Не стигнавме ни да пробаме... да беше ‘странска инвестиција‘, ќе им ја отвореа и ќе им ги подмиреа трошоците.
А дали проблемов е поврзан со наводната желба за влез на одредена фирма од Лугано и Белизе во Кожувчанка е трик прашање од теории на заговор.
http://kavadar4e.com/index.php?opti...9-15-59-03&catid=37:tikvesijavesti1&Itemid=80
Свлечиште ја уништи пиварата на „Кожувчанка“


Напишано од Unevski on Четврток, 09 Април 2015 15:55
Иако на неколку пати зимово се интеренираше и санираше свлечиштето на ридот кој се наоѓа над производствениот погон на ДОО „Кожувчанка“ во село Мрежичко каде се произведува новото македонско пиво „Наше Македонско“, изутринава околу пет часот свлечиштето повторно се активирало и буквално влегло во производствениот погон.
Првичната проценка е дека штетите се огромни, а производството на пиво ќе биде запрено во наредните дваесеттина дена. Вработените во компанијата и од неколку градежни фирми веднаш започнаа со санирање на штетите, но проблемите се и повеќе од сериозни бидејќи освен на објектот, има оштетување и на опремата.
„Штетата е огромна. И во изминатиот период имавме интервенирано на ова свлечиште, но лизгањето на земјата не престана. Досега имаме исчистено околу 2,5 илјади кубни метри земја и кал. Земја навлезе и во главните варилници. Се претпоставува дека внатре има над три илјади кубика земјен материјал. Веднаш почнавме со акција за санирање на штетите. Се мобилизравме и ние и градежните комапнии. Работната рака е од нас. Штета ќе мора сами да ја покриеме.
Се надеваме дека за 15 дена нашето производство ќе продолжи“ рече комерцијалниот директор Лазар Којчев.
Во продолжение, Којчев нагласи дека комапнијата сама ќе ги сноси трошоците за санирање на свлечиштето и повторно ставање во функција на целата опрема која исто така е многу оштетена
. Досегашната инвестиција на „Кожувчанка“ во овој производствен комплекс изнесува 1,2 милиони евра.
Пивото од комапнијата „Кожувчанка“ од почетокот на овој месец е присутно во трговската мрежа во Кавадарци, Кочани и Штип. Како што информираше Којчев плановите на компанијата биле да се прошири производството, но засега овој план ќе биде во мирување се до санирањето на штетите од денешната елементарна непогода.
„Првично произведената количина на пиво досега се надеваме дека ќе биде доволна за пазарот кај што веќе се продава. Има хаварија и на технологијата, па по санирање на штетите ќе продолжиме со производството“, заврши Којчев.