Планинарење

  • Креатор на темата Креатор на темата EVIL-B
  • Време на започнување Време на започнување
Kасно ја видов темава, имало планинарско друштво Орле
 
Да има, тие ни беа домаќини кога бевме со Трансверзалец пред неколку години. Инаку, мене стазата ми беше монотона и досана во поголемиот дел, ама само поради тоа што акцијата ја започнавме на браната на Тиквешко езеро (и тогаш беше вака празно), така да имавме доста голем пат да вергламе по рамнен земјен пат. Итересниот дел е од влегувањето ви шумата до врвот, на почетокот лесно искачување и потоа пред врвот остро искачување.

А што се однесува до чизмите, чизмите (обувките) за планинарење се делат на Б1, Б2 и Б3 класа. Поделбата е по крутоста на обувката при што Б1 се еластични (со употреба на лесни летни патеки), Б2 се полукрути (оние што ги викаат трисезонски) и Б3 најцврсти (зимски или технички). Обично Б2 имаат жлеб позади за полуавтоматски дерези, додека Б3 имаат жлеб и напред и назад за автоматски дерези (иако ги има и само со жлеб позади).
Од друга страна, дури и на Б1 можеш да ставиш универзални дерези (со корпи), ама не е баш препорачливо. ;)

И да, додека не пробаш, не купувај.
 
Тие "аматерски" дерези, никогаш не разбрав зошто ги произведуваат. И тоа многу сериозни фирми како Grivel ги имаат во понуда. Може само да излажат некого да се заака со такви по мраз. Во подлабок снег може буквално да ти останат и да се чудиш после кај си тргнал.
 
Такви можат да послужат само на Водно доколку некоја од патеките има замрзнати делови но за врвови над 2000 метри во никој случај доколку зборуваме за овие:
 
Коа сме кај дерези. Не разбирам како најефтините се по 150€. Има негде реални цени?
 
Коа сме кај дерези. Не разбирам како најефтините се по 150€. Има негде реални цени?
Има квалитетни кинески на алиекспрес и лично ги имам тестирано на зимската патека до Титов врв во екстремни услови крајот на декември 2017 кога температурата беше помеѓу -15 и -20 а ветерот околу 80км на час.Еден од групата имаше алуминиумски од некоја позната фирма и му се скршија а моите издржаа и после тоа голем дел од планинарите од тетовските друштва купија такви.Се работи за моделите BRS S1A и BRS S1B кои се стандардни дерези со 14 шилци и одговараат на секакви кондури.Разликата е само во должината на шилците односно S1A имаат 40мм должина а S1B 25мм.Единствена маана е што релативно брзо покажуваат корозија:
Автоматски споено мислење:

Еве видео од Монт Еверест каде можат да се видат автоматските од оваа фирма кои чинат околу 114 долари:
https://www.youtube.com/watch?v=AuCEQpemvZI
 
Последно уредено:
Вакви користам веќе некоја година кога има мраз или замрзнат снег,обичен снег ,зборувам лежерно шетање некаде во природа дури и 2-3 пати ги пробав по град кога се стопи малку снегот па се замрзна.
Релативно добри се и засега ниту еднаш се немаат одкачено од чизмите и разликата е значителна за лизгање кога ги носам овие и кога не ги носам.

Купив од бувљак 2 пара за 200 денари,искрено ги земав бидејќи беа евтини и таму ги видов иначе апсолутно немав намера да порачувам од интернет вакви работи,засега пријатно сум изненаден.
 
Attachments

  • efbd64079511cead4862cfc39a186c7de28767f6_400_400.jpeg
    efbd64079511cead4862cfc39a186c7de28767f6_400_400.jpeg
    27,4 KB · Прегледи: 32
Микроспајкс или слични варијации за лесно монтирање на било какви чевли. Кај нас ги викаат градски дерези, иако немаат врска со дерези. Одлични за лесни порамни или урбани терени, ама не се за планина.

Инаку и дерезите се делат на три типа.

Ц1-Универзални дерези со корпи назад и напред, се монтираат на било какви обувки.
Ц2-Полуавтоматски дерези, напред корпа позади жапка, посебни Б2 и Б3 обувки, мора да имаат жлеб позади.
Ц3-Автоматски дерези, напред жичка, позади жапка, воглавном на Б3 обувки мора да имаат жлеб назад и напред.

Покрај овие постојат и технички дерези, воглавном од Ц3 типот, ама се препознаваат по тоа што предниот/те клин/ови (може да имаат еден или два клина) се вертикални и предвидени се за качување по замрзнати водопади и слично.
По материјал се прават од јаглероден челик (вообичаено), нерѓосувачки челик и алуминиум. Сите материјали си имаат свои предности и мани и се зависи за што најмногу планирате да ги користите.

Што се однесува до БРС (кинеските) дерези, можат да ве служат цел живот без проблем, ама може и да се оштетат на првото носење. Јас ги имав БРС-С3 алуминиумските дерези, после две години носење ми се скрши еден од клиновите на задната плочка. Препорака на тие што ќе ги купат е да се исече средната потпора за чизма на задната плочка, инаку при движење се подига чизмата и нагазува на потпората и постои можност да ја оштети чизмата.
 
Последно уредено:
Вакви користам веќе некоја година кога има мраз или замрзнат снег,обичен снег ,зборувам лежерно шетање некаде во природа дури и 2-3 пати ги пробав по град кога се стопи малку снегот па се замрзна.
Релативно добри се и засега ниту еднаш се немаат одкачено од чизмите и разликата е значителна за лизгање кога ги носам овие и кога не ги носам.

Купив од бувљак 2 пара за 200 денари,искрено ги земав бидејќи беа евтини и таму ги видов иначе апсолутно немав намера да порачувам од интернет вакви работи,засега пријатно сум изненаден.
Ти треба ова чудо за македонскиве планини?
 
Другар подобро се забиваат во снег и мраз него било која чима и ниту се приметуваат ниту сметаат кога се носат, мене ми вршат работа.
 
Што знам, не сум осетил потреба за таква направија... али ако ти вршат работа користи ги
 
Здраво друштво,
Случајно ја најдов темава барајки повеќе инфо околу искачување на Титов врв. Би сакал, да дознаам некоја информација во врска со која патека е најдобра (Планираме по Цирипашина, Антени, Карабунар, Бакардан) и некое инфо плус што би ми било од корист при искачувањето. Барав податоци по интернет но конкретно не најдов нешто што ке ми биде од помош.
Планирам викендов да го искачам со група другари па секоја информација ми е добредојдена. Активно се занимавам со спорт а имам искачено и неколку врва меѓу кои и Голем кораб и Солунска глава скоро секој викенд на водно па мислам дека и овој врв би можел да го качам
 
Таа патека е најтешка но чим си спортист немаш гајле, само добри чизми и шибаш, јас последниот пат ја искачив во јули со здравствени проблеми (фатив корона ме болеше глава),а за враќање се вративме преку таа летна или како и да ја викаат каде што Бакардан го заобиколуваш.
 
Колку години имаш? Имате (сите што ќе одите)?

На овие врвови што ги наведе си бил во зимски услови?

Дали сите имате фул зимска опрема и облека? Дерези обавезно, цепин, зимска јакна и панталони, соодветна под-облека?

Патеката што ја спомнуваш се вика „Зимска“ и мора и да се враќате по истата, затоа што другата опција (за од и до Шапка) може (не, сигурно) е подмрзната, а зимно време се избегнува заради лавинска активност на места. Истата има голема денивелација, затоа што се качуваат и симнуваат сите врвови што ги наброја. Таа патека летно време знае да биде исцрпувачка. Нема маркација, покриена е веќе со сериозна количина снег - значи ќе ти треба gps со соодветен запис, ако никој од вас не бил (како што викаш). Батеријата од телефонот на зимски температури не е баш за да можеш да се потпреш на неа и да го следиш записот таму.

https://www.mountain-forecast.com/peaks/Titov-Vrv/forecasts/2747 Еве ти ја прогнозата - 40 km/h на саат ветер со температура -21 во недела. Мислам дека овој викенд, во државава има пар луѓе што можат да се качат и поради циклонска активност и сигурен сум дека и тие ќе одмараат викендов.

Морам да те прашам вака, затоа што имам впечаток дека немаш многу искуство, ако грешам, извини.
Автоматски споено мислење:

Не знам дали функционира домот Смрека. Не е лошо таму да се најавите дека ќе одите и да ви дадат телефонски броеви или да имате контакт со некој совесен од Скопје кој што ќе знае што да направи во ургентни услови. Пред 5-6 години во многу помал снег еден дечко преспа под врвот со другарите пошо се повредиле и него го спасуваше полиција со хелихоптер, а и уште една девојка наредниот ден. Меѓутоа на ваков ветар и магла хелихоптер не ти полетува, па само ратрак до седлото мислам дека може да дојде.
 
Последно уредено:
Здраво друштво,
Случајно ја најдов темава барајки повеќе инфо околу искачување на Титов врв. Би сакал, да дознаам некоја информација во врска со која патека е најдобра (Планираме по Цирипашина, Антени, Карабунар, Бакардан) и некое инфо плус што би ми било од корист при искачувањето. Барав податоци по интернет но конкретно не најдов нешто што ке ми биде од помош.
Планирам викендов да го искачам со група другари па секоја информација ми е добредојдена. Активно се занимавам со спорт а имам искачено и неколку врва меѓу кои и Голем кораб и Солунска глава скоро секој викенд на водно па мислам дека и овој врв би можел да го качам

Не се работи дали би можел или не. Истата стаза ја имам искачено неколку пати, ама пре еден обид успеа да ме врати назад полузамрзнат. До душа беше ноќно искачување во комбинација со ветер, магла и снег. :)
Зимската стаза по зима не е за прв пат без искусен водич (или барем некој кој повеќепати ја има поминато стазата) и комплетна зимска опрема како што кажа Almeida.
Треба ли да го споменам пишувањето на Живко Темелковски од пред некој ден кога 1992 луѓе имаат изгубено прсти или кога пред неколку години Кико падна и се повреди, па друри утредента го вадеа со хеликоптер ??

Чисто за показ, еве како ние изгледавме кога успеавме некако да се довлечкаме до кучичката од ски-лифтот на Церипашино која едвај ја најдовме во маглата (само да споменам дека имавме и Гармин ГПС тракер).
 
Attachments

  • FB_IMG_1546347775307.jpg
    FB_IMG_1546347775307.jpg
    49,3 KB · Прегледи: 60

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom