Планинарски несреќи (причини, последици, превенција)

  • Креатор на темата Креатор на темата arakenx
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Локација
јужно од бурегџилницата на аголот
....последниот трагичен случај на Солунска Глава и загинувањето на младиот Атанас ме наведе да ја отворам темава

иако планинарските несреќи во Македонија се ретки (споредбено со сообраќајните) сепак завршуваат со тешки телесни повреди или смрт

тука би сакал да продискутираме за причините за овие несреќи....но и за начините за превенција (совети од искусни алпинисти и планинари се добредојдени)

....дали причина за планинарските несреќи е невнимание, алкохол, преголема самодоверба, лоша или несоодветна опрема, немање искуство, несериозно и несоодветно однесување на поединци од групата, префорсирање.....????

кои се најчестите причини за овие несреќи, како може да ги спречиме или намалиме и како прошетките по планина да ги направиме побезбедни?

Сочувство до семејството на Атанас и до неговите пријатели
 
Сочуство до семејството и пријателите.
Не се ретки, ама точно за ризикот што го превзема секој од нас што мрда надвор од град треба секој да е свесен сам за себе. Опасности има многу, многу повеќе од тие во градска средина.

За случајов нека се разјаснат околностите, па после да коментираме...
 
Со Плеј Стејшн 3 и игри со добра графика.

...по оваа логика сообраќајните несреќи можеме да ги спречиме со играње ГТА и слични симулации, не возење автомобили и не излегување од дома

...темава е општа и не е поврзана со посладната во низата планинарски несреќи
 
...по оваа логика сообраќајните несреќи можеме да ги спречиме со играње ГТА и слични симулации, не возење автомобили и не излегување од дома

...темава е општа и не е поврзана со посладната во низата планинарски несреќи
Не, не е истата логика. За да стигнеш од точка А до точка Б од извесни прагматични причини, мораш да користиш некој вид транспорт, во спротивно има добра шанса да умреш од глад, што значи ризикот на транспортот е прифатлив. Да се забереш по планини ничим изазван е самиот да си ја бараш бељата и треба да превземеш одговорност за последиците од таквиот глуп избор.
 
Не, не е истата логика. За да стигнеш од точка А до точка Б од извесни прагматични причини, мораш да користиш некој вид транспорт, во спротивно има добра шанса да умреш од глад, што значи ризикот на транспортот е прифатлив. Да се забереш по планини ничим изазван е самиот да си ја бараш бељата и треба да превземеш одговорност за последиците од таквиот глуп избор.

Еве едно fundamenatls видео. Како најдобрите се сноѓаат во тие сурови средини !
 
Еве едно fundamenatls видео. Како најдобрите се сноѓаат во тие сурови средини !
Ова го имам гледано во целост! Барај го целото видео! Таа цурата рокаше рафал во воздух, и и избега калашот па го опна шипот до неа по глава со цевката. Во следната сцена му турија ханзапласт на глава. И на најдобрите знае по нешто да им се сјебе! Ебати нефер живот.
 
тука би сакал да продискутираме за причините за овие несреќи....но и за начините за превенција (совети од искусни алпинисти и планинари се добредојдени)

Начини за превенција.....
Најлесно е кога низ градови низ Македонија би функционирале планинарските и алпинистичките клубови. Знам ќе кажете постојат, ама прашање е колку функционираат. Не сакам да нагаѓам, ама претпоставувам дека последнава кобна прошетка не била организирана од клуб. Поедноставно е кога аматери (какви што се 99% од планинарите во државава) ќе одат во групи со поискусни луѓе и нема да превземаат активности за кои не се свесни колку се реално опасни, физички тешки и напорни и временски долги.
За жал многу од нас не сакаат да бидат членови на клубовите од разноразни причини. Јас лично не членувам во ниеден клуб, а не ретко одам на планиниве и често сум се наоѓал во непотребно опасни ситуации - што е сосема погрешно. Од друга страна во клубовите, типично македонски, се случуваат разноразни човечки препирки, разногласија и дезорганизација во нив.

....и покрај ова што може да се регулира, секаде, секаде во светот несреќите на планина се случуваат и ќе се случуваат, планината си е опасност сама по себе, седнете на summit-post ќе видите дека секоја планина си има годишна смртност која повеќе која помалку...
 
Една од главните причини за несреќи е глупоста. Неискуството и немањето на соодветна опрема се важни фактори, но изведување на активности кои бараат искуство и без опрема, од страна на неискусни во друшто на неискусни, и без соодветна опрема, е глупост сама по себе.

Глупост не можеш да превентираш.
Дарвиновата теорија за еволуцијата делумно функционира и преку самостојно одстранување на сопствените гени, од страна поглупите примероци на видот. Ова многу поефикасно дејствува во природа, каде нема механизми за заштите на глупавите од сопствената глупост.
(пази подот е мокар? / не ги пикај рацете во механизмот / не пипај струјни кабли и елементи)


Не знаеме што се сличило во несреќата од пред некој ден, така да истакнувам дека не зборувам за тој случај. Некогаш доволна е лоша среќа за да се случи несреќа, на сите ни се има случено некоја глупост во животот каде не спасила среќата и околностите, повеќе од било што друго.
Заради тоа на планина, или на слични активности се носи опрема, како подолго јаже, кит за прва помош, светлосна сигнализација, итн. И паметно е да се избегнуваат егзибиции и глупирања (во тоа најверојатно спаѓа и носење девојка која сакаш да ја имресионираш).
 
Јас почесто планинарам, со кампување, еднодневно планинарење и слично. Планина си е планина, има дупки има провалии, има инсекти (животни немам сретнато), но сепак, мое мислење е дека не станува збор за невнимание или непрофесионализам.
И на најдобриот може да му се случи. Судбина или лоша среќа, тоа е. За жал се случуваат и такви работи.
 
тука би сакал да продискутираме за причините за овие несреќи....

Причините за овие несреќи е одењето на планина. Исто како што причините за падобранските несреќи е скокањето со падобран.
 
Причината е тоа што немаат искусен со нив, не е играчка планинарењето, се случуваат разни работи и треба да имаш некој спремен што се разбира од секаков вид на проблем што може да настане при искачувањето. Прв пат ја искачив Солунска Глава и тоа со добра екипа, која што претходно ја знаеше патеката и ни ги кажа сите ризици, да не ни кажеа којзнае кај ке залутавме, додуша Солуснка и не е толку опасна како што се другите ама пак е добро да се знае пред да се впуштиш во нешто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom