Dave
subcomandante
Причината е тоа што немаат искусен со нив, не е играчка планинарењето, се случуваат разни работи и треба да имаш некој спремен што се разбира од секаков вид на проблем што може да настане при искачувањето. Прв пат ја искачив Солунска Глава и тоа со добра екипа, која што претходно ја знаеше патеката и ни ги кажа сите ризици, да не ни кажеа којзнае кај ке залутавме, додуша Солуснка и не е толку опасна како што се другите ама пак е добро да се знае пред да се впуштиш во нешто.
Нема неопасна планина. Посебно Јакупица е далеку од таква....на места има многу стрмни падини, полна е со диви животни, а самиот врв дали по својот геолошки состав или експонираност е магнет за громови и невреме...
Сега во декември има меморијал на Солунска - Четири алпинисти се вика, нормално во сеќавање на несреќата на нивното загинување. Тоа што многу од нас го гледаат како безопасно е планинарење во добри временски услови, летно време исл. и многу од нас се во заблуда дека временските услови се константни и не претставуваат опасност.
Лани некои пет-шест луѓе по патичиња и летна облека отишле во Чеплес или домот Караџица во декември, па ги завеа снег и ги вадеа со хелихоптер од таму...од неписмените новинари истите беа претставени како „завеани планинари“. Далеку се тие од планинари, а верувам и групава на која и се случила несреќата.....ама пак, не би да ги коментирам или да кажувам дека глупости правеле, како погоре што сте пишувале...
Проблемот во нашата земја е што не е изградена таква култура, луѓето немаат навика да престојуваат така во природа и не ги познаваат доволно опасностите и покрај тоа сакаат сами, без обука, без соодветна опрема да си го тераат тој филм....планината некогаш те совладува и кога имаш најголема почит кон нејзе, а камо ли така....