрешен чекор, да згази лошо или да изгуби рамнотежа е поголема

Има вистина во ова, меѓу другото и заради физиката и поставеноста на телото. За заморот да не зборуваме.
Јас не сакам да се претставувам како планинар, пошо одам по нашиве планини, нешто по Балканов сум бил (Грција, Бугарија....иако доста имам пропуштено - Проклетије на пример) и ова ми е едно од полудите места каде што сум бил....иако и Кораб наш, Дешат, па и други наши планини имаат многу опасни предели.


Ок, сфаќам, алпинисти си се качуваат и на многу помалку пристапни места - ама обезбедени со везови, кациги, јажиња....е на Олимп - Митикас демек немало потреба од тоа....на места ми личи дека ако лизне човек дека ќе го најдат во морето - врвот е на 2918мнв (има и метални табли со крстови покрај кои се качуваш)...треба да си многу добро физички спремен за да не ти биде ова траума, затоа што качувањето почнува рано наутро и се качуваат скоро 2000м надморска висина, така да за симнувањето треба невидена концентрација....+ знае да се створи гужва и некој камен да ви летне накај вас од тој над вас....еве и сега кога гледам ми се потат рацете, со денешен памет не би одел пак...
 
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=79AB36BE9ED3014592B9B011D647B4E6
--- надополнето: 13 ноември 2013 во 11:25 ---
Не, не е истата логика. За да стигнеш од точка А до точка Б од извесни прагматични причини, мораш да користиш некој вид транспорт, во спротивно има добра шанса да умреш од глад, што значи ризикот на транспортот е прифатлив. Да се забереш по планини ничим изазван е самиот да си ја бараш бељата и треба да превземеш одговорност за последиците од таквиот глуп избор.

Во тој случај да се излезе во град во петок навечер е исто така глуп избор затоа што некоја пијана будала може да те собере со кола и пак да го изгубиш животот. Честопати доаѓа до моментална смрт така што превозот што ќе можеш брзо да го добиеш и не е многу битен.
 
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=79AB36BE9ED3014592B9B011D647B4E6
--- надополнето: 13 ноември 2013 во 11:25 ---


Во тој случај да се излезе во град во петок навечер е исто така глуп избор затоа што некоја пијана будала може да те собере со кола и пак да го изгубиш животот. Честопати доаѓа до моментална смрт така што превозот што ќе можеш брзо да го добиеш и не е многу битен.



....според ова од утрински...носел патики :( и оделе еден зад друг многу блиску на опасен терен....лоша комбинација
 
....според ова од утрински...носел патики :( и оделе еден зад друг многу блиску на опасен терен....лоша комбинација

За жал.

Сме иделе и ние сами на своја глава на Солунска ама последниве неколку пати идеме со организирани тури и дефинитивно од сега натака ќе идам само така. Сам до планинарските домови може да стигнеш без проблем, ама да идеш на Солунска, Кораб или Љуботен мислам дека е најдобро е во група со водич и логистика, а и не само за безбедноста туку и поинтересно е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom