Пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 280 40,5%
  • Златен даб

    Гласови: 188 27,2%
  • Amstel

    Гласови: 67 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 78 11,3%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,7%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 123 17,8%

  • Вкупно гласачи
    692
И не ова не е „хејтање“ туку ова е реалност. Абе не може од три скопски мамурлак да имаш а од пола пакет Перони гајле да немаш. Перони го спомнува затоа што е исто така комерцијално пиво, лагер, слична цена, ама по други стандарди правено.
Човек 4 - 5 Кромбахера или Морети или Никшички ми се нормална работа у петок, сабота вечер. Другиот ден идам на работа ако е сабота или на спортување ако е недела.
Од 4 - 5 Скопско малце ми фали да идам на токсикологија.
 
Од 4 - 5 Скопско малце ми фали да идам на токсикологија.
Епа тоа е тоа. Џабе им е на тие од маркетинг или развој одделот со Скопска пивара да измислуваат топла вода, демек ипа/вејс/нешто-друго пиво ќе прават... Не им се проблем толку рецептите, проблем им е квалитетот на производствто. Они сакаат да не вложат во производни капацитети и во квалитет, они сакаат со ич вложување да максимизираат квалитет.
Затоа идат со квасци кои имаат брза ферментација, и којзнае како го контролираат/корегираат крајниот производ. Не знам, но тоа што го знам е дека сѐ што е над две скопски следен ден е главоболка.

Дека не е до рецептот знаеш како најдобро се гледа?
Еве земи во обзир дека во Скопска пивара прават и Амстел по лиценца. Амстел им го дале рецептот и правото да произведуваат, ама производните капацитети се тие истите, истиот производен процес. Амстел може и квасец да им дадат, ама што со тоа? Производниот процес на Амстел бара (на пример) хх недели ферментација на ниска температура - но Скопска пивара сака за една две недели да добие помија која не мора да биде блиску до квалитетот (и вкусот) на Амстел, туку помија која е доволно добра за свињите да ја пијат (метефора е де, ваљда ја знаете).

Затоа кога ќе ставиш во чаша Амстел од Скопска, главата (пената) ја снемува за 3 секунди - исто како на Скопско. Затоа вкусот и не е многу различен од Скопско... И затоа глава те боли следен ден ако испиеш повеќе од 2 такви пива.


Disclaimer: Бројот на пива без/со главоболка следниот ден, е даден за просечен џигер. Различни индивидуи имаат повеќе или помалку ефикасни џигери. :)
 
Од неколку различни извори имам слушнато дека Горското е правено по рецепт на Стар лисец.
Ако е точно, тука го има и одговорот зашто згаснал како бренд.

Мада, би направил обратен ребрединг и маркетинг сега.
Ако е исто ко горско џабе, треба да плаќаат за да се пие.
 
Од неколку различни извори имам слушнато дека Горското е правено по рецепт на Стар лисец.
Ако е точно, тука го има и одговорот зашто згаснал како бренд.

Мада, би направил обратен ребрединг и маркетинг сега.
Неее, Горско е мајсторско пиво, Стар лисец им беше премиум!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom