Пиволенд на Скопско Кале: 18-21.09.2008

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
НАЈЗАКОН ВЕЧЕР ВО МОЈОТ ЖИВОТ...се скинав од пиење короја и чашко
Малиов се избричил, се пицнал, си напраил фризура... Гарант за собиранката вечер се спрема. : ))
Да не ми кажеа дека си ти, немаше да те познаам мајке ми. Си викам „кој е овој...“ кога дојде да се поздравиш.

И добро, само мене ли ми е грлово лом од ладното пиво?
 
Ај упм, го испуштив Hypertech.. сум го помешал со Tripnotic, мислев утре е =/
Сега само за пиво и скара (ок, и друштво) ќе се оди викендов..
 
Закон беше и вторава вечер. Лет 3 растурија, К.У.Р. направија добра атмосфера. Неколку различни пива и шарска со кромид. Закон.
 
Малиов се избричил, се пицнал, си напраил фризура... Гарант за собиранката вечер се спрема. : ))
Да не ми кажеа дека си ти, немаше да те познаам мајке ми. Си викам „кој е овој...“ кога дојде да се поздравиш.

И добро, само мене ли ми е грлово лом од ладното пиво?
Се поклопи собиранката со моето шишање и бричење.:pipi:
 
Или ти си ги поклопи,тајно :vozbud:

Топ беше,кој не дојде нека му е криво,кој дојде знае каква атмосфера беше.

Само Џакси Накси малце не се разбираше,ама јбг,хип хоп во живо и тоа ти е ...

Пивата...се разочарав од Стелата еј,Лашко for the win :)
 
Супер беше вечерва, Лет3 не се арни :vozbud: После трубачите ептен откачија.Пиев Темно Лашко за 50 и Бекс 0.5 за 60.
ЛУДИЛО НЕБИЛОООО!!!


ќе ви кажам убо јас вас... не викате ... е ке ви дојдам море ќе видите вие... ви запамтив колите ќе дојте на одмор :pos2:
 
Или ти си ги поклопи,тајно :vozbud:

Топ беше,кој не дојде нека му е криво,кој дојде знае каква атмосфера беше.

Само Џакси Накси малце не се разбираше,ама јбг,хип хоп во живо и тоа ти е ...

Пивата...се разочарав од Стелата еј,Лашко for the win :)
Имај коса нешишана 9 месеци како мојата да те видам:pipi:, а за брадата-не ми стоеше со новата фризура:pipi:
 
Имај коса нешишана 9 месеци како мојата да те видам:pipi:, а за брадата-не ми стоеше со новата фризура:pipi:

Ти ли беше бре тој шишан кратко, цел у тексас облечен???
Си направил преродба во 7 чекори :) Ај може ќе се get lucky 2night :)
Али не беше единствениот. Со Acid заприметивме така повеќе девојки (читај рошли), пицнати до даска, у минич, штикла, некои и со кожна чизма, шминка у пм, деколтиња...... ко да дошле ерген да бараат на Кале бе, па уште на пиволенд :tapp:

Инаку на пиволендов се си е таман, само на тоа скарите да ставеле барем уште еден што ќе праи сендвичи. Вака еден прави плескавици а другиот ги пече, ги праи во сендвич, наплаќа..... и се ствара колона ко за у 7ца да чекаш. Неможе да се најаде чоек (т.е. неможе да дочека :) )
 
Или ти си ги поклопи,тајно :vozbud:

Топ беше,кој не дојде нека му е криво,кој дојде знае каква атмосфера беше.

Само Џакси Накси малце не се разбираше,ама јбг,хип хоп во живо и тоа ти е ...

Пивата...се разочарав од Стелата еј,Лашко for the win :)

Е што и фали на Стела бе? :)
Сум го пиел и другпат, секогаш добро лизгало.
 
Лее вчера закон вечер еј , една од најдобрите у мојот факинг живот :)
ДФЛ ми се свиѓаше настапот и пивото беше топ , се задржав на Скопско и Лашко после ќе идам да пробам Стела и ХХ . Битно топ беше цела вечер ! :)
 
Да, топ беше вечерта...Жал ми е што ги пропуштив к.у.работници ама затоа па Лет 3 направија добра атмосфера, Скопјани си беа расположени, насекаде пиво...
И од оние што ги пробав, дефинитивно Лашко темно рулз :)
 
Пивата...се разочарав од Стелата еј,Лашко for the win :)

Можно е да си се разочарал пошо ја иам слушано муабети дека Стела Артоа за Балканот се произведува во истата фабрика каде се произведува и бугарската Каменица. Е сеа, дали е вистина или не...

Ја инаку завчера бев на Пиволенд, ама поише колку шетња и дружба. Не сум некој пивопија, па затоа и не ми беше некој особен доживљај. Инаку имаше добра атмсофера, само не ми се исполни желбата да ја гушнам еднаш онаа макробиотичката теткица сосе цел нејзин штанд. Елем, нејзината емсиија ок беше и звучеше покултурно од трупче и перверзно вулгарните фикции на Ванчо Петрушевски, ама секогаш покрај стандардната определба кој зеленчук е јингот во специјалитетот а кој јангот, таа секогаш топло препорачуваше да се консумира храната од своето поднебје и на крај ќе заебеше се коа ќе препорачаше некоја заебана кинеска алга.
 
Кој ќе ти купува дрога на фестивал за пиво... Биди реален.
Да беше транс журка, ќе разберев. Башка, има полиција (униформа или цивил). Не верувам дека има толку глупи дилери што би дилале на јавно место, па уште и кај што има полиција :wink:
Чим на малолетни даваа пиво па пред полицајци немаше проблем , зашто би немало и глупи дилери??? :)
 
Прекрасен настан, индиид. Од пивата највеќе ги бендисав Ефесот и Лашкото Темно, пробав уште некои ама овие најубави ми беа. Скара не пробав, ми се јадеше ама редот што се чекаше ме предомисли.
Најубаво си поминав на ДнБ стејџот, (таму го видов Тончи со некое друштво прилично весело) а момент беше кога им се заeба нешто од опремата и дечкото (Славе ваљда?) почна да пушта некое реге, па нешто хип-хоп, не знам ни што точно пушташе, не се сеќавам добро :icon_lol: битно се утепав од играње, весело беше ептен. :pipi:
Ја користам оваа прилика :Р да ги пофалам тоифорите што беа прилично не-гадни, со арома на цреша и тоалет хартија опремени... Барем јас кај што отидов :)

Убав настан, се надевам дека ќе стане традиција и дека ќе донесат многу повеќе пива (и бендови) наредна година.
 
Дефинитивно Короната и Ефес ми направија мерак, почнав со Лашко црно ама многу благо ми беше и се трампав со другар за полајтерско Лашко. Денес после собиранка одам пак и пробувам Амстердам со 11% алкоСТОП, земам 4 скопски дека многуи сакам маица скопско и Гинис немам одамна пробано...Ај нека каже некој други марки на пива што имаше.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom